|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:34:05   
scared RR
Како што знам во случаеви на пцос. Мене никој не ми предложи туку медицинска сестра на гак ми рече зашто не го провериш инсулинот битен е за забременување. И го проверид и што да видам покачен. Потоа отидов кај доктор Крстевска (ендокринолог) која ми побара и скриен шеќер да проверам и ете сега сум на терапија со метформин од 500 мг три пати дневно. Некогаш докториве се толку неажурни што мораме сами да си ги побркаме работиве. Инаку докторката ми рече дека и во бременоста ќе морам да го пијам метформинот до кај 4-5 месец.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:37:23   
Melanija RR
Оф бре е зошто го даваат? Јас мислам бев тогаш прва што испитува, се трудници беа.Стварно мојата матична беше понапред од другите.Симптоми нема освен не редовна овулација.А јас незнам дека имаш такво нешто user posted image
Наводно резистентност се трошел шеќерот , во стилот како полицистични јајници.Но добро е да се направи а посебно со точни инструкции ако е потребна подготовка

Само не ми е јасно тоа дека е инсулин,тоа е мерење шеќер после оптеретување .А ислусин имам испитувано но како хормон на Клиничка биохемија

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 11.12.2014 14:39:03 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:40:02   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Оф бре е зошто го даваат? Јас мислам бев тогаш прва што испитува, се трудници беа.Стварно мојата матична беше понапред од другите.Симптоми нема освен не редовна овулација.А јас незнам дека имаш такво нешто user posted image Наводно резистентност се трошел шеќер, во стилот како полицистични јајници.Но добро е да се направи а посебно со точни инструкции ако е потребна подготовка


Е ајде де, јас немам ништо од тоа што наведе...баш напротив имам редовен мензис, имам овулација, немам полицистични јајници.......затоа се чудам сега зошто треба да го испитам, кој ќе фати крај со крај значи......


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:42:03   
scared RR
Инсулин е посебно како хормон и јас го испитував. А ова другово е скриен шеќер, односно каква е глукозата после оптеретеност на организмот со 75 % раствор на гликоза. Ама имаа некаква поврзаност еден со друг. Зашто всушност покачен инсулин значи дијабетес тип 2. Инаку шеќерот и мене при проверка на крвна слика дури и низок ми е , ама ете вака си има проблем.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:56:39   
Kvisko
Јас кога испитував на Енодкринологија паралелно со гликемијата ми испитуваа и инсулин. Само така со сигурно може да се добие вистинксата слика.

Може да има покачен шеќер и низок инсулин и тоа е дијабет. Дијабетот има симптоми и затоа и може да се открие со едноставна проверка на крв на гладно.

Може да се покачува шеќерот по јадење и да се враќа во нормала после тие два саати и тоа е скриен шеќер. Овде нема никакви симптоми лесно приметливи. Кај трудници е ова битно затоа што може да даде проблем со равојот на плодот и да доведе до труднички дијабет.

Може шеќерот (гликемијата) цело време да е нормална ама инсулинот многу да се качува и тоа е инсулинска резистенција. Клетките во организмот не реагираат правилно на инсулинот и мора телото да лачи повеќе инсулин за да ја одржи гликемијата во нормални граници. Овде нема лесно приметливи симптоми освен можеби некогаш потреба за благо (инсулинот е покачен па ги троши шеќерите). Ова е битно кај неплодност. Кај мене на пример инсулинот на почеток е нормален ама се покачува прилично на саат време после пиење на растворот и се враќа блиску до ама пак над нормала после 2 саати. Ако ми го испитаат само инсулинотѕ на гладно јас имам нормални вредности кои всушност не се валидни.
Инаку инсулинот како што прочитав некогаш наликува на полоците хормони и ги буни јајниците.

Затоа за неплодност правилното испитување е испитување на двата параметри паралелно не само едниот. Не сум сигурна дека приватниве испитуваат онака како што треба.

Ендокринологија е добар избор за ова испитување, а и горе на ГАК на одделение за неплодност знаат убаво да ти објаснат што ти треба да испиташ. Мене Трајанова од таму ме прати на Ендокринологија бидејќи на ГАК тогаш не испитуваа инсулин. Прашај можеби сега целото испитување го прават и на ГАК ако сега испитуваат инсулин. Мислам дека на ГАК побрзо ќе завршиш работа. Закажи мој термин на оддел за неплодност. Било кој од докторите таму ќе ти даде совет и мислам дека може директно да те препрати во лабораторија за да го направиш испитувањето.

