Dr.BiljanaSpirkoska
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: magdamagda Почитувана Докторка, Доста сум загрижена и би сакала Ваше сручно мислење околу нашиот проблем. Имам девојче 5 мец. и 13 дена , По совет на мат. педијатар започнавме со дохрана.Се одеше постепено, по неколку лажички околу 10и30 наутро за да ја следиме реакцијата во текот на денот, и со една иста намирница 2 последователни дена. Пробавме јаболче , морков , тиква, слива. Сето тоа го прифати добро.Еден ден и припремив варено оривче со морков, блендирани-околу 5 бебески лажички. Како по обичај еден час потоа и се спие, така да цицаме и спиеме. Од сон се разбуди со силно повраќање , во 2 млаза го извади целото млеко кое го исцица, но не и кашичката, а потоа сеуште имаше нагон на повраќање и повраќаше жолта течност. Направивме пауза од 4 дена без дохрана , а потоа пробавме повторно со HIPP каша од слива. Следуваше идентична реакција, еден час беше се во ред потоа цицавме и заспавме и се разбудивме со повраќање се до желудочна течност. Мат. доктор не виде, ни го испипа мешето , рече се е во ред, да направиме повторно пауза од 2 дена, па да пробаме пак. Вчера повторно пробавме со мешавина јаболче и тиква, 5 бебешки лажички...и следуваше идентична реакција. Загрижена сум и би била благодарна за Ваше мислење и препорака што да правиме?! Да напоменам дека од раѓање до 2месечна возраст, при доење исто така доста повраќаше во млаз, но качуваше на килажа.Моравме да се доиме често но помалку, сега веќе немаме проблем со доењето. Исто така за време на овој период кога почнавме со дохрана, столица имаме еднаш на 3 -4 дена. Однапред Благодарам за Вашиот одговор Pochituvana, I pokraj preporakite na Vashiot matichen pedijatar za dodavanje na prihrana,smetam deka kje treba vasheto bebeche da go ostavime do polni 6 meseci samo na ekskluzivno doenje kakvi shto se i preporakite na svetska zdravstvena organizacija..Do toj period na bebecheto ne mu treba nishto osvena majchino mleko,istoto mleko ima se shto mu e neophodno za pravilen rast i razvoj do taa vozrast...Ovde nema nikakva nuzhnost da se brza so prihrana i najdobro e da se napravi apsolutna pauza od sledni 15 dena,a potoa kje vidime so shto kje otpochneme.Plus na vakvoto obilno poovrakjanje ne smeeme da davame nikakvi kashichki koi sodrzhat ovoshje...Znachi,prekin so sekakvi kashi 15 dena,a potoa kje se dogovorime shto i kako ,a vie sekako kje kazhete dali ima miren period vo tek na ovaa apsolutna pauza od prihrana...Samo doenje i doenje do 6 mesechna vozrast ...Pozz i sekoe dobro ...
|