RE: Детски досетки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Згоди и незгоди



Порака


Mihaela 2010 -> RE: Детски досетки (12.1.2013 22:27:32)

Denes na MTV ide spica od emisija Vreme e za bebe , i i vikam na M : sakas mama edno bebe da ti rodam?
M: sakam
Jas : a kakvo ( mislejki na m ili z )
M: kafejavo




Џесика -> RE: Детски досетки (13.1.2013 1:46:08)

Пред некој ден додека си гледав епизода од „Бурни времиња“ [sm=smiley36.gif] а Борјан си мешаше во манџите и набројуваше што „налева и сецка“ внатре (навидум си игра, ама снима се што таму се зборува), ми се заврте и ми рече „мамо, ја напуштив работата...“ а следниот ден ми рече „морам да одам во синдикатот“ [sm=smiley5.gif][sm=smiley5.gif][sm=smiley5.gif]

Друга ситуација... се гњават со мм, се тркалаат и мм му вика „е сега ќе го гризнам ова ноџе“!!! И Б:Не може, ноџе не се гризе, ноџе СЕ ОДИ.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (13.1.2013 9:44:49)

И ја раскажувам пред некој ден на М Снежана и стигнуваме до делот со отровното јаболко.
М: - Мамо, јас кога ќе пораснам голема, ќе и купам на Снежана неотровни јаболка, и ПОРТОКАЛИ ќе и купам!!!




Bethany -> RE: Детски досетки (13.1.2013 11:06:54)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Сите се смешки. Пак ќе речам најубава тема !
Едвај чекам син ми да почне да збори веќееее! [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Детски досетки (13.1.2013 11:33:23)

Леле Бетани мислам ми иде зборови во уста да и ставам веќе, и јас едвај чекам да прозбори. А и едвај чекам на темава да видам дека некој пишал, толку се интересни паметњаковциве [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Ние пред некој ден на гости кај пријатели и таму едно нивно комшивче од две години, ама детево не знае уште да зборува само нешто мумла по негово. И прилателов ( кај што бевме) му вика ,, Абе ти знаеш ли нешто да кажеш, што е ова само нешто дрндаш по твое, ништо не те разбирам,, ? И детево го гледа некоја секунда и вика МАМА, онака прашално[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Е добро, му вика, го положи испитот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Се изнасмеавме.




Bethany -> RE: Детски досетки (13.1.2013 11:55:39)

хахаха, ко син ми да го гледам [sm=smiley36.gif]

Ајде белки и ние наскоро ќе дочекаме [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Детски досетки (13.1.2013 22:44:06)

Филип прееска првпат виде црнец на телевизија и ми вика „Мамо, се ишкртал со боички“.




elenak -> RE: Детски досетки (13.1.2013 23:34:34)

[sm=jezicek.gif] Филип бе [sm=jezicek.gif]
Мене сега ми текна уште нешто. Немам од моја мала бисери ама од поголемите батковци и дадички.
Пролетва одам кај старосватицата и нејзината ќеркичка тогаш со неполни три години направи некоја белја и мајка и и вика ,,Марија ти мене воопшто не ме слушаш и не ме сакаш, те молам сега собери си ги парталите во куферот и оди да живееш кај кого сакаш.,, На ова очекувам детево да се извини, да заплаче, да ја гушка мама, било што само не ова - Па кај ми е куфеЛот? И тоа баш сериозна [sm=jezicek.gif]




Maca25 -> RE: Детски досетки (14.1.2013 21:01:39)

Н. пред некој ден гледа анимал планет и си искоментира: Овие слоновиве се многу нежни!! [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Детски досетки (17.1.2013 15:49:15)

cela nedela M mi place od sabajle koga ide u gradinka bidejki ucitelkata i e na odmor..Vcera se javuva majka mi da kaze deka e slobodna da ja cuva arno ama ja fatilo grip ,bolna so visoka T i taka denes detevo pak si otide u gradinka
Sabajle po obicaj place,se ligavi i vika
M.( uz plac)..sakam kaj babaaaaa da me cuvaaaa
Jas. nemoze baba e bolna ,mnogu bolna
M:ama sakaaam,sakam da me zaraziiiii i lipa place

Leleeeeee dusicka samo da ne ide vo gradinka[sm=zmeden.gif]




nadica -> RE: Детски досетки (17.1.2013 18:40:47)

од мојава лепотица деновиве имав тажна досетка
прележа сипаница и има на лицето брукичка од која веројатно ќе и остане белег и вика ''мамо со белегов ке бидам грда'' [sm=zmeden.gif]




arh_diz -> RE: Детски досетки (18.1.2013 11:41:45)

Sin mi mnogu saka da si igra so masinata za perenje . Edinstven nacin da mu kazam da ne ja pipka bese da mu kazam ima glusec:), i prestana da pipka.Koga utrovo go zemal masloto za jadenje go stavil vo masina .Mu vikam zosto ja pipkas masinata ke izleze glusec , a toj mu vika mu davav na glusecot da jade :)




Felly RR -> RE: Детски досетки (18.1.2013 12:14:30)

- Мамо, јас сум најмлада од сите. Вие сите сте постари. Не сте најмлади.[sm=jezicek.gif]

Друг муабет: - Мамо, јас кога ќе бидат голема, ти каква ќе бидеш, стара?
Јас: А бе каква стара, [sm=smiley3.gif][sm=smiley22.gif][sm=smiley5.gif] пак ќе бидам млада, чекај, па треба многу време да помине за да бидам јас стара.




caci 23 -> RE: Детски досетки (18.1.2013 14:42:22)

eve eden postar bise od sestra mi koga bila mala.zemala da si ja zakopca kosulata,no ja zakopcala pogresno,i rekla 'mamo ovaa bluza dole ima kopce a nema dupce,a gore ima dupce a nema kopce [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски досетки (3.2.2013 8:27:55)

Зборуваме нешто со Матеа дека ќе правиме утре. и другиот ден ме прашува: - Мамо, денеска е утре?




