Felly RR -> RE: Детски досетки (29.10.2012 12:58:09)
|
Леле од М има многу во последно време. На гости сме кај баба и дедо. Дедо ќе ја носи М во продавница, и си облекуваат чевли, а обично дедо носи патики за во продавница, и М го гледа и му вели - Дедо, соблечи ги чевлите, тие ти се за на свадба, не се за во продавница.[sm=smiley36.gif] Мама прави ручек, а М ги „суредува“ компирите. Мама: М дај ми два компири. М: Чекај, сега овде да ги наредам. Мама: Ама, дај ми мене два компири и реди ги после. М: Ама чекај, овде треба да ги редам. Мама(веќе налутена): Дете, дај ми два компири, и после што сакаш прави. Наместо два компири, мама добива цело кило компири на подот. М: Ете, гледаш, дека ми викаше и сега ги истурив компирите. И сега, кој е крив? Мама: Јас, сум крива.[sm=smiley36.gif] М: Не, не си ти крива, јас сум крива.
|
|
|
|