|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вакцини, за или против?
3.2.2013 22:41:11   
Fiao
Долго време веќе читам за вакцините. Прочитав дека прават повеќе штета отколку што се корисни, исто така читав случаи кои од составот на вакцините завршиле со фатални последици или пак од нискиот квалитет на вакцините. Многу време размислував што и како да правам со моето дете. Ова не го знаев порано и она веќе прими дел од вакцините... Сега би сакала да прекинам, ама имам триста прашалници во глава на оваа тема. Баш би било добро да се слушне вашето мислење на оваа тема и уште поубаво би било ако има случаи на невакцинирани деца па да споделиме искуства, како здравствени така и социјални.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вакцини, за или против?
3.2.2013 22:50:50   
kapina
jas sum protiv vakcinite definitvno toa sto go gledav na net e grozno kakvi posledici ostavat i toa sto go slusnav od edna doktorka za vakcini tamu sto stava slucajno pominuvajki otkaj bolnicata bidejki blisku ziveam sto i kazuvase na edna druga tamu jas da sum znaejki sto sodrzat vakcinite nikogas ne bi go vakcinirala svoeto dete

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вакцини, за или против?
4.2.2013 0:42:43   
amateuress
И јас сум ептен во дилема во врска со вакцините, сум пишувала и во други теми. Мислам дека е од оние проблеми во кои што и да решиш да направиш, можеш ептен да се зезнеш. По препорака (во доверба) на искусен педијатар, каснев со вакцините, а син ми (19 мес) не примил морбили и ревакцинација на ДТП на 18 месеци. Ама навистина не знам што понатаму.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вакцини, за или против?
13.2.2013 13:14:07   
niki
nie ja vakciniravme kerkata bidejki ne sakavme da izigravame strucnjaci koi za svojata strucnost mozat da mu zablagodarat na netot i spisanijata, pa doverba mu doverivme na pedijatarot koj dosega se pokaza kako nekoj koj nema obicaj da prepisuva lekovi ako za toa ne gleda potreba
no na poslednata vakcina, veke zabelezal vo kniskata deka ni sledi vakciniranje za HPV sto iskreno da vi kazam me nakostresi, moeto dete togas imase edvaj 5 i pol godini i pocnav da razmisluvam dali vsusnost napravivme greska sto ne se informiravme poveke i sto ne konsultiravme poveke luge na ovaa tema
samiot fakt sto e isprogramirano od sega da se primi nekoja vakcina za nekolku godini mi vleva nemir, posebno sto ovaa vakcina e nova i nema pominato dolg vremenski period za da se vidat nejzinite potencijalni negativni posledici
zaradi ova nekako se cuvstvuvam kako gluvce zamorce i poleka vo mene se razviva bunt po ova prasanje

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вакцини, за или против?
13.2.2013 23:43:17   
Ring
Сум за вакцини , да....не невалегувам во квалитетот на вакцините, тоа е сосема друга тема.
Сететете се на епидемиите од заушки од пред 3-4 години кај средношколците или од морбили лани , а се поради нередовна вакцинација...
А вакцините се даваат баш поради тоа, и со тек на време да се успее некои болести да се искоренат , како Variola Vera, или големите сипаници. се смета дека се искоренети и затоа веќе и не постои вакцинација.
А нус појави ќе има...па и од најобични лекови има несакани ефекти...секој организам различно реагира...не мора да значи дека по дифолт сите деца ке добијат аутизам или не знам што...
А дека треба да се воведат поквалитетни вакцини сум апсолутно ЗА !



_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вакцини, за или против?
14.2.2013 8:47:38   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: JanaMarija

Gi slusavte vestite na sitel vo 19 casot za vakcinite??? " Decvata treba da se vakciniraat...inaku e kaznivo so zakon" taka da ke si gi vakcinirame kako sto se nalaga(barem jas ja nosam na vakcini cucka moja) a stavovi ima milion i nakraj kraeva cel svet ne koristi sirok pojov samo nie i vo juzna srbija mislam bese pa ete.... taka i cel svet da ne koristi vakcini nie koristime :)))

Sekoj ima pravo da si resi za svoeto dete i negovoto zdravje, a prikazni ke slusneme uste milion


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Иако целата фама околу вакцинацијата ми создаде колебање во последниов период дали да продолжам во вакцинирање на ќерка ми (досега имаме примено се' што ни е по календар на вакцинација), и јас ја слушав вчера др.Софијанова (инаку имам многу високо мислење за неа како стручњак и човек пред се'), и решив дека сепак ќе продолжам со вакцините - можеби со по некое доцнење, но нема да ги изоставам.


ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

секој треба да има право на информираност за тоа какви вакцини има кај нас и за тоа што може да направат тие од организмот на детето.потоа може да реши дали ќе вакцинира или не.
И јас ја слушав докторката и мојот коментар е едно прашање. Таа во изјавата вели дека кај нас се користат едновалентни и тровалентни вакцини, а петовалентните се надева дека ќе се користат бидејќи биле со помалку токсини.Какви тоа токсини има во вакцините и како може тие да се безбедни за бебе од 1 ден, да не речам тукушто родено.И другото што ми падна во очи беше дека ние мора слепо да им веруваме на педијатрите и како тие ќе кажат така да правиме.Малку според мене безборазно, или културно речено нема вие што многу да прашувате што и како ако кажеме дека ќе се боцкате ќе се боцкате.Јас само едно ќе кажам моето дете не е статистика и моето дете не е бројка и моја одлука е тоа да остане мое дете.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Фиданче

Vo vakcinite ima edne kup toksini megu koi i ziva user posted image . Maz mi epten se zainteresira za vakcinive i sto se ne najde deka sodrzat. On epten e protiv. Aj bash ke go prasam pa ke vi pisam za toa sto najde. Inaku do sega samo prvata sme ja primile :) on nekese ni da vleze, vika: da ne ja istepam taa sestrata , instinktivno, ne deka sakam :)


ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

знам што има во нив, не дека сум учествувала во правењето на вакцините туку сум читала веројатно и вашиот маж исто така и сум се распрашала и консултирала со медицински лица.и ние двајцата сме со став како вашиот маж.


ИЗВОРНА ПОРАКА: JanaMarija

Eeeeeeeeeee treba da znaeme stose ima vo vakcinite i toa e naseto roditelsko pravo...megutoa kaj nas kako i se drugo i toa se zataskuva i sme primorani da gi vakcinirame...od druga strana pa do sega site sme preziveale od tie vakcini a od treta strana me luti mnooogu toa sto e kaznata 500 evra za nevakcinacija...pa toa e moe pravo dali deteto ke mi bide zdravo ili ne,neli??? znaci kako i da e MORA da gi vakcinirame nasite malecki, bidejki sme usloveni od nekogo ------toa ti e

A toa sto ima vo vakcinite-podobro da neznaete zosto treba da ubieme nekogouser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Вчера на Алфа тв имаше контактна емисија баш за ова и кажаа дека во МПР вакцината има жива и алуминиум, се јави еден гледач кој кажа дека откако внучето ја примило оваа вакцина станало аутистично, исто така водителката потоа кажа дека по статистика сите деца со аутизам ја имале примено оваа вакцина.
Мене не ми е јасно зошто се вакцинраат децата од болести кои со децении не се присутни и зошто примаат вакцини, а потоа повторно ги прележуваат истите, на пример оваа МПР е против заушки и сипаници, а во текот на животот повторно може да се заразат од заушки и да прележат сипаници.
Исто и тоа со казните, можат да го направат со потпишување како и за млекото со флуор во градинките, ако некој не сака да го вакцинира детето сам да си одговара за тоа


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Мене не ми е јасно зошто се вакцинраат децата од болести кои со децении не се присутни и зошто примаат вакцини, а потоа повторно ги прележуваат истите, на пример оваа МПР е против заушки и сипаници, а во текот на животот повторно може да се заразат од заушки и да прележат сипаници.


