|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Аномалии на плод
27.11.2012 22:11:44   
stefanija2
Здраво! Би сакала да отворам нова тема, која многу ретко може да се најде по форумите во Македонија. Би рекла и дека воопшто не се пишува на таа тема.
Животот на двајцата родители може да се смени за 2 минути после контрола на 4Д ехо. Ако дотогаш се радувале на бременоста, правеле планови за иднината на нивното неродено дете, после овој преглед (или амниоцинтеза), целиот свет им се руши. Кој пат да се избере абортус или да се продолжи со бременоста. Ако се продолжи дали нашите доктори или општо нашата држава, се секогаш спремни да им помогнат на овие деца и на нивните родители? Без разлика дали ќе се работи за срцева аномалија, некој синдром или генетска болест, овие родители поминуваат низ пекол.
Кое е вашето искуство или искуството на вашите блиски, колку често се случува овој проблем кај нас во Македонија и како се однесуваат докторите со вакви случаеви?
Мое мислење е дека многу често се прават абортуси после соопштување на веста дека плодот има аномалија отколку да се продолжи со бременоста. И колку се докторите сигурни во информациите што ги даваат, бидејќи и самите велат дека амниоцинтезата не дава секогаш најточни резултати а на ехо не секогаш може се да се види.
Се надевам дека ќе се развие дискусуја на оваа тема.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 9:38:22   
vesna1
Stefanija, mnogu teska tema za razmisluvanje. Jas bi rekla zavisi od anomalijata. Ako e nekoja mala srceva mana sto moze da se regulira so operacija i deteto da moze da zivee normalen zivot bi go rodila.
No ako ako amniocintezata pokaze deka nesto genetski ne vo red,i amniocintezata e 98% tocna metoda ne bi go rodila.Imam drugarka koja ima dete so nekoj sinrdom, mentalno retardirano im go unisti zivotot.Kade sve ne otidoa,po stranstva i dabe toa e toa koga gospod zgresil covek nemoze da opravi.Nezmose da zamislis niz sto pominuvaat tie roditeli. Treba da se razmisli sto ke bide so nego po smrtta na roditelite. Zamisli ako e mentalno retardirano,cel zivot ke ima malo bebe ili dete i ke go cuuvas dodeka si ziv, no posle da ne go cuvaat brakata ili sestrite zimi majka. Ke go frlat vo nekoja ustanova. A da ne zboram kolku napor i nega i pari trebaat za takvo dete.
Jas bi rekla abortiraj,ne si go unistuvaj sopstveniot zivot so dete koe ne e ok.
Stom si zabremenila ednas ke zabremenis pak i ke rodis zdravo pravo detence.

(Одговор на членот stefanija2)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 9:45:00   
Sandric
И јас се сложувам дека многу зависи од аномалијата што ке се утврди кај пллодот но ако е потврден некој деформитетили синдром и посебно потврдено генетско пореметување со амниоцентеза мислам дека би се решила за абортус. Секако дека е многу тешко да се чува такво дете. Секако дека ке го сакаш најмногу на свет ако го родиш и ќе направиш се за него, но јас лично доколку би дознала за време на бременост мислам дека би се решила за абортус.

(Одговор на членот stefanija2)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 10:08:52   
Lalence
Го подржувам мислењето на Sandric

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 10:29:05   
Mihaela 2010
Uff bolna tema navistina....
Jas koga bev 8 mesec pojdov na redovna kontrola i taka lezejki i ja vidov samo facata na doktorkava i sfativ po izgledot deka nesto ne e vo red...taa samo rece...iiiiiiii sto e sega ova??uff mislev deka ke umram na lice mesto,mislam deka srcevo ke mi prestanese....videla nesto na usteto,potocno spoeno uste so nose,zajacko uste ...ne mi se dopadna nejzinata reakcija,no veruvajte otidov doma placejki,mi preporaca da odam povtorno na 4 D da se vidi...ocajna se zatvoriv vo soba,pocnav da citam na internet,mozelo posle izvesno vreme da se oprai rabotata so operacija ,no zosto zosto da se sluci toa..
Uf popladneto odma otidov prvo vo drzavna,tamo pola saat gledaa nisto ne vidoa
od tamo da se osiguram pravo vo Sistina,bebus vekje izmoren zaspalo,pa i tamo ubavo se vide deka e se vo red...mi olesna
Mozebi ne e nesto strasno so ogled na toa deka ima i postrasno no jas bev zaprepastena...
ne sakam gospod da me stavi vo vakvo iskusenie da moram da biram pomegu ragjanje i abortus,no ete momentalno sto mi se vrti vo glava e abortus...kako sakate sfatete me no ako se raboti za teska anomalija,ako posle raganjeto toa dete ke se maci vo zivotot, ke nema zivot,nema da bide socijaliziran,nema da moze da oformi svoe semejstvo,cel zivot ke treba da zavisi od drug,bi se resila na taa rabota...
Moj prv bratuced ima cereblalna paraliza,decko e od 26-27 god...zalosno navistina,vujko mi sto se ne probaa ama toa e toa,tolku e naiven,dobrodusen,kako malo dete e,ama za zal zavisen od drugite...greota e za roditelite se iznamacija no i za nego...

