Еца -> RE: Чување на децата (20.1.2010 20:22:30)
|
Мис Мартина беше запишана во градинката кај поликлиниката Јане Сандански, ама откако се породив навистина беше далеку да ја носиме, земаме и затоа седеше дома.Сега од јануари тргна во Бубамара, на 5 минути од нас е и на почетокот беше малку проблем со плачење, но многу брзо се адаптираше, дури и сама побара да остане на спиење и денес спиеше таму. За еден многу краток период колку што оди во градинка, неверојатна промена, нормално на подобро.Некако е посмирена, поисполнета, раскажува што и како правеле. Сметам дека градинката е вистинско место за секое дете. Ниту баба, дедо, па ни мама и тато не можат да го постигнат она што може да го научи детето во градинката. Ова е само мое мислење, што не значи дека е исправно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|