Еца -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (12.1.2010 10:05:55)
|
Многу сум среќна и задоволна што се повеќе наши членови приметувам дека пишуваат кирилица и нормално тоа е за огормно браво и секоја чест. Затоа ајде сите да пишуваме кирилица. А како мало потсетување еве неколку упатства: 1. Избор на Македонска поддршка: а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно - Со истовремено притискање на ALT и Shift
- Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката
б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian (за жал е Фиром означено бар на мојот компјутер ). Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply. 2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка. Ш - { Ѓ - } Ч - : Ќ - " Ж - | Њ - W Љ - Q Па да пишуваме Кирилица!
|
|
|
|