(Одговор на членот Lalence)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 10:36:13   
Ikana
Не знам, навистина...моментално на памет сум дека никогаш не би абортирала дете што свесно па и несвесно сум го направила, од човекот што го сакам. Какво и да е, мое е. Не можам да кажам со 100% сигурност, не дај Боже, но најверојатно би го задржала. И би се мачела, да но знам дека за мое дете се мачам. Друга работа што претставува тешкотија е што во нашава држава нема многу установи и стручни лица кои се занимаваат и практикуваат решенија за ваков тип на проблеми, и многу е ретко да се најде доктор кај нас кој активно ќе се ангажира околу состојбата на тоа дете. Не дека нема да сака, ама ете кај нас нема такви стручњаци.
Какво и да е. штом сум го направила, мојот живот му е веќе посветен целосно.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 11:56:26   
anaana
mnogu teska tema navistina. tesko e da se preseci dali da rodis ili ne. ama jas imam drugarka koja raboti so deca so poprecenost i cesto odev tamu, tie se tolku mili i nezni i naivni sto nekogas koga ke si odev solzi mi doagjaa. toa e od edna strana. no sto so nivnite roditeli. ovie deca baraat nega 24h znaci nekoj od roditelite ne treba da odi na rabota, toa znaci pomalku pari doma. denes i taka so dve plati ne se zivee a ne pak so edna :( nemame razvieni institucii za ovie decinja sto e zalosno, nema kaj da gi nosis nema so koj da si igraat. bidejki tie mnogu razbiraat ama im treba nekoj da gi stimulira. ako semejstvoto ima uste edno dete mislam deka e mnogu tesko na koe pobrzo da mu se posvetis. pari da ne zboruvame za lekarstva i za se.
isto tuka e i psihickiot moment na roditelot dodeka go gleda svoeto cedo kako se maci sekoj den, kako site negovi vrsnici odat napred stvaraat semejstvo i sl, a toa e se uste bebe. tesko e ne sekoj nacin. i zivotot so pomislata deka si abrotiral e najvoerojatno tezok, no jas ako doznam vo bremenosta deka nosam bebe so golema anomalija, (znaci ne bilo kakva, kako sto nekoj napisa, znaci ako moze so operacija ili nekoj zafat detenceno normalno da si prodolzi so malku pogolema griza) togas bi abortirala. i po cena da nemam drugo dete, poprvo bi se resila da posvojam otkolku da donesam na svet nevino detence koe nikogas nema da go osoznae zivotot i koe nema da znae nisto ni za sebe ni za drugite. se slagam so toa sto po smrtta na roditelite?? sto so toa dete? toa nema ni da znae sto mu se slucuva..
lele se naeziv od temava kolku mi e tazna :(

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 13:29:01   
AnnaMolly RR
Доколку се работи за некоја посериозна аномалија поради која на детето би му требала 24 часовна нега и со која не би можело да води квалитетен живот, би размислила и за абортус. Зошто детето, па и сите околу него (тука се вклучени татко, мајка, брат/сестра, роднини, пријатели) да патат и да плачат порати тешкиот живот на детето? Не сум верник и не можам да кажам „Господ таков го создаде“, па можеби и затоа вака размислувам.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 14:21:02   
lilicka
Многу болна тема.....во мојава средина имам 2пријателки кои имаат дечиња со посебни потреби user posted image user posted image user posted image и гледам колку се мачат мајките а и дечињата милички....да не навлегувам во детаљи....кога си опкружување на вакви луѓе некако поинаку ги гледаш работите!
Јас икрено со многу болка и тага во себе не би се решила да го родам тоа бебеuser posted image ете мислам дека нема да можам да го издржам тоа....!!!
user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 15:01:34   
Cipi Ripi
Доколку се работи за посериозна аномалија која што кога ќе се роди детето всушност нема да биде аномалија туку болест, јас би го абортирала. Овие скрининзи и ехо апарати се измислени токму за вакви работи, да се пронаоѓаат аномалии уште во рана бременост. И затоа сметам дека е генетика во прашање, а не "така требало да биде".

