miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (7.8.2013 15:47:15)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak Како сте жени? Сте се раздвижиле гледам. Јас да ви се пожалам, кому ако не вас? Значи толку се нервирам некогаш што живеам овде каде што живеам што овој наш град основни потреби не ми задоволува и ми доаѓа преку глава веќе од барање и молење. Па точно оти имаме и предности ама откако е родена Ј нас стално нешто ни фали што тука го нема. Може јас имам високи критериуми ама па само јас ли сум? Треба ли да има избор за секого? Се убив од барање вреќа за спиење есенва, патики зимава, чевлички пролетва, чико наочари за сонце и точак летово[sm=hudicek1.gif] Во цел град еден единствен дуќан за се и сешто и ако таму нема нема нигде. Замислете од овие пластичните обични трицикли со настрешница САМО ЕДЕН модел има и тоа е надвор на сонце цело лето. и ајде организиравме денес пријател на татко ми оди службено во Струмица, да најдам контакт број од онаа продавницата Тиара, да прашам дали имаат (имаа слика на фејсбук па одбравме еден модел) и ако го имаат човекот да оди да го земе и да го плати само. А будаливе од Тиара не ми одговараат на пораки, тешко им е да ми напишат телефонски број. Не да сум се изнервирала, им пишав и ги отерав... [sm=hudicek1.gif] Извинете на долгиов пост, некаде морав... Срцка ,во мај марјкет тука кај нас во Илинден има бутик ТИАРА ,не мораш да одиш во Струмица.. И тука има трицикли...Јави им се на телефон и ке ти кажат какви има и колку пари се...Види во мај маркет - илинден најди контакт и јави им се..знам на времето Јами Мами сакаше џампер од тука и им се јави на телефон и кажаа какви има па јас и го земав - незнам дали се секавате.Такада види на златна книга земи контакт број и јави им се тука . Ти пишав телефон од мај маркет во пп,јави им се и замолиги да ти дадат или број или да те поврзат со бутикот..Бутикот е внатре во склоп на маркетот.. Да не одев вечер на одмор ке ти помогнев,ама ептен сум во фрка трка и не би можела а башке ми беше мило да те услужев и тебе. Во секој случај ако ти треба помош до вечер сум тука па пиши ако ти треба нешто.. Сега за сега ве напуштам,ако успеам до вечер ке ви пишам уште нешто пред да појдам..поаѓаме во 03 часот и се вракаме на 25 ти здравје боже ако е се во ред..Ве гушкам сите и ви посакувам пријатен останок [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|