LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (10.4.2014 11:56:58)
|
Цинк: колку е значаен за вашата плодност? Само недостигот на цинк нема да ве направи неплодни, но е клучен фактор за правилно функционирање на многу делови од репродуктивниот систем. Зинкот работи си повеќе од 300 ензими за телото да работи правилно. Без него, нивоата на естроген и прогестерон не можат да бидат во баланс, па вашиот репродуктивен систем не може потполно да функционира. Кај жените, зинкот игра клучна улога во создавање на квалитетни јајце клетки, ја одржува фоликуларната течност која е потребна јајце клетките да патуваат низ фалопиевите туби и да стигнат во матката за оплодување, ги регулира хормоните (естроген, прогестерон и тестостерон) и ги држи стабилни низ целиот менструален циклус. Тоа е особено важно меѓу ден 2 и ден 4 од циклусот на жената. Ниските нивоа на цинк се директно поврзани со спонтани во раните фази на бременоста, според Извештајот на Центарот за контрола на болестите од асистирано репродуктивната технологија, кој ги мереше бројните резултатите на извештаи за неплодност/спонтани абортуси во САД. Земањето на цинк може исто така да ја намали големината на фибромите/полипите во матката и да го олесни забременувањето кај жените. 30 мг цин дневно може да помогне да се намалат фибромите/полипите и да се зголемат шансите за бременост. Вообичаената доза кај жени кои немаат проблем со фиброми и сл,е 15 мг дневно. Кај мажите е исто важно земањето на цинк за зголемување на количината на спермата, подобрување на формата, функциојата и квалитетот на сперматозоидите. Кај ниски нивоа на цинк кај мажите, имаме лош квалитет на сперма, спори сперматозоиди, хромозомски абнормалности кои може да бидат причина за спонтан абортус или проблеми со имплантацијата. Во храната, цинкот го има во школките, семки од тиква, сусам, џигер, телешко месо, јагнешко месо, јогуртот, грашакот, ракчињата . Изложеноста на стрес, загадување, алкохол, цигари ја намалува дозата на цинк во организмот внесен преку храна. Извор: natural fertility ---------------------------------- Недостигот на зинк може да прави проблем на генетскиот материјал и/или носи поголем ризик за спонтан абортус и потешко забременување. Секоја клетка во нашиот организам содржи цинк. Не само што е значаен за имунскиот систем, туку влијае на производството на ДНК, производството на хормоните и го балансира нивото на шеќер во организмот. Кај мажите цинкот влијае на формирањето на опашката кај сперматозоидите и надворешниот слој на спермата. Без цинк спермата не може соодветно да созрее и да ја оплоди јајце клетката. Доколку пак дојде до оплодување, недостигот на цинк може да предизвика хромозомски абнормалности и да се случи неможност за имплантација или спонтан абортус. Кај жените, недостигот на цинк може да предизвика хормонален дисбаланс, проблеми со јајниците, нередовни менструации, да го инхибира метаболизмот на протеините, кои се важни за висок квалитет на јајце клетките. Според одредени истражувања, препорачан дневен внес на цинк се движи од 25-50 мг на ден, зависно од случајот на мажот/жената. Извор: conceive easy
|
|
|
|