|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Бременоста и годините
14.7.2009 14:55:46   
mis.
Везилке user posted image user posted image user posted image user posted image за странава

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Бременоста и годините
15.7.2009 15:31:38   
dani85
mislam deka nekogas i ne e do roditelite. samite deca gledaat tv, surfaat po internet i citaat se i sesto za tie raboti, a i samite treba da bidat svesni vo sto se pustaat a ne samo da gi obvinuvame roditelite

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Бременоста и годините
15.7.2009 20:52:33   
niki
Lele mami denes dve temi otvoriv vo koi me iznenaduvas so svoite postovi, pa jas onaa mami sto ima otvoreno eden milion temi vo seksualnost nikako nemozam da ja povrzam so ovaa ovde sto ja citam, sigurna si deka si ti toa ili nekoj pisuva vo tvoe ime?
A inace sto se krstis tolku vo kondomite, tri pati vo zivotot mi se slucilo da ni pukne kondom pun sperma, ednas nemozev ni da go izvadam ostana vnatre, duri koga si otidov doma i se istusirav izleze sam. Koj mi bil kriv? Nikoj, se slucuva........ Sreka moja ne ostanav trudna iako od 17 godini sum seksualno aktivna, mi se sluci na 27 togas koga sakav.
I  HPV zakaciv iako so tipot imavme odnos so kondom, ama i koza na koza se prenesuva, e aj sega koj mi e kriv?
Samo apstinencija ti e sigurna i zastituva 100% i od bolesti i od bremenost, ama koj ja praktikuva?
Covek treba da si e spremen na sekakov ishod, a ima i izbor, ako zgresi, abortus ili nekoja druga varijanta, nemozeme samo pravo ko konjite da gledame.
I na 40 godini sum slusala ostanuvaat trudni, ke pocne da gi faka klimakterium, ke se opustat, demek nema veke i op detence i sega tuka pak koj im e kriv, ne mislele...
Pa site ponekogas ne mislime, aj tebe da ti kazeme za problemite sto gi imas so svekrvati, pa koj ti e kriv be srce sto ne mu ja mislese ti na toa pred da se omazis, sto ne ja proceni zenava prethodno pa da ne kukas sega. Ne e fer neli?
Izvini sto izlegov od temata i sto vaka ti se obrakam, mnogu si mi draga i sakam da te citam, ama ednostavno ostanav sokirana od postovive ovde i vo temata za abortus, ednostavno ne mi se veruva sto citam, imav mislenje deka si mosne otvorena i tolerantna licnost i vakov nastap me iznenadi.

(Одговор на членот dani85)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Бременоста и годините
15.7.2009 21:26:49   
mis.
Во право си ники Мами некако ни е отсутна некако.Некој лош период и е ќе се стабилизира таа ќе видиш.Ајде мами немој така да не шокираш.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Бременоста и годините
6.8.2009 16:59:13   
Еца
Здрава мајка за здраво дете
Иако изгледа дека во предодреденоста на секоја жена да биде мајка не треба да се интервенира премногу со совети, кои кога ги има премногу можат да бидат контрапродуктивни, сепак, во дваесет и првиот век грижата на мајката за себе и за детето што го носи е работа на основна култура. Ако сакате да забремените, да ја одржите бременоста, исхраната мора да биде урамнотежена, мора да престанете да пушите, да ги ограничите алкохолот и кафето и да спиете најмалку осум часа дневно... Сите тие навики ќе ја зголемат плодноста, ќе ја одржат бременоста, ќе го зачуваат вашето здравје и здравјето на бебето. Но, тоа не е сў. За да ја дочекате бременоста во најдобра форма, направете неколку анализи на крвта и контролирајте го притисокот

20 ГОДИНИ
вистински момент
Не сакате да се здебелите? Сепак, не смеете да консумирате помалку од 1.800 калории на ден!

