RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mila 3 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 14:49:50)

i vo MANA se naogaat dosta ubavi raboti a eftini. ne e bas 200 ama za 300-400 ima ubavi maicki




sandriana RR -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 14:50:42)

Во Беверли во подрум, од кај рампата за паркинг, право надолу до крај, дуќанот на ќош. За ГТЦ не знам.




Gardenia -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 14:56:33)

Од Пренди си имам купено 2 фустана летото,абе ги убив од носење многу пријатен памук супер ми се погодија за по жештините




anaana -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 15:16:19)

jas sum bila vo peveks i iskreno se naogjaat dosta dobri raboti. jas si kupiv farmerki lele masta im ja izvadiv
bas planirav denovive da vidam sto ima




Pepelaska * -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 15:18:09)

Ја си изнакупив маички од Певекс за 50 денари [sm=smiley36.gif] ќе се најдат за по дома летово секако ќе се преслакаме по 10 пати




Cipi Ripi -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 15:23:28)

Ехеее Дака е закон. Уште летоска кога ја отворија си купив едно прекрасно фустанче. Од тогаш детево во Дака го шетам, го вртиме цел Капиштец пошто тука се шетаме и на крај во Дака влегуваме со се количка, ме знаат веќе и го занимаваат Д додека пробувам. Имам 4 фустанчиња и тренерките им се мераци, за 300 денари се супер.




Natuska85 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (11.3.2013 15:33:13)

Абе кај е дака во гтц кажувајтее




dostickage -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (12.4.2013 10:44:49)

Nikoj ne znae kade e Daka vo GTC?




rina13 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (12.4.2013 10:55:12)

Јас ја имам видено летоска продавницата кај Пирамида ,ама пред некој ден ми кажаа дека имало продавница се по 350 доле кај Нептун на приземје порано што беше продавница за кондури до трафиката со реквизити. Ама дали е Дака сеуште нз.




Luci -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (12.4.2013 10:56:57)

Карши влезот на Соравија е Дака во ГТЦ, до Рубин кармин




dostickage -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (12.4.2013 11:02:15)

Fala [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Luci -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (12.4.2013 14:19:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Fala [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

Од фала не се живее, најди таму нешто 3-4хл ко за мене и купи ми го [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 10:01:48)

si kupi dve letni ubavi pamucni maicki od Novo Lisice edno prodavnice po 250 den




bucko mal -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 11:14:10)

kupuvam poveke na popust I ic ne se stramam da kazam deka e poeftino,vazno mi e da mi e ubavo




bebence19 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 11:18:21)

jas obavezno si odam do prodavnicite sto se so ceni od 100 den pa do 300-400den, i sekoja si kupam nekoja majcka,preubavi se i stalno me prasuvaat e od kaj e i koga kazam deka e od tamu ej vidi jas pa neni pomisluvam da vlezam. Da vo tie prodavnici moze da se najde i po nesto ubavo i interesno




Еки82 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 11:20:54)

Јас така купив прстен демек од Индија ги носела алпака материјал уникати нема исти вакви... 600 ден го купив и после некое време во Зебра го видов истиот за 200.
Така и тоа што е скапо прашање е дали е квалитетно, дали воопшто вреди за парите.
Златно Певекс во последно време се наоѓаат супер работи! [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 12:21:41)

Јас си имам купено едно фустанче од пренди,ама на прво перење се скуси а материјалот се направи цел со дупки.после долго време не ми текна да земам нешто од таму. Сега се зедов блуза па овој пат се погоди:)




rina13 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 12:27:39)

Имам купено неколку фустанчиња и се убив носејќи ги иако коштаа по 350 денари. Од дака претежно си купувам ендаш само згрешив со едни хеланки.




Calypso -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 12:52:50)

Јас некогаш знам во Павиа да влезам... си имам купено убави маички од таму, по 330 ден. максимум, сега последно пред да одиме на одмор си купив лесна ленена кошулка за плажа, како туника долга е, убаво ме послужи на одмор, ќе си ја носам и понатака.
Инаку, многу ретко влегувам во овие продавници како Певекс, Пренди и слично, бидејќи во моја близина нема ниедна, мора да се наткревам дури до Бисер да одам, а со дете не можам по продавници, досадно му е, и ме тегне да излеземе.
Додуша, има кај нас еден бутик, носат роба од Турција мислам, имаат супер облека, а се прилично евтини. Кога и да одам, гужва невидена е, одвај наоѓаш место да пробаш, а дуќанчево ти е две на две... во секој случај, одлични работи имаат.




deluxe -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 12:56:47)

Си имам купено повеќе работи за 200 ден и сум задоволна,најчесто летни маички и фустани




Bethany -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 13:00:55)

Кај мене во улица има еден бутик- Купи ефтино- се вика.
И онака се ефтини работи, а па посебно на крај на сезона, ги намалуваат цените скоро за џабе. [sm=smiley1.gif]
Така земав едно летно фустанче за цели 150 денари и веќе три години го носам, во иста состојба е, а и таков класичен е па е секогаш во мода [sm=smiley1.gif] Некако ептен ми дојде мило кога нешто платам ефтино и се погоди, ај овие поскапи работи и очекуваш да бидат демек поквалитетни, ама од ефтино дадеш пари и не очекуваш, па се после повеќе израдуваш.




vezilka RR -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 13:03:59)

Мене во овие дуќанио ме нервира оти немаат поголеми бројчиња за дебелки како мене [sm=jezicek.gif]. Ко ќе ми речат универзални се ми се плаче. Епа јас не сум универзална, дебела сум!




anaana -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 13:06:35)

Мене во овие дуќанио ме нервира оти немаат поголеми бројчиња за дебелки како мене . Ко ќе ми речат универзални се ми се плаче. Епа јас не сум универзална, дебела сум!


nekako se pronajdov vo postov :)))
ama jas odvreme navreme si proveruvam, moze i da najdam nesto.




temjanuska75 -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 13:07:14)

Јас од Певекс имам многу работи купено и им се изнаносив, неколку пара панталони, 2 пара фармарерки, кошули 3 пара, маици 5-6. Во близина ми е на работа и скоро секое поминување влегувам. Мм се нервира како за него немало толу ефтино.
И да ви кажам од овој Певекс скржла сум станала, сега во секоја друга продавница ми е скапо, освен во продавниците за кондури [sm=jezicek.gif]




Calypso -> RE: Облека - се за 200 или купи ефтино? (10.6.2013 13:07:44)

Има бе Везилке, како нема. Па и јас не сум универзална, па си наоѓам. Треба изгледа штом ја донесат робата да начекаш, сум забележала дека прво се трошат поголемите бројки. Или кај нас нема универзалка, или носат повеќе помали броеви, па не можат после да ги продадат.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>