Вакцините не значат дека нема да се прележи некоја болест, туку го припремаат организмот за ПОЛЕСНО да ја помине таа болест - односно, да предизвикаат создавање на подготвителни анти тела за конкретна болест.
Не сакам да се убедувам на темата треба-не треба да се вакцинира, сум за тоа да се остави простор на родителите сами да одлучат што ќе прават, а не да се принудуваат. Ме иритира моментот со појавата на аутизам и поврзаноста со вакцините. Аутизмот не се стекнува, тој се носи генетски (односно таа состојба е предодредена генетски), само може да се иницира нејзина манифестација од некој надворешен фактор- може да е состојка од вакцина, може да е агенс од храна, некоја честица од состав на воздухот....може било кој фактор да го активира механизмот кој ќе предизвика состојба на аутизам. Не е конкретно вакцината.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вакцини, за или против?
1.3.2013 15:26:52   
Luci

ИЗВОРНА ПОРАКА: Nardi

Ве замолувам за ваши искуства во врска со вакцинирањето на детето.
Со оглед на тоа дека јавноста е дигната на нозе како никогаш до сега ЗА или ПРОТИВ вакцинирањето на децата,ДАЛИ вашите примиле прочистена вакцина и начинот како ја донесовте од Грција,нели треба посевни услоби на транспорт?? (кај нас немало).
Во нашиот случај одевме по редовен календар на вакцини,нормално со задоцнување,а темата ја отворив конкретно за вакцината ММР(заушки,рубеола,морбили).
Поздрав мамички!


ИЗВОРНА ПОРАКА: mandolina

I mene me interesira istoto za procistena vakcina mmp, imame 8 meseci dosega gi primivme vakcinite no po se sto slusnav i procitav za taa vakcina tesko deka ke dozvolam moeto dete da se vakcinira od mmp so ogled deka moze da predizvika autizam user posted image Ako nekoj znae kako da se poraca procistena vakcina i dali ovde vo mk ke se nafatat da go vakciniraat bebeto so takva vakcina neka pise ve molam neka pise
pozdrav



_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вакцини, за или против?
2.3.2013 0:56:04   
Dalas
Ubavo si beshe otvorena temata kaj " Предвремено родени бебиња".Za PROCISTENI (acelularni) vakcini se obide da prodiskutira toj stoj ja otvoril,a ne "Вакцинирање за или против"...
Mene konkretno me interesira nabavkata na acelularna 5 valentna od Grcija...Kako da stignam do nea i kako se vrshi transportiranjeto.
Ako ima nekoj neka me upati.
I ve molam vratete ja temata kade sto si beshe prvicno kaj "ПРЕДВРЕМЕНИТЕ"

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вакцини, за или против?
2.3.2013 7:37:31   
mama78
ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

секој треба да има право на информираност за тоа какви вакцини има кај нас и за тоа што може да направат тие од организмот на детето.потоа може да реши дали ќе вакцинира или не.
И јас ја слушав докторката и мојот коментар е едно прашање. Таа во изјавата вели дека кај нас се користат едновалентни и тровалентни вакцини, а петовалентните се надева дека ќе се користат бидејќи биле со помалку токсини.Какви тоа токсини има во вакцините и како може тие да се безбедни за бебе од 1 ден, да не речам тукушто родено.И другото што ми падна во очи беше дека ние мора слепо да им веруваме на педијатрите и како тие ќе кажат така да правиме.Малку според мене безборазно, или културно речено нема вие што многу да прашувате што и како ако кажеме дека ќе се боцкате ќе се боцкате.Јас само едно ќе кажам моето дете не е статистика и моето дете не е бројка и моја одлука е тоа да остане мое дете.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Nardi

Ве замолувам за ваши искуства во врска со вакцинирањето на детето.
Со оглед на тоа дека јавноста е дигната на нозе како никогаш до сега ЗА или ПРОТИВ вакцинирањето на децата,ДАЛИ вашите примиле прочистена вакцина и начинот како ја донесовте од Грција,нели треба посевни услоби на транспорт?? (кај нас немало).
Во нашиот случај одевме по редовен календар на вакцини,нормално со задоцнување,а темата ја отворив конкретно за вакцината ММР(заушки,рубеола,морбили).
Поздрав мамички!





