AnnaMolly RR -> RE: Топломер (28.9.2011 12:21:58)
|
Имам и дигитален и живин и за во уво. Вчера немаше шанси под мишка да му ставам топломер, врескаше како којзнае што да му правам, па морав со тој во уво. Му мерев накај 20 часот им и покажа 39,6! А бе збеснав! Го кренав во раце и со судни маки му измерив со живиниот излезе 38,5. По 10 минути пак, исто 38,5. Му мерам со тој во уво - 38,5. После 5-6 минути пак во уво - 39,3! Ми идеше да го треснам од тераса! Маж ми па зема да си мери со тој за во уво и живиниот за споредба и на неколку наврати точна температура му покажуваше. Не знам што да кажам за точноста, најсигурен ми е живиниот, ама маки мачам додека да му измерам со него. Еве го, ваков имам, некојси OMRON IT5. [image]http://www.americanameds.ca/images/product/pictures/A/A240000/A240019.jpg[/image]
|
|
|
|