Исхрана
Јадете разновидно и урамнотежено, за да може организмот да ги добие шеќерите (леб, тесто и ориз), белковините (риба, месо, јајца, млеко, јогурт и сирење) и маснотиите (путер и масло). Јадете многу свежо овошје и зеленчук, за да создадете резерва на витамини и минерални соли.
- Не претерувајте со диети. Витата линија ви е речиси опсесија? Но, морате да знаете дека претераната слабост е непријател на бременоста. Кога телесната тежина е премала, не доаѓа до овулација: станува збор за одбранбен механизам, кој организмот го вклучува за да се заштити од понатамошен стрес што би го предизвикала бременоста.
- Не заборавајте дека количеството женски хормони во организмот е пропорционална со количеството масно ткиво во подрачјето на половината. Затоа, не внесувајте помалку од 1.800 калории во текот на денот.

Начин на живеење
Здравиот начин на живеење сигурно е најдобриот пат до совршена форма за мајчинство.
- Настојувајте да спиете најмалку седум до осум часа во ноќта, зашто со ритамот сон - будност управуваат некои невропреносници (посебно серотонин и мелатонин), чија добра работа се одразува на ендокрините жлезди, кои произведуваат хормони. Накратко, ако спиете малку или лошо, тоа негативно влијае на плодноста.
- Престанете да пушите! Вистински момент е да заборавите на цигарите. По правило, жените што пушат потешко остануваат бремени, зашто им е намален дотекот на кислород, а со тоа и на храна во ткивата (како јајчниците). Значи, тоа би можело да ја загрози плодноста. Но, тоа не значи дека кога ќе забремените можете да им се вратите на лошите навики! Статистички е докажано дека жените кои се страсни пушачи раѓаат послаби деца.

Анализи
Анализи на крвта: ако не ја знаете својата крвна група, направете анализа за да го дознаете својот РХ-фактор. Станува збор за важен податок: ако вие сте РХ-негатив, а вашиот партнер РХ-позитив, детето би можело да го наследи РХ-факторот на таткото, а во тој случај би можело да дојде до некомпатибилност меѓу вашата крв (РХ-) и на детето (РХ+), што доведува до уништување на црвените крвни зрнца кај детето, а со тоа се оневозможува правилниот развој. Ако пред зачнувањето знаете дали вие и вашиот партнер сте компатибилни, гинекологот може да преземе превентивни мерки, за да се избегнат проблемите.

Рубеола, токсоплазмоза и хепатитис Б: овие три инфекции, во првите три месеци од бременоста, може да го оштетат плодот. Направете анализа на крвта на антитела на рубеола (рубеотест), токсоплазмоза ( токсотест) и хепатитис Б. Ако не сте отпорни на рубеола и хепатитис, може да се вакцинирате. Посоветувајте се со лекар и прашајте колку време треба да помине од вакцинирањето до бременоста. Против токсоплазмоза не постои вакцина. За да не се заразите со тоџоплазмоза гандии, паразит одговорен за оваа инфекција, во бременоста избегнувајте да јадете недоволно печено месо, пршута, салами, а овошјето и зеленчукот секогаш добро измијте ги.



30 ГОДИНИ
во врвна форма
Создадете резерви на калциум, железо и фолна киселина, за да ја поднесете подобро бременоста

Исхрана
Јадете разновидна храна, богата со белковини, витамини и менерални соли, посебно со калциум, зашто детето, за да ги изгради своите коски, ќе ги троши вашите резерви од тој скапоцен минерал.
- Земајте дополнувања во исхраната. Ако сте склони кон анемија, предизвикана со недостиг од железо во крвта, во бременоста тој проблем може да биде уште поизразен. Затоа е подобро да се дејствува навреме. Барајте од лекарот да ви препише додатоци за тој минерал.
- Тука е и фолната киселина, витамин од Б-групата, кој е од основна важност за правилен развој на нервниот систем на детето, која секоја идна мајка би требала да ја внесува.

Начин на живеење
Не залажувајте се дека лесно ќе забремените ако работите по 10 часа на ден и никогаш не успевате да се одморите!
- Многубројни истражувања потврдуваат дека стресот е вистински непријател на бременоста. Научно е докажано дека напнатоста го зголемува производството на т.н. хормон на стрес (адреналин и кортизол) и ја спречува синтезата на бетаендорфин, супстанции кои управуваат со расположението и ја создаваат т.н. "хемија на благосостојба".
- Стресот ја запира овулацијата. Премногу обврски и напнатост може да ја донесат во прашање и плодноста.
- Стресот негативно влијае на производството на хормоните што го регулираат менструалниот циклус и влијаат на плодноста. А тоа значи дека, иако имате менструација, можеби не доаѓа до овулација. Ако посакувате бременост, научете да се олабавите и да се посветите на себеси и, секако, на партнерот.