ИЗВОРНА ПОРАКА: mandolina

I mene me interesira istoto za procistena vakcina mmp, imame 8 meseci dosega gi primivme vakcinite no po se sto slusnav i procitav za taa vakcina tesko deka ke dozvolam moeto dete da se vakcinira od mmp so ogled deka moze da predizvika autizam Ako nekoj znae kako da se poraca procistena vakcina i dali ovde vo mk ke se nafatat da go vakciniraat bebeto so takva vakcina neka pise ve molam neka pise
pozdrav





Strasno e ova sto go slusame za vakcinive!!!Kolku poveke se informirame tolku postrasno e.Da se cudi covek kako da pidi popameten.Site go sakame najdobroto za deckite ama aj bidi pameten roditel i odluci sto e dobro a sto en. Ne e sega istiot kvalitet kako i porano. Se uvezuvaat te vakvi te onakvi vakcini od Kina so ti znam i jas od kade ama toa e ona sto ne bocka KVALITETOT. I tocno NASITE DECA NE SE ZAMORCINJA ne sme eksperimentalna nacija!!!! Me interesira i mene toa so grckite vakcini pa koj e poinformiran pisete. A za HPV toa sigurno ne dozvoluvam
pozzuser posted image

(Одговор на членот Dalas)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вакцини, за или против?
2.3.2013 10:41:14   
mami2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dalas
Mene konkretno me interesira nabavkata na acelularna 5 valentna od Grcija...Kako da stignam do nea i kako se vrshi transportiranjeto.
Ako ima nekoj neka me upati.


Јас 5 пати ја нарачував преку луѓе што одеа на еден ден во Солун. Им давав термо торба или рачно фрижидерче, зависно дали беше топло времето или ладно. Кога ја продаваат во аптека ја ставаат помеѓу ќесенца што држат ладно, после веднаш во термо торбата и немаше проблем до Скопје. Инаку ја наоѓаа веднаш во првата аптека. Infarix e 35 евра.

(Одговор на членот Dalas)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вакцини, за или против?
14.3.2013 11:06:15   
majka2
Ве молам за информација за петовалентните вакцини што сте ги набавиле од Грција , каде ги примавте?
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dalas
Mene konkretno me interesira nabavkata na acelularna 5 valentna od Grcija...Kako da stignam do nea i kako se vrshi transportiranjeto.
Ako ima nekoj neka me upati.


Јас 5 пати ја нарачував преку луѓе што одеа на еден ден во Солун. Им давав термо торба или рачно фрижидерче, зависно дали беше топло времето или ладно. Кога ја продаваат во аптека ја ставаат помеѓу ќесенца што држат ладно, после веднаш во термо торбата и немаше проблем до Скопје. Инаку ја наоѓаа веднаш во првата аптека. Infarix e 35 евра.


(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вакцини, за или против?
10.4.2013 14:27:13   
Pepelaska *
Во 18 часот мислам и 15 не сум сигурна на емисијата на Мрт тунел ќе се разговара на оваа тема

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот majka2)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вакцини, за или против?
10.4.2013 17:01:47   
temjana
Јас завршив со вакцините, пред една недела ја прими третата доза од дитеперот и детево ми е сменето од тогаш. И претходно бев со став дека со таа завршуваме ама сега сум конечно сигурна дека не ја вакцинирам повеќе

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вакцини, за или против?
10.4.2013 21:45:59   
annabela
Znaci na forumov sum odamna, redovno ve citam retko skoro nikogas ne komentiram. Ama eve na ovaa tema ke se izjasnam Imam sin koj za deset dena pravi godina i dosega gi ima primeno site vakcini po kalendar, tocno na vreme. Posle sekoja vakcina i jas nemozam dteto da si go prepoznaam , da kenkavo e se budi navecer i sl, ama toa e normalna reakcija dozivealo stres koj ne ostava trajni posledici i so tekot na vremeto pominuva da ne recam zaborava.
Konkretno za taa MMR vakcinata sigurna sum deka ke ja odlozam, za edna godina dodeka ne go vidam cvrsto zastanat na noze i dodeka ne vidam deka pocnal da zbori i da me razbira jas sto mu zboram , ama ke ja primi i taa i site drugi.
Autizmot e genetska bolest koja se pojavuva ili potocno receno pocnuva da se primetuva okolu 13 ili 16-tiot mesec kaj bebinjata i zatoa obicno ja povrzuvaat nea bas so ovaa bolest. Samata vakcina ne e pricinitel na bolesta megutoa e triger t.e. ja zabrzuva i vlosuva samata bolest.
I nemam hrabrost da ne go vakciniram moeto dete. Zasto???? Pa utre ke go pustam pred zgrada da si igra i taka nevakcinirano moze da dojde do kontakt so drugo dete koe e zarazeno od zauski na primer i............ sto posle. Daleku e pobolna i potesko izlecliva taa bolest kaj nevakcinirani deca odkolku kaj vakcinirani.
Nekoj pogore napomena da vakcinirano dete moze da zaboli na primer od zauski sipanica ili nesto treto, megutoa mnoooogu polesno ke ja prelezi istata taa bolest ako e vakcinirano.
I na kraj veruvam vo strucnosta na onie koi ja vovele istata taa imunizacija, bidejki sigurno se daleku postrucni i poeducirani od mene koja guglam i citam se i seshto na net. Veruvam deka na nikogo vo ovaa drzava ne mu treba nezdravo pokolenie.
Malku e podolg postov i ako imate vreme i nervi procitajte go, ako ve plasi negovata golemina slobodno preskoknete go.user posted image user posted image

