Maca25 -> RE: Чување на децата (24.3.2011 23:32:27)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Јас не се согласувам до 3 год да не се пушта во градинка, исто така ако нема потреба ниту под 2 год, значи според мене идеално е на 2-2,5 години, затоа што под таа возраст е се уште мало, се уште не разбира за да може да се социјализира или слично, плус до 2 год ги чуваат во креветче и кутрите, посебно тие што се потемпераментни, цел ден треба да бида врзани в креветче, како во затвор. Второ, над таа возраст, значи на 3 години веќе разбираат се и е потешко за нив кога цело време биле со мама, односно со најблиските, да се навикант во градинка, со непознати. Ова го кажувам од тоа што гледав со внука ми, на 3 години ја запишаа во градинка и не само што не сакаше да оди, туку цела недела дома ништо не јадеше, се поболи, температура крена од инает Но секој си одлучува за своето, јас најверојатно ќе го запишам за месец, два, на 15 или 16 месеци, затоа што така морам, ќе нема кој да ми го чува Сноувајт, имам само коментар за ова болдираново. Од каде тоа дека ги чуваат темпераментните деца во креветчиња?!? Или дека воопшто ги чуваат во креветчиња. Така правеле порано. И на мене истото постари жени ми збореа, дека ако ми било детето немирно ќе си седело во креветче. Јас еве цела година ја носам ќерка ми во градинка и ретко кога гледам дете ставено во креветче, а да не спие. И бебиња и поголемки. Сега барем е лесно, сите си носат дубачиња, стојалки, лулашки, ако градинката нема. Немојте да мислите дека не водат грижа за бебињата. Јас кога и да ја земам Нина (она е во голема јасли ама кога има помалце деца ги спојуваат со јасли), негователката држи некое бебе во раце- од тие што не знаат да одат, а другите што лазат и пробуваат да одат се ставени на теписон и си играат. Ќерка ми е темпераментна, и тоа многу, таа уште не знаеше да оди како што треба кога трегна во градинка, па никогаш не ја ставиле во креветче да седи. Така да не му ја мислете многу, ако треба да го давате детето во градинка, ако не жена/баба/тетка нека го чува дома и готово.
|
|
|
|