Maca25 -> RE: Детски досетки (3.2.2013 9:01:19)

Фели и кај нас е истото: Мамо, дали денеска е утре?!?! И ти треба да и кажеш: Да, денес е утре [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]- нешто што тебе не ти е логично.




miana -> RE: Детски досетки (5.2.2013 13:34:13)

Керками вчера му вика на мм
тато,кога тета ке се омажи јас ке одам во нејзината соба и ке му правам фактури на дедо,а после ке се качам горе кај тебе и на тебе ке ти правам фактури - немој ич да се секираш [sm=smiley36.gif]
(Иначе золвами му прави ф-ри на свекорми за фирмата негова)[sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Детски досетки (6.2.2013 13:23:00)

Vcera i kazuvam na M za semejstvo,za familija,koj go socinuva semejstvoto,neli mama tato i taa
I povtoruvame,vikam sto sme jas ti i tato?
M:semejstvo
i prodolzuva,tato e maz vo kukjata,jas sum deteto a ti (za mene )si ZENSKA[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif[sm=smiley36.gif]sm=smiley36.gif]sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Детски досетки (8.2.2013 19:16:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Фели и кај нас е истото: Мамо, дали денеска е утре?!?! И ти треба да и кажеш: Да, денес е утре [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]- нешто што тебе не ти е логично.


И Михаил ми носи памперс за бебето и уште еден зема и вика ова е за утре, а следниот ден вика Ова беше за утре, сега не е поќе за утре[sm=smiley1.gif]

Други бисери во врска со бебето:
Првиот ден кога се вративме од болница редиме алишта на сушалка од бебето и вика беше мое, Јас ко бев бебе, ко бев Јана и оттогаш цело време кога кажува нешто за тој кога бил бебе вели Јас ко бев бебе се викав Јана[sm=smiley36.gif]
Јана цица и сега нормално како бебе повраќа одвреме навреме и еднаш така велам чекај Михаил да ја кренам да не поврати а тој ми вели: Однеси ја в купатило да поврати
Има уште само не ми текнуваат во моментов




Snowhite RR -> RE: Детски досетки (18.2.2013 23:58:49)

Бебето моча со газето, нема куре[sm=smiley36.gif] (за сестра му)

Еднаш кога си легнувавме и по грешка го удрив малку со раката и му велам По грешка беше, а тој ми вели Речи ми извини и му реков. После тоа, тој сам се удри по грешка и пак ми вели Речи ми извини[sm=smiley36.gif]




masa -> RE: Детски досетки (19.2.2013 9:56:16)

Пред некој ден кога заврна снег ми вика цела радосна "Сега ќе ја редиме елката ќе биде Нова Година" Се чудам и ја прашувам од каде и текна, па вика дека татко и така и кажал [sm=smiley36.gif] Кога ја собравме елката плачеше,па се објаснувавме,а она само тоа запамтила дека кога ќе врне пак снег ќе ја редиме елката [sm=jezicek.gif] па ај наново се објаснуваме кога е Нова Година.




dostickage -> RE: Детски досетки (19.2.2013 12:52:19)

Bevme na Sapka pred edna nedela i samo sto stignavme tamu vide sneg i vika:

"Dedo Mas dode maku pak"

Posle dojdovme doma i i vika na majka mi:

"Babo, mama pana goe, Ito dode i tato i dizi mama odi" prevod: Babo, mama padna gore, Viktor dojde i so tato ja drzevme mama da odi "

Ima mnogu biseri ama ne mi teknuva vo moment koga treba da gi zapisam




sandriana RR -> RE: Детски досетки (19.2.2013 13:31:22)

Еве и јас да кажам колку е досетливо моено зверче (17 месеци). Вежбаме букви - да кажува Ч наместо Ц со тоа што зборовите и ги кажувам во деминутив, а таа како папагал повторува:
-татиче -Тинченце, маченце, мамиче - и веднаш како пушка ги изговара. Не сака или не знае да каже КУЧЕ, па го вклопив и тој збор во играва-и велам-
-кученце -а Т одговара со Ав,АВ. А потоа самоиницијативно си ја продолжи играта со Џуџенце, и си кажа сама на себе браво за иницијативата [sm=smiley1.gif]




Beatris -> RE: Детски досетки (26.2.2013 10:50:02)

Вчера А растура низ дома, јас и правам вечера, и само трчам до дневна да видам што прави, и почнувам да викам - аман не растурај, што мислиш ти ја само по тебе ли ќе одам, па колку раце имам јас??? И оваа мртва ладна - ПЕТ! Ена гое, ена дое, ена ево, ена децно, ена напед... (ова со пеење) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Детски досетки (28.2.2013 8:18:02)

Филип е опседнат со бебиња и цело време ме прашува дали имам бебе во стомакот. Сабајлево стануваме од спиење и тогаш најмногу сака да се гушка. Се гушкаме и јас му викам „Ти си љубовта моја“.
Ф: А Јана?
Јас: Што Јана?
Ф: Таа Јана што ќе ми ја родиш ќе ти биде љубовта?
Јас: Ти што викаш, да ми биде ли љубовта?
Ф: Да. Двајцата ќе ти бидеме љубовта и јас цел ден ќе си играм со неа, дека сум поголем батко.

Сум се изгазила од смеење. Сме збореле дека ако има сестричка ќе се вика Јана, ама ова не знам од каде му дојде.




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>