RE: Потребни витамини за да се забремени (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (27.2.2015 21:21:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: honey bunny

a ginekolozite nisto ne vikaat, rano bilo za rezultati, da ne se plasam, postapno ke se pravat sitr ispituvanja i nema prostor za panika


Да, бар уште 6 месеци до 1 година, ајде фрлете се на работа[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (1.4.2015 18:04:42)

Мене денеска Ивановски ми направи фаци зашто пијам витамин Д3 [sm=zmeden.gif] веќе од мака ќе почнам да се смеам па како да не го пијам кога е битен, демек ништо од терапијата на ендокринологот немало да ми помогне, а тој ме прати таму боже [sm=jezicek.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 13:03:50)

Ја видов активна темава и ми текна на едно искуство, па сакав да го споделам со вас. Девојка која долги години се обидувала да забремени, направени сите тетсови за неа и сопругот, се е во ред, ништо не недостига, оди во аџибадем во турција и тука ја советуваат сите ресултати да ги собере и да ги прати на некој институт во америка (незнам кој) и од таму поштенски и стига одговор дека нејзиниот организам, го исфрла витаминот ц и тоа е причината, советот што и го дале е прекумерно да внесува вит ц, на што се згазила од смеење, почнала да пие вит ц и за три месеци останала бремена, лесна и нормална бременост, со здраво и право дете. Лекот е пет пари, само треба да се најде, така рекле и така било.

Ова е само едно искуство плус кое ви го пренесувам, нема ништо да изгубите ако го внесете повеќе од доволното, ако ништо друго бар ќе ве прочисти и засили.




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 13:08:45)

Да, да знам и јас за овој случај, жената била вработена во систина како што знам. [sm=smiley1.gif] Стварно некогаш лекот е ситница ама додека да дојдеме до него [sm=zmeden.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 13:10:38)

да, за истата збориме [sm=smiley1.gif]

Муабетот ми е и следно, јас работам во аптека и ми доаѓаат често пациенти кои бараат совет и лек од мене, не секогаш тоа завршува со купување на некој лек, често знае да заврши од моја страна со упатување што и каде да испита, јас сакам да ја знам причината и причината да ја третирам, џабе се симптоматски терапии, кога проблемот пак ќе се појави. Така да убаво распрашајте си се за сте испитувања, детални кои мора да утврдат причина, мора причината да се третира.




Hopeful RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 13:27:23)

Комплетно се согласувам. Во целиот овој склоп на фактори што влијаат на забременувањето, најмистериозен и најмалку познат е имунолошкиот. Не може слепо да внесуваме витамини, минерали и останати суплементи за имунитет или за што било, без да знаеме точно што правиме. Пресилен имунитет е подеднакво голем проблем како и преслаб, и не треба да се забегува. Многу арно не е на арно [sm=smiley1.gif]




bubla -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 14:36:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Мене денеска Ивановски ми направи фаци зашто пијам витамин Д3 [sm=zmeden.gif] веќе од мака ќе почнам да се смеам па како да не го пијам кога е битен, демек ништо од терапијата на ендокринологот немало да ми помогне, а тој ме прати таму боже [sm=jezicek.gif]


Мене Лазаревски ми даде да пијам вит Д. А колега негов вели не теба?!




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 14:42:05)

Кога му кажав дека пијам капки Д3 ме праша од кај тоа сега му кажав дека ендокринологот ми даде да испитам и дека недоволен ми беше и ми препиша и он се насмеа само и фаца направи. Потоа кога ја гледаше целокупната терапија препишана од ендокринолог ми рече само метформинот ти е ок другово ништо [sm=smiley36.gif] Ама јас ќе си ги пијам , зашто знам дека се битни а и ендокринологот ми рече дека е поврзан со инфертилитет витаминов. Ама поентата е дека некој нема да знае како мене а капките од само 100 денари може да му помогнат и е те како.




bubla -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 15:33:40)

Глупости. Мене Лазаревски баш и ми објаснуваше дека поновите истражувања покажуваат директна врска на витаминот Д со забременување.
Мојот резултат беше 25 и ми даде да пијам по 5 капки на ден (2500 ИЕ).
Да се дополнам, јас испитувањето го правев по негово барање.




LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 15:36:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla

....поновите истражувања покажуваат директна врска на витаминот Д со забременување.


Потпис, сосема точно и јас ги читав по триста сајтови овие сознанија за витаминот Д. Внимавајте што купувате од препарати, бидејќи досега само за два е сигурно потврдено дека го подобруваат витаминот Д, немојте да купувате што било од аптека. Не можам да пишам овде, за да не биде пропаганда.




bubla -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:08:31)

Ловабл ај пиши ми ако теба и лп кои се препаратите. Јас пијам вигантол. Ми кажа д-рот добро е.




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:11:00)

LoveavleMe ако сакаш и мене пиши ми, јас пијам Пливит Д3 капки Крстевска овие ми рече да ги земам.




весник -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:27:03)

aj i mene pisi mi vo licna poraka...jas pijam 10 kapki nedelno vigantol...po preporaka od dr.Brankica Krstevska od klinika endokrinologija.




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:32:54)

[sm=smiley36.gif] Ова на сите различно ни даваат, како ги распоредуваш вигантолот Весник? Јас по 4 капки дневно пливитд3 пијам, ама чинам послаби се моиве.
И колку ти беше витаминот? Мене 13.




