Палешка РР -> RE: Чување на децата (28.3.2011 20:10:02)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump За тие работи има чистачки, ако сака некој помош за чистење, но мене ми треба детето да ми го чува. Моето на пример спие на секои 2-3 часа по пола саат, јас едвај постасувам да средам и да зготвам ручек, обично прво ќе дојде мм па после правам се, а кога таа ќе готви? детето да ми плаче, а таа да готви или алишта да простира, не ми треба, фала. Бејбиситер си е бејбиситер, готвачка/чистачка е друга работа. Гледај ги нештата од друг аспект, од оној практичниот, моментално размислуваш како мајка која е очајна што ќе го остави своето бебе на некоја си таму жена. Се враќаш дома (како јас сега) и наоѓаш неспрострени алишта, алишта за пеглање, неизмиени чинии, растурено по соба, трошки на подот, прашина за бришење, прсти по стаклата...а од Марио растуреното не го ставам во овој кош. И ти наместо да си го земеш бебето во раце и да му се радуваш, а богами и тоа тебе, ти мораш да го средиш сиот овој неред и + да направиш ручек за утре. А како? Или маж ти ќе го чува, или тоа ќе го правиш откако бебето ќе заспие. Затоа велам, прифатете ја секоја помош која ви се нуди, секако не по цена на бебето. Не тоа да плаче, а таа да мие..туку барем дел од работите да ги заврши. Ако бебето спие пола саат, таа може или чинии да измие, или пола од купот алишта да испегла... А може и книга да си чита [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
|
|
|
|