Cipi Ripi -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (9.1.2013 13:27:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi а тое е дека топлификација немала да испорача сметки за декември[sm=zmeden.gif] за многу години нека е[sm=jezicek.gif] ..еее, оти така? Многу добри станале! Јас колку што прочитав и разбрав од луѓе, затоа што увиделе дека многу луѓе преплатиле. Извор: Без Пардон Автор: Билјана Дамјановска Декемвриските сметки за парно греење ќе ги израдуваат скопјани. Тие, според најавите од „Топлификација“, која го грееше главниот град до декември, ќе бидат драстично помали отколку претходно, пишува Дневник. Според весникот, некаде нема ни да има ништо за плаќање, а некои граѓани ќе имаат и плус за земање. -Сето тоа ќе зависи од она што го покажуваат мерачите во зградите за количеството потрошена топлинска енергија при порамнувањето направено на крајот од годината. Па така, на скопјани што се приклучени на централното греење и кои од 15 октомври наваму имаа млаки радијатори или истите им беа исклучувани при секој зрак сонце, што предизвикуваше огромно незадоволство, ова ќе им биде некаква сатисфакција, анализира Дневник. - Некои граѓани ќе добијат помали сметки, некои нема да имаат ништо за плаќање, а на некои и ќе треба да им се врати дел од она што е повеќе наплатено, вели Драган Маканаџиев, портпарол на „Топлификација“. Тој за весникот објаснува дека оние на кои треба да им бидат вратени пари, покрај сметките за кои ќе имаат „0“ за плаќање, ќе добијат и известувања, да достават број на трансакциска сметка на која ќе им биде вратено преплатеното. Корисниците кои се исклучени нема да бидат дел од порамнувањето, туку им останува да чекаат што ќе реши Уставниот суд каде што е поведена иницијатива за преиспитување на оваа обврска. -Според правилата на РKЕ, инаку, со сметките што граѓаните ги добиваат од август до декември практично треба да се покријат трошоците направени во првиот дел од грејната сезона – односно од 15 октомври до крајот на годината, кога се прави првото порамнување. Тогаш се прави пресек на потрошената топлинска енергија по станбени објекти во првите два и пол месеца од грејната сезона. Сметките што доаѓаат од јануари заклучно со јули треба да ги покријат трошоците за греење од јануари до април, при што повторно порамнување се прави во мај, односно со завршување на грејната сезона. Изминативе години, ваквото порамнување не даваше некакви поголеми ефекти бидејќи главно немаше драстична разлика меѓу сметките кои се добиваа и тоа што наводно реално било потрошено, објави Дневник. „Топлификација“ со обврската добиена од Регулаторот, од ноемвриските сметки почна да го прикажува и количеството потрошена топлинска енергија по станбени објекти, при што можеше да се види дека има отстапување од тоа што се наплаќа и тоа што е потрошено. Од почетокот на годинава, обврската за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија премина во рацете на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) која од „Топлификација“ презеде околу 400 вработени кои дотогаш работеа во овие сектори. Напомена од модератор: Надворешни линкови не се дозволени.
|
|
|
|