Е сега не знам дали ти треба да ог правиш тестот. Јас го правев затоа што имам ПЦОС. Кај ПЦОС е апсолутно индицирано да се направи бидејќи е еден од параметрите кои се многу битни. Знам дека се испитува и кај жени со покачена тежина или отсуство на овулација. За други индикации не знам.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 11.12.2014 14:58:04 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:57:28   
lolla RR
A значи затоа мене Димитров ми даде Метформин да пијам од пред пункција, може дека немав испитано пред тоа никогаш шеќер, па за секој случај. И кога прашав зошто е, само ми рекоа дека регулирал многу важни функции на молекуларно ниво???
Мислам дека скриениот шеќер само гликоза се проверува, а инсулин никогаш немам проверено. И зголемено ниво на шеќер по 1-2 саата индицира на гестациски дијабет и која го има, подоцна во живото се поголеми шансите за дијабет тип 2. Абе поголеми доктори од докториве сме станати. И јас колку знам, дијабет тип 2 е тотално од тип што се контролира преку начин на живот. Ловабл, ајде баш пиши што ке направиш и што ке испадне, дали само ОГТТ или и тоа инсулин ке проверуваш иако мора да се некако поврзани тие двете.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 14:59:47   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Ендокринологија е добар избор за ова испитување, а и горе на ГАК на одделение за неплодност знаат убаво да ти објаснат што ти треба да испиташ. Мене Трајанова од таму ме прати на Ендокринологија бидејќи на ГАК тогаш не испитуваа инсулин. Прашај можеби сега целото испитување го прават и на ГАК ако сега испитуваат инсулин. Мислам дека на ГАК побрзо ќе завршиш работа. Закажи мој термин на оддел за неплодност. Било кој од докторите таму ќе ти даде совет и мислам дека може директно да те препрати во лабораторија за да го направиш испитувањето.

Е сега не знам дали ти треба да ог правиш тестот. Јас го правев затоа што имам ПЦОС. Кај ПЦОС е апсолутно индицирано да се направи бидејќи е еден од параметрите кои се многу битни. Знам дека се испитува и кај жени со покачена тежина или отсуство на овулација. За други индикации не знам.


Фала ти Квиско, морам убаво да се распрашам за ова, а тоа што го наведе последно е дека ништо од тоа немам јас ни покачена тежина, ни пцос, ни отсуство на овулација.....затоа морам да прашам, а не само за пари да давам, башка и губење време по клиники, боцкање и сл.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
11.12.2014 15:01:44   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

A значи затоа мене Димитров ми даде Метформин да пијам од пред пункција, може дека немав испитано пред тоа никогаш шеќер, па за секој случај. И кога прашав зошто е, само ми рекоа дека регулирал многу важни функции на молекуларно ниво???


Е тоа де, па мене Димитров не ми даде метформин, по она што го виде од мојата историја, ајде де......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 14:44:38   
LoveableMe RR
Бев кај мојот интернист-ендокринолог и ми рече дека според сите параметри што ги имам, нема никави индикации дека имам скриен шеќер, е сега на мене останува да одлучам дали ќе го правам тестот.

Ми кажа дека со упат од матичен лекар прават во Авицена и Адрија лаб, не ми се веруваше, сега вртев во Авицена, ми кажаа дека тестот чини со упат 36 денари (замислете) и дека нема термин до 12 јануари, ако сакам тогаш да ми закажат, на приватно е 700 денари и не закажуваат за приватно. Зборот ми е прават и приватниве и тоа е доста евтино, само човек да се распраша убаво, инаку ќе го одерат од пари...user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 14:58:56   
lolla RR
E Lovable, поефтино и од ГАК ова, таму е 40 денари. Земи испитај си да си на чисто со себе, од што знам какви сме, па ке ти остане на мисла. А инаку не е ништо страшно ако немаш мака од боцкање 3 пати во вена во рок од 2 часа. Јас си го земав и мм и на лаптопот филм гледавме додека чекавме во кола. Ајде нека е добро, што си минала ке мине и ова. Само да ти одговара терминот.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 15:02:24   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

E Lovable, поефтино и од ГАК ова, таму е 40 денари. Земи испитај си да си на чисто со себе, од што знам какви сме, па ке ти остане на мисла. А инаку не е ништо страшно ако немаш мака од боцкање 3 пати во вена во рок од 2 часа. Јас си го земав и мм и на лаптопот филм гледавме додека чекавме во кола. Ајде нека е добро, што си минала ке мине и ова. Само да ти одговара терминот.