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 15:11:44   
babyhope
Кај ја отворивте оваа тема баш денесuser posted image Бев на УЗ, моето толку посакувано бебе не расте, не може ни да се видиuser posted image и денес цело време размислувам што и да почне да расте, што ако подоцна поради генетика или други причини (поради кои и сега застанало) се воспостави дека ќе биде со аномалии- мојата одлука е јасна- ќе го абортирам. До сега 7 години го чекав но сакам здраво и право детенце кое ќе биде самостоен човек еден ден, одлуката боли, уште и сега го немам почувствувано во мене а го сакамсо целото мое user posted image и битие, но ако дојдам во ваква ситуација....user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 15:30:36   
arh_diz
Dokolku bi bila pogolema anomalija bi abortirala , taka ne bi mu dala zivot kako sto treba nego macen i tezok zivot kako na nego taka i na mene.
Koga bev nekade 10 nedela bev na eho i taa sto me gledase na eho se zamisli i pocna da pravi faci koga zavrsi so pregledot.Rece na bebeto kako da mu e stisnato liceto nesto kako triagolni jas i mm se zdrvivme.Sreka sto tuka bese ginekologot pa taa ne prati na geneticar razgovori bez kraj a jas samo si mislev na bebeto.Na kraj jas neznam kako zakluci geneticarot deka e se ok so plodot i ja vikna doktorkata sto gleda na eho da ja preprasa , a taa vika vidov anomalija ama vika moze ne e ne sum sigurna.So uteha od geneticarot i ginekologot so mm si otidovme doma.Vo 13 nedela nekade pravevme skrining se bese vo red.No jas veke ne otidov kaj taa doktorka, ako trebase cekav ama odev kaj drug doktor

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 15:41:13   
eni
Eve jas imav takvo iskustvo. Ne sum go pisala do sega, kako ne bi voznemirila nekoja nova idna mamicka.
Minatata godina zabremeniv, bremenosta tecese vo najdobar red, bez nikakvi problemi, macnini. Bremenost kakva sto sekoj bi posakal. Za vreme na redovnite kontroli se bese vo red, bebco si napreduvase super. Pravev priska test, rezultatite bea odlicni, imase najmala sansa za downov sindrom. Dojde vreme za 4d vo 20-ta nedela. Se odluciv da odam vo Remedika kaj dr.Ptrova. Ne mu pridavav golemo znacenje, onaka kako rutinska kontrola. Bev sigurna deka se ke bide vo red kako i na site kontroli pred toa. Za vreme na pregledot doktorkata podolgo se zadrzi na srceto, gledase, gledase, no ne sakase da me ispanici mene pa vikna kardiolog od bolnicata i toj da vidi. Se somnevase vo kompleksna kardiopatija, transpozicija na glavni krvni sadovi. Me preprati vo Sistina, bidejki tamu bil najdobriot kardiolog koj gledal fetalno srce. No dijagnozata bese tocna. Trebase ili da ja prekinam bremenosta, ili da go rodam deteto so teska srceva mana. Otkako dobro se rasprasavme, kakvi se sansite za da prezivee i da vodi normalen zivot, se odlucivme za prekin na bremenosta. Za abortusot vo 25-ta nedela, za traumite koi gi doziveav vo drzavna nema da zboruvam. Ne bi sakala na nikoj toa da mu se sluci. Sest meseci posle toa zatrudnev pak i sega imam zdravo zivo sinceuser posted image Megutoa stravot bese ogromen vo tekot na bremenosta, stravot deka se e vo red so ova bebe. Ne znam kolku kontroli napraviv, kaj koi ne ti doktori otidov. Duri otkako se rodi bebusot se podmiriv malku.