Анализи
Анализи на крвта: правилата за превенција се исти како и за сите други идни мајки: проверка на РХ-факторот и присуство на антитела против рубеола, токсоплазма и хепатитис Б.

Гликемија: ако сте забележително пополнети, или во семејството имате склоност кон дијабетес, проверете го нивото на шеќер во крвта (гликемија). Доволен е примерок од крв земен наутро на празен стомак. Ако вредноста е зголемена, лекарот мора да ве советува како да ја смените исхраната и ако е потребно да ги одреди лековите за намалување на гликемијата.

Крвен притисок: ако страдате од висок притисок, знајте дека тоа може негативно да влијае на развојот на бременоста и да предизвика гестоза, болест која може да се јави кај бремени жени со висок притисок. Ако долниот притисок ви е повисок од 85, а горниот повисок од 130, намалете го количеството сол и еднаш месечно контролирајте ја бременоста.



40 ГОДИНИ
потребни се повеќе контроли
Не е доцна да ја крунисате својата желба за мајчинство

Исхрана
Јадете храна богата со калциум, кој најмногу го има во млечните производи и витамините од групата Б (месо и интегрални жита): влијаат на работата на половите жлезди. Не смее да ви недостасува цинк, селен и витамин Е, кои имаат антиоксиданско дејствување и го забавуваат стареењето на половите органи.
- Намалете со алкохолот и кафето! Пијте најмногу по две шолјички на ден: кофеинот ги стега крвните садови, како и никотинот од цигарите, што ја намалува плодноста. Виното, но првенствено жестоките алкохолни пијалаци, може да минат низ постелката и да предизвикаат промени на плодот.

Начин на живеење
Престанете да пушите, научете да се олабавите, спијте најмалку осум часа и намалете ја употребата на сите лекови. Ако е сигурно дека стресот и бременоста не одат заедно, исто така е точно дека некои лекови можат да го зголемат нивото на пролатин во крвта, а премногу од тој хормон ја спречува овулацијата.
- Исфрлете го самоиницијативното земање таблети, без лекарски надзор, зашто може да му наштети на плодот.

Анализи
Анализа на крвта: проверете дали имате антитела против рубеола, токсоплазмоза и хепатитис Б. Проверете ги вредностите на гликемија. Ако е висока, во поголема опасност сте од труднички дијабетес. Во тој случај треба да го менувате начинот на исхрана.

Крвен притисок: дури и ако никогаш не сте имале проблеми со висок притисок, во периодот на бременоста, вредностите по правило се зголемуваат.

Ниво на хормоните: ако се сомневате во можноста да останете бремени, направете тест за нивото на хормоните. Доволен е примерок од крвта, кој се зема за време на менструацијата. Концентрацијата на хормоните ФСХ, кои ги стимулираат јајчниците, а се произведува во хипофизата, ќе покажат каква е работата на јајчниците.

Имунолошки тест: ако сте имале постојани спонтани абортуси, направете анализа на антителата, антинуклео и антикардиолипин, за да откриете дали имате автоимунолошка болест, која го спречува правилниот развој на постелката. Во тој случај, вашиот организам се однесува како да е ембрионот туѓо тело и гo придвижува организмот за отфрлање.