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вакцини, за или против?
21.3.2015 19:42:06   
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
После последниве случувања во врска со вакцините и смртта на 2те бебиња на почеток од месецов, пак ме фаќа паника и дилемата дали да продолжам со вакцините.
Читав по нетов дека дури и медицински лица своите деца ги вакцинираат во Грција и Србија, од страв од нашите вакцини.
Ова стана тоталка психолошка војна.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

И мене ова со вакцините многу ме загрижува. Да не знае човек што да прави, ни вака ни така не чини.
Од пусти страв јас сеуште го немам однесено за ММР вакцината, а еве уште малку ќе направи 18 месеци плус и покана ми стигна пред некој месец. Знам дека на 18 месеци има и некоја друга вакцина, а тој уште и оваа ја нема примено и се некако се пролонгира. А и до кога ќе можам да одлагам навистина не знам. user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Јас одвај чекам да ги завршиме тие вакцини секоја вакцина ми е стрес ,имаме уште едно боцкање па наредно на 13 месеци,инаку и јас не сакав да ја вакцинирам ама морало сите се вакцинирале и ајде.Додуша добро ги поднесува ама некако самиот чин ми е непотребно малтретирање на детето и предизвикување вознемиреност а многу ми е комплицирана кога е исплашена и додека заборави се успиваме во раце па се лигавиме без потреба и ако раѓам трето не би го носела на вакцина ептен ова ги почна инаку со вакво здравство тешко


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

sandriana RR паниката од пред некој ден во ист ден е демантирана.

===========================
Двете бебиња за кои медиумите известија дека наводно починале откако примиле вакцина Дитепер ја проверивме и констатиравме дека всушност тоа не е вистина. Двете бебиња воопшто не биле вакцинирани со оваа вакцина. Згора на се, двете биле на толкава возраст на која воопшто и не се дава таа вакцина. Според правилата, Дитепер се дава на возраст над три месеци, изјави денеска Јованка Костовска, раководителка на Секторот за примарна здравствена заштита при Министерството за здравство.

- Во тек е детална проверка на целиот случај. Се проверува здравственото минато на двете бебиња, но сепак најверодостоен одговор да причекаме да даде Институтот за судска медицина - нагласи Костовска.

Таа истакна дека вакцината Дитепер се увезува од Бугарија и е според сите стандарди на Светската здравствена организација.

- Единствени нус-појави кои се јавуваат од Дитепер се општо познати, односно плач и црвенило околу местото на убодот - вели доктор Костова.

Извор:плусинфо.мк
=======================

И ние ММР што е на 13 м ја нема примено.Сега има речиси 19м исто колку твоето Ilina87 .Пред 3 месеци телефонски не потсетија но писмено не.
Низ нет секакви информации.
Не само што примаат вакцини во Србија и Грција, туку или таму ги купуваат а во МКД аплицираат.Ова нема логика кога упорно се пропагира имунизација.И не само тоа ,ако детето ја прими во странство туку во Диспанзер во картон се запишува.Значи тоатално легално ако си имаме сите пари.

Последно дека ММР што се дава кај нас е од производител на ист ранг како што се дава во ГРција.Знали во однос на квалитетот на ММР не требало да се стравува.За другото веќе е лично убедување.

