RE: Проблем со црвено газе (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


lukajana RR -> RE: Проблем со црвено газе (13.8.2015 23:09:22)

Gina оргиналната павличева јас ја употребувам кога ке се зацрвени бебе а ако нема црвенило еднаш на ден ,остатокот од денот мачкам со Продерм крема ја има во Кам .
Пробај со оргиналната павличева и гледај што помалку да користиш в.марамчиња ,на секое соблекување миј му го газето само со млаз вода и оставај го малку голо.
Од топлото е ке се смири кожичката.




Hopeful RR -> RE: Проблем со црвено газе (14.8.2015 9:50:35)

Кај Ј имаше такви мозолчиња уште од болница, ги мачкавме со Еозин. Имаше насекаде, и gina, слободно мачкај се. За Еозинот е битно да се мачка со стерилна газа и само еднаш, односно со едно парче газа да се помине само преку едно мозолче и за друго да се употреби ново парче газа.
Газето му се иритираше подоцна. Престанавме со влажни марамчиња и при секоја промена на пелена го бришевме и промивавме со камилица, и го мачкавме со Јекодерм и рибината маст на Бекутан, таа е супер. Се среди преку ноќ. Инаку оригиналната Павловиќева ја користам на секое пресоблекување, а само тогаш ја заменив.
Исто е битно да се исуши кожата пред да се стави пелена, често менување пелени и полабаво местење на пелената.




gina -> RE: Проблем со црвено газе (14.8.2015 11:24:36)

deneska go gledam malku posmireno e eve dva dena kako ne upotrebuvam maramici samo go odmivam na sekoe so mlaka voda i go poturam so caj kamilica go ostavam 10-15 min da se luvtira mackam so cink oksid na becutan
a so EOZINOT mi bese strav znaci moze i na madencinata jas po teloto go mackav so pamuce edno mozolce i frlas na sekoe novo pamukce
znaci ste zadovolni od orginal pavlovicevata jas sakav da e zemam ama si rekov da ne ni pomogne gabe pari ce frlam
a taa vo kam koja e kako pavloviceva e mislam deka ima edna so bebe na kapaceto dali zolto pakovanje bese ne sum bas sigurna
a taa od ribino maslo imam testerce sto mi go dadoa vo bolnica ne mi tekna da go isprobam sega da ne slakam mnogu ce teram so cink oksid pa ce vidam kako ce bide
a Hopeful JAKODERM e za crveno gaze taka se vika




Hopeful RR -> RE: Проблем со црвено газе (14.8.2015 11:34:08)

Јекодерм е за општи изгореници, не конкретно за бебиња, ама е чисто рибино масло и чуда прави. А оваа на Бекутан со рибино масло е исто толку добра, ако не и подобра од Јекодермот.

Павловиќевата е супер, има разлика од оригиналната до другите, ама па и поскапа е... Со таа ги мачкам редовно и добра им е кожата, иако користам влажни марамчиња.




Felly RR -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 11:21:24)

И ние имавме проблем со црвено газе, и моравме дури и канестен да мачкаме, и исто таа маста што ја имаат спомнато погоре СНоувајт и цациана, и сега веќе влажните марамчиња сосема ги исфрлив од употреба. Пред некој ден пак му се јави црвенило, и реков да пробам со кокосово масло, па неколку пати го премачкував така и му се изгуби. СИ велам не згрешив, зошто и кокосовото е 100% природно, и некои мајки знам го користат и за цело тело.




Gardenia -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 14:38:18)

И јас деновиве мака мачам со газето на Б,многу и е црвено,дури има како ситни брунчиња со белко.И ставам корин де фарм кремата за газе,ама не се губат скроз,се ублажуваат само.Незнам дали треба нешто друго да земам,се си мислам дали канестен,а инаку од прв ден користеме памперс и оригинал павловичева,ама мислам дека и се иритира од што многу кака,има брз метаболизам и се случува и по 5 пати на ден да се искака




jasmina81 -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 14:54:40)

probaj da maxkas so kantarionovo maslo so cisto pambuce i isfrli vlazni maramici pri sekoe kakanje samo so voda da mijas




lolla RR -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 16:44:50)

Го делам мислењето со јасминче, на моево бебе од влажни и оригинал павловичева му се излупи дури кожата на препоните. Од тогаш, од кога имаше повеќе од месец дена, бришам само со памук и вода, мачкавме Адерма дермалибур и Веледа за пеленска регија. Не се научив сама да му го мијам газето и затоа со памук и вода завршувам работа. Летово го помина во гаќи и имаше кристал кожа, сега користиме платнени пелени и кантарионово масло по какање. Исто е важно да се менува пелена на 2-3 часа ако е мочкано и одма ако е какано нели и да се остава малку гологазе.