Искрено лола, ич не ми е мисла, тоа ми го предложи само Кочо, никој друг....затоа консултирав други лица за да се потврдам, ете уште еднаш на Петановски ќе му кажам дека ми рекле не треба, па ќе видам ако ми рече, тогаш ќе испитам.....Најмногу ми е да не се малтретирам и пари да давам, пошто кај сум банкрот, па уште и уморна од доктори, боцкања, тестови....затоа сакам да се поштедам од било што дополнително ако не треба....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 15:10:47   
lolla RR
Се надевам не офтопикувам премногу, ако тебе не ти е на мисла, тогаш не го прави и готово.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 16:37:14   
MademoiselleNina
Значи дефинитивно треба убаво да се истражи пред да се прави испитување!, во Хемолаб беше околу 2000 ден. Пердност е тоа што го прават и во сабота и немора да се излегува од работа, ама сепак разликата е огромна!
Инаку трипати ќе те боцкаат во вена и ќе ти дадат да испиеш нешто гадно благо, но, се на се, не е толку страшно. Ама ако мислиш дека не мора, не го испитувај. Јас испитав бидејќи кај мене во семејството и од стрната на мајка ми и од страната на татко ми, бабите мои имаа шекер. Па поради генетски предиспозиции сакав да видам дали имам или немам. Инаку ако немаш преиспозиции па и не мораш да по правиш тестот.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
12.12.2014 19:15:15   
Hopeful RR
Колку било ова комплицирано! Поима немав, искрено. Стварно треба почесна диплома да ни дадат колективно на сите, што се не ќе научиме вака. Значи само треба некој да се посвети и да се заангажира малку, а нашиве доктори очигледно се презафатени за тоа.

Loveable Me, штом е толку евтино, јас би го испитала, освен ако не се договорите со Петановски за ЕТ пред 12 јануари. Во тој случај, нека ти даде Метформин, ако не па.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
13.12.2014 10:13:42   
LoveableMe RR
Lolla, баш напротив не си офтопик, темата е да чуеме што повеќе мислења, што повеќе искуства и убаво да ги провериме работите, да не трчаме да испитуваме се што треба и не треба и така сме под стрес повеќе години со неплодност, секое дополнително трчање уште полошо ни влијае на состојбата. Јас на форумов дознав доста работи и искуства и навистина ми е од помош, се надевам и на другите им е од корист она што јас ќе го слушнам и доживеам/

Она што заборавив вчера да ви пишам, а што ми кажа ендокринологот е дека да одам дома и да проверам дали кога сум испитувала крвна слика, оној класичниот шеќер дали ми бил над 5,6 на гладно? Ако не ми бил, рече нема потреба да испитуваш ОГТТ. Тој ОГТТ се испитува кај луѓе со наследен фактор, прекумерна тежина, пцос и кај луѓе кај кои обичниот шеќер е малку покачен на класичните испитувања на крвна слика. Јас отидов дома, ги најдов испитувањата на крвна слика што ми ги правеле за документација за ИВФ, кои се во размак од 8 месеци и на двете шеќерот ми е 4,6 и 4,7 соодветно.

Хопефул, ќе го прашам Петановски, но овие советувања од ендокринологот некако ми се доволни за да не испитувам ОГТТ. Се надевам дека со искуствата ќе им помогнам и на другите, повеќе прашувајте, собирајте мислења, не трчајте по тестови од прва....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 13.12.2014 10:14:49 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
14.12.2014 19:51:08   
Kvisko
LoveableMe мене гинеколокот ме прати на тест за ОГТТ и плус инсулин зашто шеќерот на гладно ми беше блиску до долна граница. Јас затоа испитував паралелно гликемија и инсулин. Иако упатото ми беше со ОГТТ на Ендокринологија се согласија со Трајанова од ГАК и енодкринологот запиша паралелно испитување на инсулин и гликемија. Испадна дека имав проблем со инсулинот не со шеќерот. Ама пак ќе кажам кај мене имаше индикации.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
15.12.2014 15:02:35   
LoveableMe RR
Бев кај Петановски и остануваме на тоа, дефинитивно бара да испитам ОГТТ, ми рече или на Ендокринологија или кај Кочо, тие ги ценам најмногу за тоа што после добиваш детален извештај, затоа...му било потребно заради трансферот и квалитетот на ембрионите, да бидеме ми рече начисто....

