Bubuska -> RE: детето и миленичето (17.7.2010 4:11:03)
|
Јас пораснав со миленичиња, иако нормално до моево (лично мое) куче обврската чистење беше на мајка ми, шетање татко ми, а мое беше играње мазење пазење :) Видете, кучето е голема обврска (исто како дете, ама ИСТО) и треба добро да се размисли пред да се одлучи дали да се има или не. Јас поминав 4-5 години без милениче (меѓу мојата 13-18 година) и потоа си го посвоив Бубу. Бубу е мешавина на голден ретривер и лабрадор. Кучето се однесува како човечко бебе. Исто е. Меѓутоа само трпение и работа со него ќе го научат како да се однесува во семејството. Бубу до 5 месеци живееше дома, спиеше или со мене или со татко ми, сега е веќе надвор затоа што е голем пес :) Мада јас би си го чувала и дома, само што мајка ми не сака толку големо куче дома (а јас не сакам да чувам мал раст куче). Имам 6 годишна сестра и беше МНОГУ тешко да ги навикнеме еден на друг - меѓутоа сите заедно ги учевме и двајцата како да постапуваат еден со друг. Ако е добро издресирано кучето, вашето дете е во најсигурни раце (или шепи). Никој не може подобро да го чува и пази од кучето. Докажано е дека децата кои растеле со кучиња во 90% се поотпорни на алергии и астма. Кучето се препорачува бидејќи исто така, ја намалува нервозата во домот (ако примети дека сте нервозни, или се карате, ќе застане во средина и ќе ве разделува, до тој степен, што смешно ќе ви падне на крај). Во постот на Ники имам напишано повеќе за воспитувањето на кучиња, кој сака нека ѕирне. Ако успеам ќе ви ставам тука слики од сестра ми со моето куче и со сите животни кои таа ги сака :) Инаку веќе 1 година оди на јавање, и да ја пофалам одлично јава :)
|
|
|
|