весник -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:40:09)

mene mi bese 22...i vo sreda i nedela zemam po 5 kapki vo malo lazice...znaci vkupno 10 kapki nedelno.22 bese normalna vrednost no nemalo zijan ako sum zemala bidejki togas koga mi gi dade bese pred ivf i bese vo zimski period i mislenjeto i bese deka ke bidam doma zatvorena so odmaranje i deka ke mi bidat zamena za vitamin d koj bi go dobivala od soncevata energija.




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:53:21)

Мене ми беше 13 а реф. вредности беа од 10-44. Сега кога си правам пресметки некако малце ми делува дозава што ја пијам, а и еве што ако има сонце кога цел ден сум дома [sm=zmeden.gif]




kapina -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:53:44)

Na mene bese 11 .34 sega o vigantol ne mi deluvaat od zegin mi preporacaa edni drugi prviot pat koga gi piev vit d bese 10 i za trimeseci se pokaci na 12




bubla -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 16:54:04)

според класификацијата која ја имаше во моите референтни вредности пишуваше до 11 витаминотне дефицитарен, до 30 недоволен, а над 30 доволен.
Јас пијам по 5 капки на ден со мојот резултат од 25. И тоа вигантол е појако од пливит.




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 17:02:04)

bubla ама во упатстовото пишува да не се зимаат повеќе од 1000 и.е дневно за да не дојде до хиперкалцемија и малце шубе ме фаќа иначе би појачала.




bubla -> RE: Потребни витамини за да се забремени (2.4.2015 23:24:27)

На вигантол нема вакво нешто или јас не видов?! јас сама си пиев по 2 капки на ден. Докторот ми кажа дека тоа е малку.
Имам и пливит неотворено, баш ќе видам на упатството што пишува..




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (3.4.2015 0:04:05)

Пишува исто да се ограничи внесот на храна која природно содржи витамин д како јајца и риба, и исто производи збогатени со витамин д како млеко на пример, јас прогуглав малце за хиперкалцемија и доста застрашувачка состојба делува.




LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (3.4.2015 9:11:32)

Во однос на витамин Д, еве ќе ви напишам тука совети, а за производите во приватни пораки. Е сега, кога витаминот Д е под границата од 30, тогаш се зема зголемена доза од дневно препорачаната 1000 И.Е. Мене кога ми беше под околу 9, ми дадоа 1 месец по 4000 И.Е (јас пиев 4 капсули или тоа е четири капки спреј) да пијам и потоа вториот месец по 3000 И.Е. дневно. На контролата кога отидов ми беше 30.42, што значи дека имаше ефект. Исто така, земав секој ден витамин К 80мг дневно (една таблета), бидејќи на тој начин најдобро се апсорбира витамин Д.

Сега ќе продолжам да пијам по 1000 И.Е. витамин Д3 дневно и по една таблета витамин К на секои два дена за да ја одржувам вредноста. Кога е витаминот Д дефицитарен воопшто не е страшно да се внесуваат и јајца и се друго, стари теории се тие дека демек да не било токсично, а за да дојде до тоа треба да е над 70 и повеќе вредноста, а кај некои препорачуваат и до 100 да биде за нормално функционирање, значи не можете со мали вредности кои ги имате на витамин Д да имате проблем, зошто и така ви е дефицитарен. Една студија во РМ покажала дека речиси секој еден или секој втор од нас има недостиг на витамин Д, иако живееме во сончева земја, а во Германија веќе почнале редовно да си пијат сите по 1000-2000 И.Е. дневмо за одржување на нивото на витамин Д.




LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (6.4.2015 10:51:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Ја видов активна темава и ми текна на едно искуство, па сакав да го споделам со вас. Девојка која долги години се обидувала да забремени, направени сите тетсови за неа и сопругот, се е во ред, ништо не недостига, оди во аџибадем во турција и тука ја советуваат сите ресултати да ги собере и да ги прати на некој институт во америка (незнам кој) и од таму поштенски и стига одговор дека нејзиниот организам, го исфрла витаминот ц и тоа е причината, советот што и го дале е прекумерно да внесува вит ц, на што се згазила од смеење, почнала да пие вит ц и за три месеци останала бремена, лесна и нормална бременост, со здраво и право дете.........


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR
Да, да знам и јас за овој случај, жената била вработена во систина како што знам. [sm=smiley1.gif] .....


Ај пишете колку е тоа прекумерна доза на витамин Ц на ден? Мислам колку и кажале дневно да внесува?[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (6.4.2015 11:39:47)

Мене за ова ми кажа мајка ми да ја прашам неа дали знае, ама сепак треба да се испита, зашто прекумерно внесување на витамин Ц не е добро, како што читав ќе се создаде ептен кисела средина која не е добра за сперматозоидите и жена што сака да забремени повеќе од 750-1000 мг дневно да не внесува. А, каде би можело да се испита кај нас не знам не сум сретнала, доколку некоја има инфо нека сподели со нас [sm=smiley1.gif]

Инаку фала ти многу LoveableMe за советот,ќе ги засилам капкиве и штом ги потрошам ги купувам другиве Д3 витамини и плус витамин К.
Како ни се учени докториве се чудам, да не знаат правилна доза да одредат. [sm=zmeden.gif]ѓ

А витамин Е пие некој? Каков пиете сакам да чујам препораки? [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Потребни витамини за да се забремени (6.4.2015 15:11:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

....А витамин Е пие некој? Каков пиете сакам да чујам препораки? [sm=smiley1.gif]


Препорака за забременување е до 400мг дневно витамин Е, наназад имаат некои рингерајки пишувано за тоа. Е сега за фирма не знам дали има некој искуство со некои што се добри, па ако има нека пише.




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>