Палешка РР -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (27.8.2009 11:19:57)
|
Македонски се пишува со Кирилица! [image]http://old.prespasky.com/templates/rt_vortex/images/pdf_button.png[/image] [image]http://old.prespasky.com/templates/rt_vortex/images/printButton.png[/image] [image]http://old.prespasky.com/templates/rt_vortex/images/emailButton.png[/image] [image]http://old.prespasky.com/images/stories/kirilica.gif[/image] Со пишувањето на кирилица, значи постоиш, значи постои Македонија! [image]http://old.prespasky.com/images/stories/kirilica_golema.gif[/image]МАКЕДОНСКИ СЕ ПИШУВА СО КИРИЛИЦА Иако е создадена пред повеќе од 10 векa, токму тука на нашиве простори, во земјата на древни цивилизации, со прегорната работа на светите Кирил и Методиј и со посветеноста на Епископот Охридски Свети Климент, како и многубројните ученици и мисионери, кои нивното дело го продолжиле, се чини дека во временското и просторното траење, кирилицата по малку неправедно како да се подзaборава. Поточно, сета нејзина убавина, инспиративност и сликовност, со сè поретката употреба, како да потклекнува. КИРИЛИЦАТА Е УБАВА Еднакво е убава, испишана со мајсторската рака врз пергаментот по кој се лизга перото или со техниките на новите мајстори, сместени на компјутерските тастатури. Со спојување и комбинирање на 31 буква од нашата азбука, можат да се изразат сите зборови на овој свет. Само со зачувување и со користење на кирилицата, може да се изрази сета нејзина убавина, но и да се зачуваат колективниот идентитет и индивидуалното определување на секој од нас. И затоа: додека пишуваме на кирилица – постоиме. Сè додека ја користиме кирилицата, сето она што е најблагородно и највредно во нашето колективно и индивидуално битие ќе биде зачувано. Зачувано од заборав и вредно за траење. А постои само она што трае. КИРИЛИЦАТА ПОСТОИ И ЌЕ ТРАЕ И затоа своето име пишувај го со кирилица... или името на својата земја... или името на својата мајка... на својата љубов... или имињата на своите желби и тајни. Обиди се да замислиш голема светлечка реклама испишана со кирилица како се „смешка“ преплавена со светлоста на новиот ден и новото доба...Обиди се да погледнеш на ѕидовите во улицата на твоето детство и ќе видиш убава, чиста и читка табла, испишана со убава, чиста и читка кирилица. Сети се на својата прва љубов, на првиот изговорен збор, на својата прва напишана буква, на своето прво писмо, на првата прочитана или напишана книга... и ќе видиш дека сè е поврзано со твоето прво писмо. Богатството е во разновидноста. А кирилицата нуди толку многу разнолики можности за примена и за унапредување. Настојувај да ги откриваш сите нејзини волшепства и да бидеш уверен дека во рацете држиш силно и моќно оружје на модерното доба, кое го надахнува нашето постоење. И сè додека пишуваме на кирилица, ќе постоиме!
|
|
|
|