(Утрински весник)



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Бременоста и годините
7.8.2009 15:37:51   
big_mama817
jas sin mi go rodiv na 24 godini i mislam deka bese pravo vremeuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Бременоста и годините
7.8.2009 15:49:46   
mimicka
 Jas Ilija go rodiv na 30 godini i spored mene e idealno vreme za bebe.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Бременоста и годините
10.8.2009 7:47:04   
none
blazesi vi jas imav abortusi vo mladosta i sega na 38 godini koga sakam nema bremenost,e toa e seuste e rano da donesuvam nekoja odluka piev tripati klomifen i9 sega cekam i ovoj mesec ako dobijam treba momceto da odi na spermograv a mene mi ostanuva sam uste jajovodite da se proverat drugo vise neznam a vremeto si odi otcuvuva casot vo panika sum nevidena pozdrav

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Бременоста и годините
17.8.2009 15:15:07   
arh_diz
Jas imam 31 pred nepolni dva meseca imav abortus . Se nadevam se ke bide dobro , mada me plasi sto seuste nemam menstrualen ciklus. Dali nekoj znae posle abortus koga se prvite mesecni posle kolku vreme

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Бременоста и годините
17.8.2009 15:17:15   
mami
http://www.ringeraja.mk/forum/za-abortusot/m_14154/tm.htm

овде имаат напишано повеке за абортусот, ако нешто ти помагаuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Бременоста и годините
17.8.2009 18:46:40   
arh_diz
No ne najdov nisto koga e prvata menstruacija posle abortot , posle kolku dena.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Бременоста и годините
18.8.2009 8:20:34   
mami
Денот на абортусот се смета за прв ден од менструацијата и после си сметаш на колку ти доагала во нормални услови

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Бременоста и годините
18.9.2009 2:36:25   
ananikol
Jas sinceto go rodiv na 21 i sega toj ima 16 godini momceuser posted image user posted image .
A sega imam 37 godini i sum vo 5 nedela user posted image  user posted image user posted image .
Jas sakav da mi bidat decata golema razlika.Mislam deka taka mozam da im obezbedam dovolno dosta i od moeto vnimanie,vreme i tn...a isto i od matrijalnata strana.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Бременоста и годините
18.9.2009 9:24:38   
Палешка РР
Добре ни дојде ananikol.
Ти посакувам пријатна бременост и се надевам добро ќе се дружиме.
Еве и јас сум сличен случај син од 13 години бременост во 25 недела и супер се чувствувам... user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Бременоста и годините
18.9.2009 9:32:24   
niki
Dobredojde Ananikol!
Ubavo razmisluvanje se slozuvam i verojatno i kaj mene taka ke bide kako stojat rabotite dosega.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Бременоста и годините
14.10.2009 17:10:24   
ananikol
Vi blagodaram na toploto dobredojde i postete mi za moeto zadocnuvanje,bev i se uste sum preokupirana so bremenosta ko nekoj manijak visam po razni stranici na internet.Nemozam da docekam do slednata nedela prv ultrazvuk.Izvinete izlegov od temata-bremena sum ne mi se zamera user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Бременоста и годините
14.10.2009 19:32:57   
none
e zlatni moj forumki porano i jas bev bremena ama sega na 38 nema,se ispitav ostana samo proodnost na kanalite  no me fakja panika sto ponatamu vremeto si odiuser posted image user posted image

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Бременоста и годините
14.10.2009 19:45:02   
ripce
Е што некоја ако има 17/18 години не може да биде подеднакво добар родител со некоја од 25-30 години? Па јас родив на 19 години, на 17 години и 11 месеци имав првпат сексуален однос со мојот сопруг (26 години). Сфатив дека тој е човекот за мене, сакавме да имаме дете... Сами живееме, значи чистам, правам ручек, перам, го чувам малиот... и одам на факултет... Значи ако сакаш нешто и се одлучиш за тоа треба да го тераш здраво... НЕ СЕ ФАЛАМ, ама горда сум на себе... Сакав да кажам дека не се потребни стереотипите дека 17/18 годишна личност не може да биде добар родител... да повеќето се неискусни, не знаат за се' како треба... и јас не знам се'... и вие не знаете

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Бременоста и годините
15.10.2009 10:53:59   
elle
Аница браво за тебе и мојата свекрва на твои години го родила мажот ми, одлична домакинка е и има прекрасен брак. А јас мислам дека на тие години размислував како дете и не бев доволно зрела за брак и немаше да се снајдам како родител, не сум ни помислувала на тоа. Сега сум 25 па се плашам дали ке бидам добра мајкаuser posted image user posted image user posted image
Знам дека на моето дете ке му дадам се...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Бременоста и годините
15.10.2009 19:54:58   
ananikol
none, bez panika.Se ke si dojdi na svoe mesto i se ke bidi vo red samo ti treba da se opustis,e togas koga nema da si optertena so toa sega koga toa ke se sluci.Jas navistina veruvam vo toa.Mnogu guski i se adevam deka mnogu brzo ke ne izraduvas user posted image