Споделувајте искуства ова е секогаш актуелна тема


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

ic ne go razbiram ova so vakcinive...kako be majko mu stara od iljadnici deca koi se vakciniraat samo vo eden den na dve nesto im se slucuva,a ne e eden den tuku poveke taka da mene mi e cudno sevo ova...da,mozebi ne se koj znae kolku cisti vakcinite ama pa zosto bas vakcinite se od poniska klasa?zosto ne se inekciite ili infuziite?ne mozam nikako da razberam...kako moze eden medicinski rastvor(vo slucajov vakcina) da bide necist i od poniska klasa a drug da bide kako sto treba? da ne e slucajno nesto do organizmot na onie na koi nesto im se slucilo?mozebi od nekoja zdrastvena pricina organizmot ne mozel da ja prifati vakcinata...moze ne e do vakcinata...zosto nikoj taka ne razmisluva?stvarno nesfatlivo...jas si ja nosam kerka mi redovno na vakcina i ni na kraj pamet ne mi pagjaat takvi horor scenarija i se nadevam deka i ponatamu kako i do sega se ke si bide ok


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

ova go najdov na net roditelite koi podale tuzba protiv vakcinite


Како државата со години игра рулет со здравјето на децата



На ден 9.12.2014 година нашето почитувано Министерство за здравство, регистрира вакцина против ДТП која претходно со години ја дистрибуираше низ нашите здравствени домови, без при тоа да биде регистрирана. Односно нашите деца – бебиња од две, три и петмесечна возраст беа “имунизирани“ со нерегистрирана вакцина ДИФТЕТКОК (ДТП)!

Зошто после долгогодишно незаконско работење, нашите власти конечно одлучија да го легализираат својот криминал? Можеби мислеа дека ќе се спасат од Кривичната пријава која ние родителите по неколку месечно истражување и собирање на докази, ја доставивме до Основното јавно обвинителство?

Овој нивни чекор кажува повеќе од илјада зборови. Кажува дека обичните граѓани се прислушкуваат, дека адвокатите се корумпираат и дека јавните институции меѓусебно си ја перат валкананата долна облека. Исто така може да кажува дека се плашат од нас, родителите, кои престанаа да веруваат во бајките дека оваа власт се грижи за здравјето на своите најмлади. Зошто, кога би се грижеле како што се декларираат тие не би спроведувале тивок геноцид врз нашите најмили.

А еве како го прават тоа:

– Прво, со години го кршеа законот кои сами го напишаа и изгласаа(Закон за лекови и медицински помагала, Сл.Весник на РМ № 106/07), а во кој се вели дека за да биде некој лек пуштен во промет тој мора да ги помине сите фази на испитување и да биде регистриран. Вакцината Дифтеткок не беше регистрирана до пред еден месец, а беше и сеуште е задолжителна за нашите деца на возраст од 2, 3 и 5 месеци старост. Вакцината Дифтеткок веќе со години е во употреба во Македонија, но беше регистрирана на почеток на декември 2014.

– Второ, вакцината Дифтеткок не се наоѓа на листата на препорачани вакцини на Светска Здравствена Организација, што во превод значи дека не ги исполнува критериумите за квалитет. Кој сега ќе одговара за тоа што регистрирал и одобрил вакцина за употреба која не е одобрена од СЗО?

– Трето, во составот на вакцината Дифтеткок има алуминиум кој ги надминуваат дозволените количини за 35 пати или 2500%. Алуминиумот за жал го има во сите вакцини, но во ниту една не е толку високо над интернационално дозволените количини, дури ни во вакцините за возрасни. Докажано е и познато дека алуминиумот примен преку игла остава трајни последици на централниот нервен систем и коските на децата, затоа и употребата му е строго ограничена.

-Четврто, во составот на вакцината Дифтеткок има жива (тиомерсал) која одамна е исфрлена од употреба во вакцините, поради познатите невротоксични својства. За живата не постојат дозволени количества, затоа што ниту едно количество не е дозволено. Но, во вакцината Дифтеткок има жива затоа што таа мора да се додаде како конзерванс кога во едно шишенце вакцина има повеќе дози. Кој одлучил да набавува рефус вакцини? Кој штеди на штета на здравјето на нашите деца? Зошто не се набавиле поединечни дози на вакцина, во кои нема жива? Затоа што се поскапи? И зошто во ниту една друга регистрирана вакцина кај нас нема жива?

