RE: Маслиново масло,путер (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


lolla RR -> RE: Маслиново масло,путер (10.9.2015 21:13:04)

Нас возрасните ни е најубав Олденбург и тој на Зелена долина. Не е лош и тој од Кам.

За бебето ставам маслиново од биокулт. Сакам да се водам од помислата дека бебињата имаат чисто непце и не знаат дека со путер е повкусно па дур проаѓа ке терам така.

И од некаде 7 месеци во сите овошни каши утрински ставам малку кокосово масло.




jasmina 25 -> RE: Маслиново масло,путер (25.9.2015 12:07:15)

dali moze da mu satava na sinko kokosovo maslo vo kasite za nekolku dena polni 6 meseci?




sandriana RR -> RE: Маслиново масло,путер (25.9.2015 13:04:41)

јасмина 25, негде читав дека може да се дава кокосово масло после навршени 6 месеци. Јас лично немам искуство со него. ВезилкаРР еден период интензивно го користеше, верувам ќе сподели искуство. Тема конкретно за кокосово масло има ТУКА.




lolla RR -> RE: Маслиново масло,путер (25.9.2015 13:05:25)

jasmina, jas mu stavav vo ovosnite kasi vednas po 6 tiot mesec ili nesto pred sedmiot mesec , t.e. odma stom pocnavme so dohrana a prestanav da mu gi varam ovosjata. Samo gledaj da e organsko i ladno cedeno nebeleno bla bla, ima vo zegin.




jasmina 25 -> RE: Маслиново масло,путер (25.9.2015 14:12:43)

da ladno cedeno veke mu zedov no mu nemam uste dadeno mislev sega od 5 ti mesec ko ke pocnam so zelencuk no ke se konsultiram i so pedijatarot najverojatno od 6 ke pocnam seuste sme na ovosje od zelencuk samo brokula mu imam dadeno...fala na odgovorite...poz




Hopeful RR -> RE: Маслиново масло,путер (22.1.2016 11:54:38)

Почнавме со кокосов путер, уште на 6+, и веднаш потоа и маслиново.
Подоцна, на 7+ дадов и домашен путер, познат како кравјо масло. Не им менува многу, јадат се.

Какво масло давате вие?




lolla RR -> RE: Маслиново масло,путер (22.1.2016 11:58:06)

Јас имам пишано погоре за видови масло, следна недела ке правиме годинка (воздишка) и се мислам ппутерче да му воведам. Досега само козји производи има пробано, не знаев дека тие биле за над годинка. Од каде ти е кравјото масло хоупфул?




Hopeful RR -> RE: Маслиново масло,путер (22.1.2016 12:09:02)

Годинка!!! Леле кога помина времевооо [sm=smiley1.gif] Машала Л, голем дечко!

Кравјото масло го најде свекор ми, не знам од каде. Има некои проверени извори, ќе го прашам за контакт и ќе ти кажам.

И јас мислев дека козји се поок од кравји, ама педијатарката ни рече да не давам козјо кисело млеко или јогурт, само кравјо.




lolla RR -> RE: Маслиново масло,путер (22.1.2016 13:14:43)

Те чекам за инфо. Инаку имаме домашно козјо кисело млеко и урда па затоа му имам дадено само такво.




Felly RR -> RE: Маслиново масло,путер (18.4.2016 16:17:56)

Дали и маслата - маслиново/кокосово ги воведувате три дена по ред како и другите намирници?
И колку може да се види реакција од тоа што ќе му капнам во кашичката некоја капка?




Hopeful RR -> RE: Маслиново масло,путер (18.4.2016 22:11:52)

Felly RR, јас не гледав по денови за маслата, мислам дека нема шанси да има реакција на нив. Не се ни сеќавам, ама мислам дека давав преку неколку дена, чисто онака, да не е истиот вкус и мирис - еднаш кокосово, еднаш маслиново, па путер, после и ленено...




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]