Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ооо Јуле да си жива и здрава за овие видеа! Јас пусто насекаде по ФБ коментирам, се објаснувам, инсистирам за пишување кирилично, а кога еве поедноставно и појасно од ова твоево здравје!
< Поракaта ја уредил Весна -- 6.12.2009 13:18:11 >
Многу сум среќна и задоволна што се повеќе наши членови приметувам дека пишуваат кирилица и нормално тоа е за огормно браво и секоја чест. Затоа ајде сите да пишуваме кирилица.
А како мало потсетување еве неколку упатства:
1. Избор на Македонска поддршка:
а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно
Со истовремено притискање на ALT и Shift
Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката
б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian (за жал е Фиром означено бар на мојот компјутер ). Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply.
2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура
Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка.
Jas imam tastatura so kirilica i latinica no nazalost nekoi makedonski bukvi gi nema tuka vo kirilicata. Zatoa pisuvam latinica od rabota a od doma pisuvam kirilica. Netreba da ja zaboravame kirilicata TUka nikoj ne pisuva latinica
Bidejki najcesto pisuvam na rabota na angliski, a sakam da ve druzam koristam latinica. Nemam vreme na sekoi 10 min da ja menuvam poddrskata. Ama zatoa od doma ke se potrudam da pisuvam na kirilica
по што не живеам во мкд. ком ми немаше македонска подршка но бев упорна ги следев упатствата за да го направам... за кога ќе сакам да пишувам да не ме карате и еве после 3 часа ми успеа.. за мене иако е веке 2 ч по полнок...но барем успеав..поздрав
Сите Рингераја портали имаат некои специфичности иако структурата и идејата на сите е иста. Но она по што нашата Рингераја е уникатна е кирилицата. Рингераја.мк е единствениот Рингераја портал од мрежата на Рингераја интернет медиуми која е целата „навезена“ со прекрасната наша кирилица. Да ја направиме Рингераја уште поубава, да ја „веземе“ со кирилично писмо.
Секогаш и секаде пишувам македонски со кирилица. Ако ние не си го сочуваме јазикот и писмото, никој нема да го направи тоа за нас. Македонски се пишува со кирилица
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
Сакам само да заблагодарам на сите што пишуваат кирилица. Јас за жал имам малку време за читање постови и кога ќе видам напишано на кирилица се радувам затоа што успевам да прочитам многу повеќе - посебно од работа
Напишаното на латиница, посебно со користење на некои извитоперени македонски букви (4 за ч) и сл. ми е чудно. Дополнително и не користењето на знаци и голема буква, ги прави долгите текстови монотони и заморни.
Инаку знам дека на сите ни се случува да немаме поддршка од некои системи или од мобилен за кирилица, ама тоа се исклучоци.