Pepelaska *
|
Костенот е драгоцено овошје со двојна обвивка што го штити од пропаѓање, а тој го штити човековото здравје. Има голема калорична и енергетска вредност и се препорачува како додаток во детската исхрана, кај повозрасните лица и за сите што се изложени на поголем физички и интелектуален напор. Комбинацијата од калциум и фосфор ги зајакнува забите и коските, а питомиот костен е добар за нервниот систем. Варениот костен има многу минерални состојки, додека печениот костен има поголема енергетска вредност, белковини, како и двојно повеќе јаглехидрати. Дивиот костен, односно неговиот плод и кората наоѓаат широка примена во алтернативната медицина. Тој се користи за лечење ревматизам, се применува како диуретик, за намалување отоци и разни воспаленија. Особено е застапен и во составот на многу козметички препарати за нега на косата и лицето, поради неговиот смирувачки ефект врз организмот. „Костенот треба да се користи при лекување анемија, физичка и интелектуална истоштеност, но одличен е и за лицата кои имаат проблеми со проширени вени и хемороиди“, велат нутриционистите. Научно е докажано дека овој плод има антисептично и антианемично дејство. Спаѓа во групата овошја со висока енергетска вредност. Може да се јаде, печен, варен, пржен, подготвен како пире, но може да се користи и како брашно за слатки. Треба да се користи само кога целосно е зрел, добро варен или печен. Нутриционистите препорачуваат костенот да не го јадете во комбинација со друга храна, пред се поради фактот што ова овошје потешко се вари во желудникот. Лекарите ги советуваат дијабетичарите да го избегнуваат костенот. Извор:идивиди и мноого.мк
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 30.10.2012 16:46:32 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
|