RE: Детски досетки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Згоди и незгоди



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Детски досетки (6.6.2013 15:00:01)

Филип пред неколку дена:
-Мамо, многу си убава. И црвена и жолта и зелена си [sm=jezicek.gif]




mosa -> RE: Детски досетки (14.6.2013 1:16:29)

pred nekoj den mi bese nesto loso i mu velam na mojot lepotam:pocekaj malku nesto mi e loso,a toj mrtov laden mi vika:odi vo kujna napise voda i seker da se osvezis malku[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

a koag go prasav zosto go odril deteto sto igrale zaedno toj mi veli:mamo pa Stefan ne placese.[sm=zmeden2.gif][sm=zmeden2.gif][sm=zmeden2.gif][sm=zmeden2.gif]




Палешка РР -> RE: Детски досетки (14.6.2013 7:27:47)

Миа: Татоооо полека вози, мене стаф
Јас: Сега ќе го тепаме што вози брзо
Миа: Остај го гевота е, ете сега вози полека, Миа е голема нема стаф

се степа за татко и [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (20.6.2013 21:28:45)

Има една реклама - ни ми текнува дали за млеко дали за чоколадо - кај што ги четкаат кравите, ги мазнат и сл. М ја гледа и ми вели: Мамо, онај ја тепаше кравата со метла.[sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Детски досетки (4.7.2013 12:58:45)

Lele se iznasmeav sega do solzi

Se javuvam kaj moive da prasam kako e M,i mi kazuvaat kako setale i kaj edna crkvicka tamo pred zgrada ima fontana i mojava kerka frlila paricka i rekla:Da mi se zdravi pantalonive[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Lele kaj i teknalo bree




AnnaMolly RR -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:15:08)

Со мајка ми седиме вчера во двор и разговараме што како кога ќе родам второ дете.
Мајка ми: Па таман Филип кога ќе биде прво одделение и ќе си оди во целодневна.
Филип: Е да бе цел ден да седам во дневна!




Палешка РР -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:19:02)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




AneLav RR -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:23:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Со мајка ми седиме вчера во двор и разговараме што како кога ќе родам второ дете.
Мајка ми: Па таман Филип кога ќе биде прво одделение и ќе си оди во целодневна.
Филип: Е да бе цел ден да седам во дневна!

Леле се изнасмеав јако ептен[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:23:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Со мајка ми седиме вчера во двор и разговараме што како кога ќе родам второ дете.
Мајка ми: Па таман Филип кога ќе биде прво одделение и ќе си оди во целодневна.
Филип: Е да бе цел ден да седам во дневна!


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




AneLav RR -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:27:22)

Јас да ви кажам еден бисер од синко, ако има година се прснавме од смеење со мм. Се шетавме пред некој ден со точачињата, а синко многу ретко кога седи мирен и на враќање стигнавме до нашата куќа и мм ми вика ај ќе свртиме уште еден круг овој седи мирен и ја одминува нашата куќа, а синко му се врти и му прави „еееее, еејјјјјј“. Демек кај одиш ја поминавме нашата куќа. Е се зачудидивме и се изнасмеавеме едно црвче мало знае кај живее.




Martins mom -> RE: Детски досетки (8.7.2013 9:34:54)

Седевме со Мартин на постојка и чекавме автобус. На детето во меѓувреме му се приоди по голема нужда и сега никако не си, немаше кај да го направи тоа, а и автобусот само што не дошол. Му велам седи на клупата и стискај дур да дојде автобусот. Тој сирот ме прашува :Мамо во автобусот има ли веце? Јас му велам НЕ, потоа пак ме прашува: А во авионите има ли веце? Да, има му викам и тој наеднаш : Кога ќе пораснам ќе бидам пилот![sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] На сета мака, што му текнало[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (8.7.2013 15:08:34)

Па може сакал возач на автобус, ама кога разбрал дека нема WC во автобусот - се премислил. Кај ќе вози цел ден без WC [sm=smiley36.gif]




Pregnant -> RE: Детски досетки (9.7.2013 11:28:47)

Кога беше ќерка ми 4 години за први мај бевме заедно со свекрва ми и со моите, и таа бере цвеќе за бабите и свекрва ми си стави една китка во косата и таа ни едно, ни две: ЕЕее бабо, што си ставила цвеќе на главата, некој може да се заљуби во тебе, како така (Инаку свекор ми е починат)
Мене од една страна ми дојде многу многу смешно, од друга страна пропаднав во земја, зашто најверојатно свекрва ми помисли дека тоа потекнува од мене.
[sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Детски досетки (14.7.2013 21:31:00)

Вчера бевме во село кај едни роднини и имаат крави и го однесоа М да ги види и после тој мене ме носеше да ми ги покажи и ми вика има крави и едно мало краво (за телето)

А вие знаете што е сладолед со грицки? м? еее, „думај се ангелејце“[sm=smiley36.gif] тоа да ти било сладолед во корнет, со топчина. Абе се отепуваше од плачење за таков а јас не знаев каков бара, едвај поврзав два со два




