RE: Маслиново масло,путер (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


TeaM -> RE: Маслиново масло,путер (11.12.2011 10:38:22)

Od polni 6 meseci vo sekoja zelencukova kasicka dodavam po edna kafena lazicka maslinovo. Puter uste ne sum stavila. Koj go koristite vie i kolku dodavate?




kikicka -> RE: Маслиново масло,путер (11.12.2011 12:16:56)

Јас од кај 8 месеци почнав со маслиново а путер од кај 6 и обично земам на збрегов тој како златно пакуван,и комбинирам или маслиново или путерче ставам




Felly RR -> RE: Маслиново масло,путер (11.12.2011 21:00:20)

Јас путер од Мегле купував, ама ако немало таков имам и друг купено - ништо страшно. Обично по една лажичка, и тоа најчесто во палента, а во зеленчуковите кажички и ставав маслиново масло по некоја капка. Мислам дека и двете може да се даваат од 6 месеци, јас всушност со путерот почнав подоцна.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




kikamika -> RE: Маслиново масло,путер (17.2.2012 21:41:58)

Nie od denes pocnavme so kasiscki domasno prigotveni i mislam deka maslinovooto maslo e pozdrava varijanta i od puterot, zasto i toj e hemija kako i margarinot. da najdes puter nekoj od selo sto znae da ti napravi a ne ova.




SkCura77 -> RE: Маслиново масло,путер (23.3.2012 22:53:09)

Да најдам домашен путер, квалитетен, тоа ќе му ставам во зеленчукови каши!
А сега купив маслиново масло, италијанско, па да видам како ќе реагира за вкус и за поднесување.
Ми кажаа да почнам со една капка во каши што ги јаде. Добро...




Beatris -> RE: Маслиново масло,путер (23.3.2012 22:57:55)

Путерот дава поубав вкус на храната. Јас А ја научив да јаде со путер, додека ставав маслиново некако не и се бендисуваше баш. Сега ставам комбинирано, како ми иде повеќе, инаку секогаш купувам несолен Президент.




ivana89 -> RE: Маслиново масло,путер (4.5.2012 1:28:53)

od koga pocna mijot bebus da jade zelencukoi kasi pa do seega mu sstavam non stop maslinovo maslo po 1-2 kafeni lazici vo zavisnosot od kolicinata na kasata....maslinovoto maslo spored mene e najdobrata varijanta za razlika od puter i margarin(od niv mu nemam dadeno do sega)...inaku maslinovoto maslo e zdravo za srceto i zavisno od kvalitetot od masloto ima nekoi koi se dosta zbogateni so golem broj na vitamini.....zatoa ssekogas koga kupuam gledam vo sostavot od koi vitamini kolku sodrzat i normalno gi zimam onie masla koi se zbogateni so poeke vitamini, inaku sega na vrv mi e maslinovoto maslo na plazmon




penelopa -> RE: Маслиново масло,путер (4.5.2012 15:38:49)

Во на син ми храната исклучиво ставам маслиново масло и тоа најквалитетното што можам да го најдам. Путер има пробано ама сите педијатри тука препорачуваат дека најобро е маслиновото масло за [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




mila mama -> RE: Маслиново масло,путер (4.5.2012 21:00:03)

И ние јадеме само со маслиново масло, путер мнооогу ретко, еднаш месечно. Маслиновото го сака, вкусно и е и, сега за сега немаме никаков проблем.




amateuress -> RE: Маслиново масло,путер (4.5.2012 21:07:24)

маслиновото е дефинитивно најдобро. се разбира, ладно цедено. што поприродно - тоа подобро. а мислам дека и путерот не е лош повремено, за деца над 10 месеци, ама по еднаш до 2 пати месечно.




vanessa30 -> RE: Маслиново масло,путер (5.5.2012 13:03:20)

I jas odvreme navreme vo zelencukovite kasicki stavam po malku maslinovo maslo. Imam cela tuba od 5 kg od edni prijateli od Grcija (citaj Egejci) sami si proizveduvaat, imaat maslinki i sami si proizveduvaat maslo.Ne samo sto e pozdravo, nego puterot neli go dobivaat od kravjo mleko, neli kravjo mleko i mlecni proizvodi podocna se davaat????




kikicka -> RE: Маслиново масло,путер (5.5.2012 15:49:22)

Нема врска тоа со путерот,јас почнав да давам и пред да почне со кравјо,убав е и путерот и маслиновото се додека бебо крка и нема реакции користете.




Ring -> RE: Маслиново масло,путер (3.11.2012 10:50:31)

Дали маслиновото масло / путерот го ставате на крај , кога кашичката е готова или при самото варење на зеленчукот ?