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Аномалии на плод
28.11.2012 20:22:20   
mosa
Po obrazovanie sum socijalen rabotnik,no spored mene najdobra rabota e da se abortira vakvoto dete.Znaci mozebi zvuci "zlobno"no spored mene nekoj treba da se grizi,da go cuva i neguva.Aj dodeka se zivi roditelite tie ke se grizat za nego.No sto posle nivnata smrt.Eve jas imam i licen primer.Detenceto postaro na jatrva mi i devermi e bolno.Znaci deteto ne odi i ne zboruva. Neznam od sto e bolno.Nre kazuvaat nisto.Sega go stavija vo invalidska kolkicka.Znaci zalno da go gledas.Normalno mu stava peleni,nikade ne moze da otide so nego bidejki e cela procedura za da go odnese nekade.Treba da go smesti da go sedne,nekoj da i pomogne,da go krene da go odnese do kola i od kola.Znaci toa ne e eden den.Baska rabota sto na deteto mu smeta Galama.Znaci toj saka da se di vo mir.Ednaska se sluci da dojdat oni,a u meguvreme da dojdat gosti i kaj nas .i Se stvori guzva ,pa detevo koga zema da vika.Znaci spored mene i od finansiska gledna tocka i sekako Znaci ako rodis bolno dete,normalno treba i da go lekuvas.No sekako se zavisi i od anomalijata koja ja ima deteto.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот stefanija2)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Аномалии на плод
30.11.2012 16:33:07   
stefanija2
Примери има различни, од една страна кога докторот открил некаква аномалија а детето се родило здраво и од друга страна кога на родителите им било кажано дека се е во ред со нивното дете а тоа се родило со некаква мана. И двата случаи се комплицирани. Во првиот, родителите кои се одлучиле да го родат и покрај посочената аномалија, во текот на бременоста се нервираат и претрпуват шокови, и на крај излегува дека докторите погрешно виделе. За еден таков случај, ми раскажаа неодамна, кога на мајката и било соопштено дека детето има срцева мана и не се развива добро, а тоа се роди живо и здраво. Но има спротивен случај кога на мајката и е кажано дека детето е сосема здраво а тоа се роди со Даунов синдром и уште еден случај кога на прегледите се виде дека детето е супер а тоа се роди со срцева мана.
За жал и новата технологија на 4Д ехо и сл. не е совршена, и таму има грешки, можеби во мал процент, но ги има. Многу е важна и стручноста на докторите, кои истотака не се совршени.
Затоа и двете одлуки(да се абортира или не) се многу тешки.

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Аномалии на плод
30.11.2012 17:42:09   
niki
od pozicija na netrudnica ne bi odela na ispituvanja i bi ja pominala bremenosta nadevajki se na najdobro
no, so ogled na toa kolku godini imam, i pri prva grimasa od doktorot ne znam dali bi dodrzala vo namerata
gi razbiram i onie koi ragaat bolno dete, kako i onie koi prekinuvaat bremenost poradi rizik od bolest
ednostavno sekoj ne moze a sepak najvazno od se e vo zivotot da prifakame onolku kolku sto mozeme da izdrzime otkako dobro ke procenime
sto se odnesuva do momentot sto posle smrtta na roditelite, da i na toa treba da se misli i toa treba da se resi dodeka se roditelite zivi
ako ragas dete so problem i go ostavas na drugite deca togas nauci gi da go sakaat i nikogas da ne go smestat vo institucija vo sprotivno bez ovoj del nema smisla raganjeto, djabe trudot ako ne uspees ostanatite zdravi da gi naucis da pomagaat i da ne cuvstvuvaat deka se osteteni so toa sto imaat bolen srodnik
vprocem bolesti se slucuvaat i vo tekot na zivotot kaj luge koi bile sovrseno zrdavi kako deca pa pak koga ke se razbolat ne gi frlame na buniste
bar najcesto


