Gwendolin -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино (15.1.2013 16:03:48)
|
Пред 3 год. една другарка ме одвлечка во продавница купи ефтино и јас малку скептично си купив зимско фустанче за 400 ден (е сега за некои се води туника, за некои фустан, ама има крој на фустан и е до колена) материјал волна и памук. По неколку недели се вратив и си купив уште 5. Две зими со ред не облеков ни панталони ни фармерки, само дебели хеланки и фустанче за на работа, за патување, за секаде. Е оваа зима не шетам многу па не ги експлоатирам многу. Од истото место мајка ми си купи џемпер и го отепа од носење. Е купив и чорапи кои се скинаа за 2 дена па само за фустани им одам. А термо хулахопки и хеланки ги земав од еден батка што ми поминуваше на работа, по 100-150 ден. ми ги даваше, супер се сеуште ги носам. А имам поклон такви дебели хеланки кои се купени над 500 ден. (не знам точно) ама од некоја поскапа продавница се, па не гледам разлика помеѓу нив и овие поефтините. Или мене така ми се погодиле. Мислам дека понекогаш вреди да се купи, ама пак...како ќе се погоди.
|
|
|
|