– Петто, иако некој се сетил да ја регистрира вакцината, надевајќи се дека Обвинителството ќе ја одбие кривичната пријава од родителите, тој ист заборавил дека вакцината по завршената регистрација, треба да добие своја цена одобрена од Министерството за здравство, таа цена треба да биде објавена, па дури потоа да биде набавена со соодветна тендерска постапка, за да биде ставена во употреба односно дистрибуирана по здравствените домови, во спротивно се прави финансиски криминал. Кој ќе одговара за тоа?

– Шесто, производителот на спорната вакцина не е ниту реномиран ниту светски познат производител, туку е Бугарски институт кој произведува неколку видови вакцини. Во една од нивните вакцини (против дифтерија и тетанус) во 2011 година е пронајдено метално онечистување во растворот, што говори за лош квалитет и лоша контрола на квалитетот од страна на овој производител. Од таа причина, сите вацини од овој производител се забранети за дистрибуција од страна на Светска Здравствена Организација цела една година. Ако се знае фактот дека ние во Македонија немаме своја лабораторија за контрола на вакцини, употребата на оваа вакцина претставува играње руски рулет, со метална цевката вперена во главите на нашите деца.

Во целиот овој случај има потполно отсуство на легалност во постапувањето. Од една страна штетна вакцина, од ризичен производител, набрзина регистрирана, од друга страна родители кои законски, со закана од санкции, се принудени да ги вакцинираат своите деца.

Ова се егзактни, но поразителни сознанија за тоа кому, односно во чии раце мораме по словото на законот да ја предаваме судбината на нашите деца, нивното право да растат здрави, да пораснат, да живеат! Во оваа работа, како и во многу други, почитувани граѓани ние сме оставени сами, препуштени сами на себе, затоа што ниту едните – власта – со својата неписменост, простотилак, злоба и очигледна алчност, ниту другите – опозицијата со својата недокваканост, “бомбички“, “фестивалска слободарска заслепеност“ не знаат, не умеат и конечно, не сакаат да не заштитат нас, оние заради кои што тие постојат. Нема да ги заштитат ниту нашите деца. Затоа информирајте се, истражувајте, читајте, барајте, промислувајте оти нема поголем влог од тој заради кој што сето тоа ќе го правите – здравјето и иднината на вашите деца!



Сакаме за крај да им порачаме на нашите пријатели во Министерството за здравство, во Министерството за внатрешни работи и во Владата, дека нема потреба толку внимателно да ни ги следат чекорите и да се обидуваат да не претекнат со своите постапки. Еве, со ова писмо отворено им го најавуваме нашиот следен чекор, а тоа е Кривична пријава поради долгогодишна употреба на нерегистрирана/неодобрена вакцината против туберкулоза во нашата држава. Да ве потсетиме, тоа е онаа иста вакцина која им ја ставија или ќе им ја стават на вашите деца првиот ден после нивното раѓање. И погодете кој ја произведува таа вакцина! Па се разбира, тоа е повторно истиот Бугарски производител, кој ја произведува и вакцината против ДТП. Многу сме заинтересирани да видиме, кој ќе биде побрз овој пат, дали ние родителите со својата кривична пријава, дали Министерство за здравство со својата постапка за регистрација.


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

pak ke se nadovrzam-se e toa ok,licno jas imam procitano mn vakvi statii i sto li uste ne megjutoa kako moze edno nesto za eden da e stetno a za site ostanati ne?kako moze da se slucuva samo kaj poedinci a i tie poedinci na prsti da se brojat...neka najde nekoj brojka kolku "zrtvi" na vakcinite postojat ama da dade i brojka kolku se deca se imaat vakcinirano...ke ispadne 10 sprema 10000000... znaci mene toa ne mi e jasno,kako moze taka?za nekogo stetno a za nekogo ne! ne deka zavzemam stav,licno jas sum za vakciniranje samo od 1 pricina,utre den ako ne daj Boze mi zaboli od nesto deteto cel zivot ke mi ja jade dusata faktot deka ne sum go vakcinirala a sum mozela,a ne deka imam nekoja posebna pricina ili zazemam nekoj stav...samo sakam da znam...


