Calypso -> RE: денес на мени (1-3 год) (22.9.2012 11:28:37)
|
Одамна не сум пријавила мени. Еве за денес каков ни е планот: доручекот веќе помина, ѓеврек со многу јогурт ужинка - мешано овошје (јаболко, круша, банана) плус овошен јогурт или пудинг, што ќе сака ручек - ориз со зеленчук и пилешко ужинка пак некое овошје вечера гриз со чоколадо. Плус, смоки и слични грицки[sm=smiley24.gif] кај баба му и дедо му, овошен јогурт ако сака, или пудинг. Бидејќи не пие млеко, јас му давам млечни производи - сирење, јогурт, кисело млеко - ама не ми пие секој ден исто, некогаш повеќе, некогаш помалку. Прашав педијатар како да му додавам уште млеко (оти мора да прима млеко во било каква форма), ми рече да давам се што содржи млеко (пудинзи, јогурти, овошни јогурти, кефир, секакви сирења и сл. ) ама не сака се, само по нешто, или па ќе касне малку. Кога е жеден, пие само вода - друго ништо не сака. 18 месеци
|
|
|
|