mommy_angels RR -> RE: Колку сте задоволни од условите во детските градинки? (17.2.2014 22:40:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Денес и званично бевме во градинка, бевме кај педагог, се запознавме со воспитувачките, со децата, всушност некое време поседевме внатре и прашавме што не интересира. Ќе тргнува званично од први март, ама за некој ден ќе почнам да го носам по саат време и јас ќе бидам со него за да се адаптира на новата средина. Инаку, на него многу му се допадна, ама дали дека и ние бевме со него [sm=smiley36.gif] Што се однесува до условите, оваа градинка е најдобра од сите тука. Може и подобро секако, ама барем личи на некоја детска установа, доста е голем простор и што е најбитно, не е гужва бидејќи е така малку на крај од градот, па луѓето повеќе се одлучуваат на таа што е во центарот, да им биде успат. Денес беа околу 15 деца, во тоа време беа составени помалата група со групата на син ми, ама тоа само привремено, и со нив беа 4 воспитувачки. Хехе, добро е, барем можат се да постигнат. Жените (воспитувачките) беа толку отворени и љубезни, се ме испрашаа за него, сака ли да јаде, што прави, како прави, разговараа со него, дури и ми кажаа дека ако нешто не сака да јаде ќе му правеле нешто друго. Јас им кажав да нема потреба тоа да прават бидејќи не сакам на такво што да го учат, ама битно е што навистина беа отворени за да помогнат во се. Ми кажаа дека ќе учат песнички, дека ќе имаат и физичко, посебно сега кога е потопло времето ќе излегуваат надвор, сега учат на темата мајка поради 8. март и така. Ќе бојат со боички во росица итн. Единствено ми се пожалија дека немаат баш многу играчки, ама па ги има дома, таму не му ни требат ако се организирани со активностите. Ете, мене ми се допадна првиот впечаток, па ќе видиме понатаму. Се надевам дека Ј ќе биде задоволен и среќен [sm=smiley1.gif] Ух ,ова како да не пишуваш за во нашата мила земјичка [sm=smiley1.gif].Со среќа да му биде тргнувањето на Ј,ви посакувам брза и лесна адаптација и се надевам дека твоите први впечатоци ќе те следат и понатаму
|
|
|
|