Maca25 -> RE: денес на мени (1-3 год) (12.2.2011 22:14:25)
|
Некаде околу година, пред да ја запишам Нина во градинка, почнав со нормална исхрана, односно она што го јадеме ние дома да го јаде и таа. Додуша и ние не јадеме мрсна храна, многу солена и зачинета. Секако мораше со ручекот да има и многу свеж зеленчук. Еден ден краставичка, еден ден домат, еден ден варен карфиол или брокули.. Се уште гледам да го јаде ова секој ден. Откако оди во градинка почна да јаде многу манџички и супи, и ептен сум среќна поради тоа. Еве на пример денес доручкувавме палента со јогурт, па после малце овошје, па шетавме надвор и јадевме кифличка, па дома пред спиење крем супа од тиквичка и компир, после спиење ќофте со краставичка и варено цвекло, за ужинка јаболко, портокал и киви и сега за вечера лепче намачкано со зденка.
|
|
|
|