Палешка РР -> RE: Детски досетки (18.7.2013 23:34:16)

Бидејќи Пиво Фест ни е така речи во двор...многу гласна музика се слуша

Мама кој пеј?
Маја Оџаклиевска
Маја Оџак?
Оџаклиевска Оџаклиевска

оџак теба да чади не да пеј

леле умрев од смеење [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (19.7.2013 9:32:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР



оџак теба да чади не да пеј


[sm=jezicek.gif] Ме изнасмеа и мене.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (29.7.2013 22:11:43)

Освен регуларниве приказни раскажуваме како е на свадба - што се прави: .... Кога влегуваш во ресторанот треба да се поздравиш со зетот и невестата, да им честиташ. Па ќе им речеш - Честитки! Со среќа нека ви е! и во тој момент ме прекинува: Мамо, ааааа некој ако не знај како треба да им речи можи да им речи само Хелоу! [sm=jezicek.gif]




miana -> RE: Детски досетки (30.7.2013 9:26:13)

ајде јас да го кажам киксот на керками..
Треба да појде во прво одделение од септември и сега дома се подучуваме неркои работи.И кажувам каков е редот на училиште,дека после училиште се решаваат домашните задачи па си играме. Таа ме прашува - мама,а за домашна задача ке ми дадат машни да цртам ? До-машна ја асоцирало на машни [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (30.7.2013 12:40:56)

Леле срцка мила, прваче ќе биде па и доМАШНИ ќе пишува/црта. [sm=smiley36.gif]




mosa -> RE: Детски досетки (2.8.2013 22:48:18)

eve sega sto me prasuva sin mi:
V: mamo sto mi e ova? (si pokazuva na raceto)
jas: raka
V: ne,ne toa vnatre vo rakata
jas: koska
V: e da toa,a koj mi ja napravi koskata?
jas: tatko ti
V: tatko mi a ? A koj me napravi mene?
jas: pa tatko ti sine
V: (molci,molci i posle nekoja minutka)
A SO STO ME NAPRAVI MENE TATO?
jas: so magicno stapce

[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Martins mom -> RE: Детски досетки (9.8.2013 16:52:03)

Еве еден бисер на Мартин од вчера: Одиме на црква, а тој по пат се лигавеше, тегнеше, беше немирен и јас му се заканувам дека ако не е умен ќе го оставам во црквата, да не си иде дома, попот нека те чува, а тој ми враќа со прашање: Тогаш „попицата“ ќе ми биде мајка???[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Од кај му дојде она попицата[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Па мм се надоврза, ако е некоја убава таа попицата и тато ќе остане со неа[sm=smiley36.gif], ама и јас не останав покусо:во попот се парите, јас со попот ќе си одам[sm=jezicek.gif]

А еве нешто од денеска. Му велам Мартин биди умен, оти ќотек ќе јадиш, а тој мене: Ќотекот не е за јадење, за тепање е![sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Детски досетки (12.8.2013 10:21:36)

Вчера сабајлето Никола гледаше еден цртан со малите нинџи или така нешто. Па вечерта ми вика, мамо, мојата девојка ќе биде нинџа, оф, му велам, тешко тебе тогаш. А тој ми вели, а јас ќе бидам нинџО, хехех.

Си играме вчера нешто и ми вика ајде испруѓи ги нозете јас ќе бидам батко, ти ќе бидеш коњ и јас ќе те јавам. И јава, јава ама почна ептен да скока, и му викам, јас полека бре дете. И тој мене ми вика, ти ќути, не зборувај, ти си коњот , кпњот не знае да зборува.[sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Детски досетки (12.8.2013 13:23:36)

Абе смешки се значи маливе, некогаш да се чудиш од кај му текнуваат, на секоај минута има по една, само што кога ќе седнам овде не ми текнува која да ја пишам. Еве една од пред некој ден, му велам сега не се оди надвор сонцето е многу јако, а тој ми вели, Мамо после ќе излезам кога ќе биде меко?[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (12.8.2013 21:45:07)

Денес бевме до Битола, и по патот имаше пожар, а ги видовме и пожарникарите. Па дома си правиме муабет, како го гаснеле пожарот. И ја прашуваме дали го виде пожарникарското возило? Таа - не, само нив ги видов, и со цревото прскаа вода, ама не се изгуби огнот. Јас и велам - Па дека беше голем огнот, и затоа не се изгуби наеднаш, а таа ми одговара - Тешки да наполнев и јас едно шише со вода, да прснев.




Yummy Mammy -> RE: Детски досетки (13.8.2013 10:32:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Денес бевме до Битола, и по патот имаше пожар, а ги видовме и пожарникарите. Па дома си правиме муабет, како го гаснеле пожарот. И ја прашуваме дали го виде пожарникарското возило? Таа - не, само нив ги видов, и со цревото прскаа вода, ама не се изгуби огнот. Јас и велам - Па дека беше голем огнот, и затоа не се изгуби наеднаш, а таа ми одговара - Тешки да наполнев и јас едно шише со вода, да прснев.


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
Srcinja mali, kolku se dobrodusni i neiskvareni...




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>