RE: Ајде да пишуваме Кирилица (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (2.7.2011 19:22:39)

Значи секогаш и секаде пишувам кирилица! Не можам да замислам да напишам нешто на латиница, а да зборувам македонски. Неколку пати имам пишувано постови на рр од мобилен и косата ми се крева на глава што ми стојат на латиница! Уф, се ежам. И мене милион пати ми е полесно да пишувам кирилица, а и полесно ми е да ги читам кириличните постови.
Работам како лектор и преведувач, па секогаш се трудам да зборувам и пишувам литературно, имаме убав јазик и треба да го негуваме.

Да го негуваме македонскиот јазик и писмо!




Viktori -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (2.7.2011 19:38:52)

и мене повеќе ми лежи  кирилицата. Веќе неколку години ја користам на интернет. Сега не можам да се логирам од моб, затоа што никот ми е на кирилица, ама јбг [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] И не се напнувам додека цитам некој подолг пост.
Инаку некогаш пишувам на латиница, за да не заборавам да стиснам на алт-шифт, па да ме бараат децата на работа и да не можам да им објаснам кај е лев алт-шифт.
А некогаш па прво ќе се распишувам, после ќе видам дека е латиница и не ми се брише.
Некогаш ми се слушува да сум и на РР и на ФБ и на е републик, ју тјуб, па и да барам нешто во моментот и да не сменам фонт.
генерално, 90 посто од постовите ми се на кирилица!

Другите можат само да фантазираат дека имаат течен, певлив и не знам каков јазик! Нема поубаво од кирилското писмо и македонскиот јазик!




Maca25 -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (3.7.2011 18:27:28)

сакам да пишувам на кирилица, а и поубаво ми изгледа постот кога е напишан на кирилица. и од работа и од дома и од трето место, секогаш гледам да пишувам на кирилица! 




mila mama -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (3.7.2011 18:36:21)

Mnogu mi e krivo sto pisuvam na latninica, ama sum duster za kompjutri i ovoj doma mi e sram da priznaam, ama mi nema kirilicen font [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] I laptopceto sega sto si go zedov e bez kirilica, pa vo najskoro vreme treba da trknam da go sredam, barem na nego da imam...
Inace cel zivot pisuvam na kirilica, no nemam problem i da citam na latinica.




Melanija RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (29.11.2011 16:17:29)

Se izvinuvam sto poslednive dva meseci
pisuvam na latinica,no nemam izbor bidejki
nemam kom. pisuvam od mobilen.Da e
zivo I zdravo wifi-to.Jas sekogas sum za
pisuvanje na kirilica.




kikicka -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (29.11.2011 17:13:18)

мојот лап топ имаше кирилица и се расипа ,на мм немаше кирилица па му ставив и сега туку ми се буни што туку му менувам хахахх !!ама јас пак си терам на кирилица




vida -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (29.11.2011 19:05:51)

јас пишував на латиница ама еве се поправам од денес [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bethany -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (15.10.2013 16:21:13)


Едно мало потсетување и за помош неколку упатства:

1. Избор на Македонска поддршка:

а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер
Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно
  • Со истовремено притискање на ALT и Shift
  • Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката

б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер
Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian . Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply.

2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура

Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка.

Ш - {
Ѓ - }
Ч - :
Ќ - "
Ж - |
Њ - W
Љ - Q

 
Па да пишуваме Кирилица! [sm=smiley20.gif]




Melanija RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (13.12.2013 15:30:21)

[sm=bravo.gif] Да пишуваме кирилица и колку можеме да ја почитуваме и граматиката [sm=bravo.gif]




Defne90 RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (13.12.2013 15:35:29)

Mila mama i jas nemam kirilica imav do pred dve nedeli no decata go zbrkaa kompjuterot pa moravme nanovo da go instalirame se otide vo nepovrat.I mene mi e krivo sto pisuvam na latinica no ne e tesko da si stavis kirilicen font mene eden prijatel za dve minuti mi stavi nesto po internet tamu vrska nemam jas ne se razbiram mnogu,i ete so dusa go cekam da dojde da mi go namesti kirilicniot font.Prasaj ti sigurno nekoj ke znae toa da go sredi toa e pet minuti rabota za onoj sto se razbira vo takvi raboti[sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (30.5.2014 10:52:30)

Како јазичар и обожавател на нашиот прекрасен македонски јазик, секогаш сум за пишување на кирилица. Кога ќе видам постови пишувани на латиница се нервирам и ме мрзе да ги читам. Ве молам сите пишувајте КИРИЛИЦА.




Defne90 RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (30.5.2014 10:59:21)

Откако ми го ставија кириличниот фонт секогаш си пишувам на кирилица.Некако по читливо и по јасно ми е.И си се навикнав сега ми е чудно да пишувам на латиница,ама немам проблем со постовите што се на латиница за да ги читам.Ама сепак поубвао си е на кирилица.Па да пишуваме сите и да си ја почитуваме нашата граматика и азбука.[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (3.12.2014 15:51:54)

Фала Меланија за тоа што ме посочи за фонтот.Еве успеав и не било воопшто тешко.Ви благодарам рингерајки секогааш сте полни со совети за секој од нас.Конечно можам да си пишувам на кирилица.[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (6.10.2015 13:34:25)

Ајде да пишуваме на кирилица :)

Нели се сложувате дека треба да си го негуваме јазикот и писмото?
Мене многу поубаво ми личи еден пост кога е напишан на кирилица. Кога е на латиница (особено кога нема ни точка ни запирка ни никаков интерпункциски знак) не можам да го прочитам постот без да ме заболат очите од напрегање.

Ве молам, ја активирам темава како мало потсетување дека на форумот треба да се пишува на кирилица!




Melanija RR -> RE: Ајде да пишуваме Кирилица (6.10.2015 13:57:51)

[sm=bravo.gif] токму така [sm=smiley1.gif]

А како мало потсетување еве неколку упатства:

1. Избор на Македонска поддршка:

а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер
Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно
  • Со истовремено притискање на ALT и Shift
  • Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката

б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер
Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian (за жал е Фиром означено бар на мојот компјутер ). Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply.

2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура

Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка.

Ш - {
Ѓ - }
Ч - :
Ќ - "
Ж - |
Њ - W
Љ - Q

 
Па да пишуваме Кирилица!

[image]http://www.vestel.com.mk/unicode/tastatura.jpg[/image]
[image]http://imenik.telekom.mk/Images/makedonska_tastatura.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]