Е сега сцаред гледам напишала нема термин на Ендокринологија до февруари, а јас до почеток на јануари ќе треба да имам резулат....морам да решам што ќе правам, евентуално дали примаат со приоритетен упат на Ендокринологија.....оф леле, маки наши

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.12.2014 10:57:57   
Kvisko
LoveableMe јас на ендокринологија отидов со приоритетен упат. Сестрите на палтер ми правеа проблем па на крај ми рекоа оди ако те прими некој доктор ама џабе ќе чекаш. Се отидв кај амбулантите и си чекав да завршат сите со закажани упати и си влегов во една амбуланта. Докторката с епогоди ептен фина и не и беше гајле каков вид на упат имам. Ми напиша мислење се понуди да ми ги види и хормоните што ги имав испитувано и ме препрати да договорам термин за тестот. Потоа таа сестра кај што го договарав терминот бепе исто супер, ми кажа како да се подготвам и да си земам нешто за читање зашто нема да смеам да се движам.
Ова беше моето искуство. Наоруќај се само со мисла дека убавиот збор железни врати отвора и дека ќе си почекаш некое време додека те види лекар првиот пат.
А и цената деифнитвно не беше до 40 денари. Некаде околу 200 денари платив. Тоа е веројатно затоа што испитуваат и инсулин кој е апсолутно битен за квалитет на јајце клетките.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 16.12.2014 10:59:31 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.12.2014 11:07:09   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

LoveableMe јас на ендокринологија отидов со приоритетен упат. Сестрите на палтер ми правеа проблем па на крај ми рекоа оди ако те прими некој доктор ама џабе ќе чекаш. Се отидв кај амбулантите и си чекав да завршат сите со закажани упати и си влегов во една амбуланта. Докторката с епогоди ептен фина и не и беше гајле каков вид на упат имам. .........
А и цената деифнитвно не беше до 40 денари. Некаде околу 200 денари платив. Тоа е веројатно затоа што испитуваат и инсулин кој е апсолутно битен за квалитет на јајце клетките.


Така и мислам да направам, наудрена со приоритетен упат да одам, фала ти, па ќе пишам кога ќе завршам, позз


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.12.2014 11:59:08   
scared RR
LoveableMe ако можеш слушни се со матичната одма да ти закаже се ослободил термин кај доктор Крстевска за 8 денаuser posted image Инаку ако идеш со приоритетен упат после 12 часот биди таму, ама мора прво на шалтер да се пријавиш и да те викне докторот. Тие сестрите на ендокринологијане ги можам воопшто не се фини user posted image се надевам дека нема да ти мрчат ништо на тебе.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
16.12.2014 14:24:11   
lolla RR
Барај приоритетен упат, нека ти пише про ИВФ и готово. Мада изгледа вистина ги казнувале бидејки давае приоритетни упати, ама ако се мора што да се прави. Ајде среќно, и дај боже резултатите да сесупер.

ПС И јас летово бев со приоритен на ендокринологија, никој не ми направи никаков проблем. Е сега има чекање, ама ние сме научени на чекање.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
17.12.2014 13:51:10   
LoveableMe RR
Бев кај матичниот гинеколог, вика по ново јас не можам да издадам упат за ОГТТ на ендокринологија, може преку матичен општ - па интернист...долго и нашироко, па реков да земам од општ матичен за Авицена, а деновиве ќе одам кај др. Бранкица Крстевска да ја прашам што -како, ми рече најубаво ќе ти каже жената дали треба или не треба тоа да испитуваш. Па ако треба, поевтино ми е да одам во Авицена, па кај неа со резултатите, ооф маки невидени......

Оф топик, по ново и не можеле гинеколозиве да даваат упат за хормони на ГАК, туку само Идадија и другиве центри, лелееееееееееее ептен беља....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
17.12.2014 15:49:32   
весник
aj ve molam pisete mi dali znaete kako se ispituva toj skrien seker ili ogtt kako i da se narekuva....treba li nekoja prethodna podgotovka,kako odi toj protokol ili samo preku krv se ispituva...a se ispituva li na privatno i kolku cini...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
17.12.2014 15:49:34   
scared RR
LoveableMe точно дека неможе да издаде упат за огтт ама тоа не е ново, отсекогаш е така, мораш прво кај ендокринолог па он ти дава лабораториски упат за во нивната лабораторија. И сигурно матичнава ти кажува точни информации? Пред недела испитував хормони на Гак со упат од матичната user posted image

Весник имаш доста пишувано на предходните страници, прочитај си, ако нешто не ти е јасно прашај, ама мислам доста е објаснето user posted image

< Поракaта ја уредил scared -- 17.12.2014 15:50:31 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Скриен шеќер /ОГТТ
17.12.2014 16:38:22   
butterfly1
ау од каде ова сега со хормониве на гак јас цело време таму испитувам да не кажам 10тина години, некако не ми е верна инфгормацијата user posted image да не е ова како мојава матична што неможе да прака пап тестови на гак пошто немала договор склучено па ги прака во воена

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?