Мене ми е пологично на крај затоа што мислам дека ако термички се обработи ќе изгуби од хранливоста ....ама пак да си прашам ????




niki -> RE: Маслиново масло,путер (3.11.2012 11:02:19)

nekoi novi istrazuvanja velat deka maslinovo maslo moze termicki da se obrabotuva do nekoi 180 stepeni ne gubi nisto od hranlivosta, demek, kolku e tocno ne znam
jas go koristam i vo tekot na gotvenje, sekogas gotvam na tivko da se krcka jadenjeto




arh_diz -> RE: Маслиново масло,путер (14.3.2013 14:30:24)

Maslinovo maslo




Malecka23 -> RE: Маслиново масло,путер (15.3.2013 11:42:21)

путер,готвам на тивко да се крчка јадењето и мислам дека со путер има подобар вкус




Felly RR -> RE: Маслиново масло,путер (17.2.2014 15:47:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Предлог за вид на путер,и тоа би било на врв на нож?


За почеток, да , на врв на нож, мах до една лажичка. А за видот на путер, сите еве во темава сме давале различен. Јас ете се потсетив дека на мегле сум купувала. [sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Маслиново масло,путер (17.2.2014 18:22:32)

И јас на децата им правам најчесто јадење со путер и јас сум на тоа мислење дека со путер се повкусни.Така отприлика до две мали лажички отприлика и го запржувам кромидот и морковот малку и после и месото и откако ќе се позапржи ставам вода и си се вари.А понекогаш не многу често користам и маслиново масло ама имам приметено дека кога е со путер јадењето многу повеќе ми јадат и им е повкусно.




AneLav RR -> RE: Маслиново масло,путер (18.11.2014 14:15:16)

Мене педијатар ми има препорачано да ставам путер во храната наместо маслиново масло. Едно е повкусно друго е по здраво. Само ич не моќжам да се сетам од која возраст почнав да им го давам. Ама од шест месеци сигурно...




hopeless -> RE: Маслиново масло,путер (30.3.2015 20:27:35)

Јас користам маслиново масло.
Го додавам во зеленчуковите каши и во палента.
Ставам на крај во блендирањето, по скроз малку.




blue_blue -> RE: Маслиново масло,путер (31.3.2015 10:17:55)

Прв пат слушам дека путерот бил поздрав од ладно цедено маслиново масло и ич ми нема логика. Путерот се прави од млеко и е од животниско потекло што по некоја логика значи дека има заситени нездрави масти во него, а ладно цеденото маслиново масло се прави со механичко пресување на маслинките и при тоа се задржуваат сите хранливи состојки од маслинката.

Може некое поконкретно и поточно образложение за ова дека путерот е поздрав од ладно цедено маслиново масло па да научиме нешто...

Инаку путер во месо не се препорачува мешате млечен проетин со проетини од месо и тоа заедно е страшно тешка комбинација за варење во стомак при што желудникот се мачи да ја свари и не ги зема хранливите состојки од месото. Јас барем така знам

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Мене педијатар ми има препорачано да ставам путер во храната наместо маслиново масло. Едно е повкусно друго е по здраво. Само ич не моќжам да се сетам од која возраст почнав да им го давам. Ама од шест месеци сигурно...





mommy_angels RR -> RE: Маслиново масло,путер (31.3.2015 11:30:08)

Јас никогаш не ставав маслиново,изгледа дека мене не ми се допаѓа вкусот.Со путрече некако ми е повкусно




Melanija RR -> RE: Маслиново масло,путер (10.9.2015 14:02:06)

Не е баш соодветна тема .но сепак е за путер.

Во градинка на мени кај 2 год има лепче и путер.Освен како бебе во каши од тогаш немам дадено.За вкус да знае кој путер да му го намачкам на леб за да проба? Президент го знам како познам а за друг незнам.Искуства?[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Маслиново масло,путер (10.9.2015 14:38:32)

Од Мегле е многу вкусен има и солен и без сол. И од Кам имам земено германски, во жолто пакување и тој беше добар.




tincule -> RE: Маслиново масло,путер (10.9.2015 18:06:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Од Мегле е многу вкусен има и солен и без сол. И од Кам имам земено германски, во жолто пакување и тој беше добар.

И јас во зеленчуковите каши и ставам путер од тој германскиот исто го зимам од кам. Прво педијатарката ме советуваше како демек за неа било поубаво наместо маслиново да и ставам путер. Еднаш пробав со маслиново и не ми ја изеде кашата толку како со путер. Само јас и го ставам на крај пред да блендирам не додека готвам.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>