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот stefanija2)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 14:45:36   
carina
Јас мислам дека за ова може најдобро да зборува само тој што го има доживеано истото на своја кожа затоа што многу е полесно само да се каже јас така и така би направила но многу е подруго кога ти си таа на која и се случува тоа.
Немој некој да ме сфати погрешно само сакам да кажам дека чувството е многу поинакво на своја кожа,
Јас имама такво искуство минатата година кога си ги видов двете цртки мислам дека бев најсреќна на светот, бременост течеше во најдобар ред сите прегледи ми беа уредни бебчето си напредуваше немаше нешто што би ме загрижило меѓутоа кога отидов на 4д во 21 недела ми се сруши светот бебчето имаше застој во развојот за 4 недели на докторот не му се допадна воопшто и веднаш ме прати на амниноцентеза резултатите ги чекав две недели тие две недели за мене беа пекол, се надевав дека резултатите нема да покажат ништо и се ќе биде во ред но не беше така, моето бебече имаше хромозомска аномалија, и самите доктори ме советуваа дека морам да ја прекинам бременоста бидејќи шансите за да се спаси бебето се нула дека до девети месец нема да издржи, и во 24 недела имав прекин на бременоста и после следеше долг и тежок период на закрепнување кој се уште не е поминат и секогаш тоа бебче ќе ми остане во срцето. Се извинувам на долгиов пост но морав ова да го споделам со вас.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 15:24:01   
vesna1
Niki,
Kako mozes da kazes da gi naucis ostanite deca da go cuvaat. Sekoe dete ima svoj licen zivot i nikoj ne e dolzen da si go upropasti svojot zivot zaradi toa sto negovite roditeli rodile takvo bratce i sestrice. Zamisli ti da imas nedaj boze takov brat ili sestra i MM ke se soglasi li da go zeme doma kaj vas da go cuvate narednite 20-30 god. zaedno so vasite deca i pri toa da bides ogranicena da nemozes da odis na odmor, trosoci za lekuvanje,cuvanje bidejki takvite deca nikogas nema da stanat normalni licnosti koi ke se osamostojat.
Jas licno ne bi cuvala, moe dete da dodeka sum ziva ama da im nametnuvam takvi obvrski na ostanatite deca -NE.
Zatoa ako se utvrdi deka ne e vo red abortus.Poarno taka nego cela familija da pati so godini.

(Одговор на членот carina)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 15:35:13   
Beatris
Кратко, - не би родила дете со аномалија доколку на преглед се востанови истата.

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 16:02:52   
dostickage
I jas ne bi rodila. Ne daj Boze covek da dojde do takva situacija da mora da bira.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 16:57:10   
Octavia
Не дај Боже да треба да донесува човек таква одлука... Скоро читав од мајка една со повозрасно дете со проблем, како објаснува дека едно е да му менуваш пелена на бебе, а друго на големо дете или на возрасен user posted image . И дека една работа е мало дете да не те разбира, а друга работа е човек кој веќе и по сила го надминува родителот. Тажно е секако, а сепак, сметам дека има разлика од една до друга аномалија, дали детето може да се оперира или дали може со таа аномалија да води квалитетен и самостоен живот во иднина. Јас имам во поширока фамилија човек, сега веќе возрасен, со блага ретардација. Ние сите го имаме прифатено најнормално, дури сме нели и заштитнички настроени кон него, но што кога ќе остане сам, без приходи, без работа? Многу, многу тешки одлуки се тоа. Пак ќе речам, да не даде Господ никому да дојде до таа дилема user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Аномалии на плод
3.12.2012 18:01:44   
marina111
вистина е дека кој не доживеал не знае ништо и не треба да трвди јас онака или овака.Кога останав бремена бев пресрекна и јас и сопругот и целата фамилија редовни контроли кај матичен и кај приватен гинеколог се е добро се е во ред беа зборовите што ги слушав од нив
33 гн се случи некое крварење и отидов кај матичен не бил на смена па акушерката му се јави кажа што и како е и од телефонски рече нека се истушира и нека стави вагиналетка ја заборавив и како се вика.Сето тоа го сторив но кога станав имаше што да видам поплава ми пукнал водењакот право во болница е тогаш дојде господинот матичен и ме прегледа бев отворена 10 см и со пукнат водењак со брза помош стигнав во скопје на ГАК во19 часот до 24 часот ме чекаа дали ке добијам контракција и напон и бидејки немаше ништо добив инекција во бутот и за2 минути осетив потреба да напнувам со 3напони го родив син ми 1900 гр ми олесна ноооо веднаш свикаа сите во собата дајте го на мајката да го види.Имаше деформитет на кичмата што се гледа и надворешно .За 3 недели падна на 1600 и му беше извршена операција од 3,5часа за срека преживеа иако докторот ме предупреди дека има многу мали шанси да преживее и да се свести после анестезијата ме остави во салата 1 минута сама со него со зборовите ај видете се насамо хахаха значи да си мутав да ти текне види го што ке го видиш оти веке може и да не го видишuser posted image user posted image user posted image За срека се помина ок и после1 месец бевме дома но прогнозите од неговата дијагноза беа ментална ретардација и парализа и можна операција на глава .До1 година одевме на контрола и немаше ништо ни од ретардација ни од парализа се развиваше сосема нормално и после 9 години детето си е ок си оди на училиште и се е ок али со ваква дијагноза и со добар исход биле од 1 од 1000 деца
Се извинувам што ептен долг испадна текстот ама морав да си ја кажам мојата судбина и да им дадам војла на сите родители да се борат заедно со нивните мали борци а на оние што немаат поминато вакво или слично нешто да викаат само бог да чува и да не се чукаат во гради оти се е поинаку кога тебе ти се случува вакво нешто
И ако мене ме прашувате дали да се абортира плод со деформитет дефинитивно сум ЗА иако кај мене е со добар крај

