Felly RR -> RE: Детски досетки (18.1.2014 20:20:55)
|
И М вака често прави, ама најсмешно беше еднаш пиеше вода од шише. И јас и велам -ладна е водата, не пиј многу, а таа - мамо, заврти се таму. И демек ќе пивме. Повеќе за смешка, отколку што и се пиеше, ама се смеевме така цело време, и го испи шишето. Го зедов пак да и наполнам, ама многу сум го стегнала, и ми вели - мамо, заврти се натаму, и јас се свртив демек да не видам дека пие, арно ама не можеше да го отвори, па ми го подаде да и отворам јас, а демек скришно пие. Си се изнасмеавме сите.[sm=jezicek.gif]
|
|
|
|