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Бременоста и годините
21.1.2010 12:03:42   
BILE.F
Јас почнав со односи на 16год., сум имала односи и без кондом, и секогаш кога знам дека свршил во мене (тоа било 2,3пати) сум ги купувала апчињата Stediril m(сега се заменети со друго име), се разбира по препорака на гинеколог и сум ги пиела најдоцна 72часа од односот. На 25год. посакав да станам мајка, и со мм се опуштивме 2,3мес пред да останам бремена.(Фала му на господ, желбата ми се исполни)
Јас мислам дека бременоста не се планира, и секој си има право на избор.
Се знае дека е најдобро  да станеш мајка кога сакаш, но веќе кажав дека тое е една од работите што не зависат секогаш од нас. 

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Бременоста и годините
21.1.2010 12:07:20   
arh_diz

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Е што некоја ако има 17/18 години не може да биде подеднакво добар родител со некоја од 25-30 години? Па јас родив на 19 години, на 17 години и 11 месеци имав првпат сексуален однос со мојот сопруг (26 години). Сфатив дека тој е човекот за мене, сакавме да имаме дете... Сами живееме, значи чистам, правам ручек, перам, го чувам малиот... и одам на факултет... Значи ако сакаш нешто и се одлучиш за тоа треба да го тераш здраво... НЕ СЕ ФАЛАМ, ама горда сум на себе... Сакав да кажам дека не се потребни стереотипите дека 17/18 годишна личност не може да биде добар родител... да повеќето се неискусни, не знаат за се' како треба... и јас не знам се'... и вие не знаете


Se slozuvam ripce so tebe
Nekogas zena od 30 godini neznae da isprzi jajca a ne da se spravi so dete.No posle 30 godina kako sto znaeme opaga plodnosta kaj zenite taka da sto porano ostane bremena toa e podobro

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Бременоста и годините
28.1.2010 8:51:43   
Еца
Како работи биолошкиот часовник на жената во 30-тите години?

Одговорот на тие прашања ни го дава едно ново истражување на Универзитетот во Единбург. Тоа е првото истражување кое дава точна проценка за бројот на јајце клетки кај жените, од раѓањето до менопаузата. Според резултатите, просечната жена се раѓа со околу 300 000 јајце клетки. Некои жени имаат преку 2 000 000, но некои само 35 000. Меѓутоа, бројот на јајце клетки значително опаѓа со текот на годините.
До 30-тата година во телото на жената остануваат само 12% од јајце клетките, а до 40-тата година тој процент се намалува до 3.
Истражувањето во кое учествувале 325 жени на различни возрасти покажа уште и дека пушењето и алкохолот имаат помало влијание врз плодноста кај жените до 25-тата годината. Но, во наредните години начинот на живот е пресуден за плодноста на жената.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Бременоста и годините
28.1.2010 11:47:01   
none
ripce jas i ti sme najstari ovde pa da se tesime dvete okolu bremenosta,do kade si,ima li nesto novo,pozdravceuser posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Бременоста и годините
1.3.2010 1:37:40   
franc09
Jas sum nova na forumov .I spored mojot slucaj nema pravila za zabremenuvanje . Imam kerka 11god.i posle tolku vreme zabremeniv od prvpat .Koga mu go kazav ovaa na mojot lekar rece deka sum medicinski fenomen .rece deka 99% od zenite sto imale redoven seks iposle tolku dolga pauza retko zabremenuvaat .Ama i toa se slucuva sega imam prekrasno malo bebence masko koe ni e kako igracka niz doma .

_____________________________

Marijana Trpkovska

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Kolku?
Jana9

Kolku dena ostanavte vo bolnica po poroduvanje?

2 (43%)

3 (43%)

1 nedela (14%)

2 nedeli (0%)

3 nedeli (0%)

Poveke (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!