Snowhite RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (28.5.2013 21:16:52)
|
Леле жени што се случи или за малку ќе се случеше, за што сега можев да жалам и да тажам и да се зацрнам за цел живот. Отидовме со Јана со количката да го земиме Михаил од градинка и си одиме накај дома и М одеше покрај си кинеше ливчина од една жива ограда и пошто се приближивме до раскрсница му реков ајде иди М до мене да те гледам коли поминуваат овде и дојде до мене и му велам оди покрај мене, застани кола иди да помини па ќе преминеме, арно ама наместо тоа, не знам што му текна, никогаш не направил така, тргна сам да ја преминува улицата, а кола идеше, јас кога го видов пред кола готово крвта ми замрзна, го изгазија реков, само вреснав и среќа во несреќа не возеше брзо и застана. Кога видов дека застана ми олесна, ама уште цел саат после тоа не можев да се совземам. Леле не ми се верува што можеше да биде. Обично така не прави секогаш гледаме пред да преминуваме улица, ама во дете верба нема. За лошто не треба многу
|
|
|
|