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Аномалии на плод
14.12.2012 13:35:42   
crvce
Vo tekot na bremenosta odev skoro sekoja vtora nedela na kontrola.kaj maticen,kaj ginekologot sto me porodi,vo Remedika kaj dr Petrova na skrininzi i nikoj ne mi kaza deka deteto mi ima srceva mana,,toa go doznavme otkako se porodiv no i sega razmisluvam moze i podobro sto ne mi kazale mozebi ke sum se odlucela,,nedaj boze,,da abortiram NEZNAM,, sonceto mi go operisaa koga imase samo 3 meseci od srceva mana vo Bugarija ,nemame nikakvi problemi,si raste i si se razviva normaslno,srceva mana veke ne postoi, mozebi i dosta po napredno koga so samo 1 god i 8 meseci kakzuva deka mu se kaka, dosta e inteligentno i napredno za negova vozrast .TOA E NASETO SONCE STO POSTOJANO NE GREE ,NASIOT ZIVOT.

(Одговор на членот marina111)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Аномалии на плод
14.12.2012 23:02:33   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Niki,
Kako mozes da kazes da gi naucis ostanite deca da go cuvaat. Sekoe dete ima svoj licen zivot i nikoj ne e dolzen da si go upropasti svojot zivot zaradi toa sto negovite roditeli rodile takvo bratce i sestrice. Zamisli ti da imas nedaj boze takov brat ili sestra i MM ke se soglasi li da go zeme doma kaj vas da go cuvate narednite 20-30 god. zaedno so vasite deca i pri toa da bides ogranicena da nemozes da odis na odmor, trosoci za lekuvanje,cuvanje bidejki takvite deca nikogas nema da stanat normalni licnosti koi ke se osamostojat.
Jas licno ne bi cuvala, moe dete da dodeka sum ziva ama da im nametnuvam takvi obvrski na ostanatite deca -NE.
Zatoa ako se utvrdi deka ne e vo red abortus.Poarno taka nego cela familija da pati so godini.


mene mi e vo red da se abortira ako postoi anomalija
isto mi e vo red i da ne se abortira
izbor postoi sekoj svoj moze da si napravi
a kako sto zdravite braka i sestri se ucat na ljubov, tolerancija, megusebno pocituvanje, poddrska i pomos taka se ucat i ako edniot e bolen, ne znam sto e tuka sporno

inaku ova sto mi velis da zamisluvam sto bi bilo koga bi bilo e ko da me teras da se preispituam dali ispravno sum postapila sto ne sum se protivela da mu pomagame na brat mu koga imase zdravstveni problemi i trebase da se operira vo stranstvo
verojatno ke bese popametno da go ubedam mm deka si ima svoj zivot i nema obvrski kon brata siuser posted image







_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Аномалии на плод
18.1.2013 13:51:36   
Mihaela 2010
Pred nova godina me potrese edna vest na moja prijatelka ,koja ceka vtoro dete i e na vozrast od 35 ipol godini...posle napraveni ispituvanja,koi bile redovni i moralni za taa vozrast i e konstatirano navodno daunov sindrom...treba da gi napravi slednite ispituvanja kon krajov na mesecot da se vidi tocno dali e ili ne...
ja mislam sekoj den,a mozete da zamislite kako i e na nea....se molam se da bide dobro..

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?