Felly RR -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 16:55:07)

Lola добро што го спомна ова за пелените - јас некогаш ноќе му ги оставам и подолго, па тоа ми беше мисла, на колку саати му менувате ноќе?
А инаку за миење, се случува и по 5-6 пати во денот да го мијам, ако не го мијам, го бришам со тетра пелена и топла водичка.




lolla RR -> RE: Проблем со црвено газе (15.10.2015 20:32:18)

Ај некој нека ми објасни детално како сами го миете газето под вода (опција ми е само туш).

А за ноќе.преслакам во 10 пред да си легнам и рипнувам едно цицање, па на следно менувам пелена (освен ако не сум ептееееен поспана). Ако се покака менувам одма.




lukajana RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 8:23:59)

Lolla миеш газе само со туш или под чешма ,ништо комплицирано само вода да го помине .
Е сега за ноќно соблекување јас не практикувам.
Од прв ден се соблекуваме пред спиење па сабајле кога ке стане со исклучок на првите два месеци ако била какана, од тогаш ноќе не кака и пелената ни држи до сабајле.
Проблем со црвено газе сме имале само неколку пати и поминувал одма ,на второ соблекување нема ништо .
Користам влажни и одмивам два пати во денот и мачкам крема




Felly RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 8:52:28)

Лола, со тушот и мене ми е покмплицирано, пошто со една рака треба да го држиш бебето, со друга тушот, ама затоа под чешма, со една рака го држиш под градите, а другата ти е слободна да го подзамиеш. Исто ко за капење, ние барем така го капиме. - ај ќе пишам и во таа тема.
Еднаш па на youtube гледав видео, друг начин, мајкатаго миеше со држење ко за доење - значи со главчето потпрено на лактот, а газето под дланката, ама така млазот вода му тече од напред, не на газето.




lolla RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 9:21:03)

Многу ни се плтки лабавото и чешмите во вц, ми е страв директно под чешма да не го треснам во нешто или изгребам со славината. А во кујна, таму ако пуштам само млаз вода ке успеам, ама во кујна газе се мие ли?




Felly RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 9:24:22)

Lola, јас го мијам и во кујна, посебно сега дека е ладно, од купатило треба цел ходник да го шетам голо. Само ставам легенче, водата да тече во него, да не одат каките тука кај што го миеме приборот за јадење, и после валканата вода си ја истурам в купатило.




sandriana RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 10:28:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Lola добро што го спомна ова за пелените - јас некогаш ноќе му ги оставам и подолго, па тоа ми беше мисла, на колку саати му менувате ноќе?
А инаку за миење, се случува и по 5-6 пати во денот да го мијам, ако не го мијам, го бришам со тетра пелена и топла водичка.

Ако не е какано ноќе, сметам дека нема потреба од менување пелена. Како lukajana, помалите бебиња на кои им се случува ноќе да се искакаат - да се смени пелена, инаку не. И така после извесно време (негде после 40тина дена)регулираат биоритам и ретко какаат ноќе. Особено сега, кога заладува, да расоблекуваш бебе сред ноќ, па и да го расонуваш, нема потреба.
Почесто миење, избегнување влажни, соодветна крема за газе - тоа е превентива кај она редовно црвенило што се јавува кај скоро сите бебиња (не зборувам за исклучителни медицински случаи). И пак ќе се повикам на еозин и хиперманган кај изразено, подолготрајно црвенило.




vezilka RR -> RE: Проблем со црвено газе (16.10.2015 14:50:21)

Јас ноќе не сум пресоблекувала деца никогаш. Ниту едно од децава не какале ноќе, или толку ретко им се случувало тоа што не се ни сеќавам. Неколку пати со Никола ми се имаше случено да прокисне пелената, ама тоа веќе поголемко кога беше, и тогаш преслакав. ёИнаки вака без причина што се вика, не сум пресоблекувала.Иако со Јосиф имавме препорака за почесто менување на пелените заради превентива од фаќањена инфекции, ноже не сум го преслакала. И не сум ги одмивала со вода повеќе пати во денот. Само навечер пред спиење, преку ден влажни марамици сум користела. И крема се разбира. Сега со Јосиф од како ја открив, кремата со невен на Регина, само таа ја користам и скоро никогаш не ми се појавило црвенило. Ако се појав, прскам со Џинџира алба и веднаш поминува, за неколку саати.




AnnaMolly RR -> RE: Проблем со црвено газе (20.10.2015 11:11:36)

Џинџирата е многу добра за секаков вид осип. Кумашинката имаше проблеми со синот со пеленски осип, ги сменија сите можни пелени мислејќи дека е од тоа. Кога почна да го мачка со џинџира скрос му се повлече осипот.
Јас ја користев и за сипаниците кога имаше Филип и ептен добра се покажа, подобра стопати од онаа стандардната течна пудра.




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]