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

gina знам од каде е извадокот, но ајде сите да истудираме медицина.
Со не регистирана вакцина во Бирото за лекови се вакцинирале илјадници деца???Не сакам да верувам, што завера или бизнис?

Сите читкаме но дали реално се исправи изворите од каде цитаме.Може ли само од искуства на родители да заклучиме за имунизација,или против,или во странство.Повторно актуелно
Ги вакцинираат децата во Вранје,Софија или Солун, каде што има поливалентни вакцини
Статија која ја има на Дневник.мк и низ нет,низ ФБ.....

Има ли некој искуство со купување на вакцини во странство или вакцинација во странство???



ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

ama pa zosto bas vakcinite se od poniska klasa?zosto ne se inekciite ili infuziite?ne mozam nikako da razberam...kako moze eden medicinski rastvor(vo slucajov vakcina) da bide necist i od poniska klasa a drug da bide kako sto treba? da ne e slucajno nesto do organizmot na onie na koi nesto im se slucilo?mozebi od nekoja zdrastvena pricina organizmot ne mozel da ja prifati vakcinata...moze ne e do vakcinata...zosto nikoj taka ne razmisluva?


Sonc90, инфузија и инекција не може да се спореди со вакцина, од проста причина што првите се друг вид супстанци - лекови и раствори на хемиски материи, а вакцините се антигени, полуживи агенси, со ослабена, но сепак постоечка активност, плус конзервирани со Х дополнителни материи.
Инаку, и на различните лекови - инфузии, анестезии, организмот може да даде неочекувана алергиска реакција, со фатален исход или со трајни последици.
Значи, не се работи за пониска и повисока класа на едните и другите, туку сепак за моментална состојба на организмот. Ризик постои во се.
Мене ме иритира фактот што се прави психолошки притисок медиумски, се ствара пресија врз родителите, се војува јавно, а се прават други заткулисни работи (се вакцинира во странство или со други вакцини кои ги нема кај нас, и тоа го прават медицински лица на своите деца).
Според мене, вакцината треба да биде избор и право, а не обврска.
И второ - да се растерети календарот за имунизација и да се воведат едновалентни вакцини.
И да се повторам уште еднаш - ризик постои во се и секаде, изборот треба да биде наш, од две зла да го одбереме помалото - да вакцинираме со страв, или да се плашиме од можно враќање на лошите стари болештини.


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

sandriana jas potpolno se soglasuvam so tebe vo se ima rizik vo se ima dobro i loso i mislam deka so nekoi raboti treba da sme zapozneeni
pedijatarot na moja sna za bebenceto i vikase ne brzaj so vakcinite sekako deka taa gi primase neznam zosto taka im vikal

Melanija jas ne sum stucna ni pak imav nekoja namera so postot znam deka ne moze da se veruva vo se sto ce procitas no ete go spodeliv kako edna informacija no Kade sto ima cad ima i ogan i gledajki vo kakvo vreme ziveeme sepak treba da sme opreszni ne samo so vakcinite eve i so ishranata ama sepak nie ne sme mokni toa sto ce ne posluzat toa ce konsumirame


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Мене целата дискусија за вакцини ме иритира ама комплетно.

Да не постоеја вакцини ќе испоумревме од куп болести, кои досега се комплетно избришани, и мислам дека е неодговорно кон детето да не се вакцинира. Да не зборам па за одговорноста кон целото општество и имунитетот на стадото, што функционира со децении наназад, се додека на некои хипи родители не им текна дека не чинеле вакцините и ај да сме се врателе назад во природата. Ако јас како родител мислам нешто, тогаш тоа ќе си го применам на себе, а не на детето па да го казнам за цел живот. Ризици има во се - може сега да ми падне лустерот на глава, но тоа не е причина да седам дома затворена и да не мрднам нигде, нели? Плус, има милиони милиони студии кои покажуваат дека вакцините не се проблем за аутизам и за многу други работи, и дека поголеми количини штетни состојки внесуваме со храна и преку воздухот, но неее - вакцините биле.

Ја проширив темата, знам, но за овие две деца мислам дека не се вакцините проблем - башка се кажа дека не ги ни примиле.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamita83

Македонија е потписнична на конвенција која му гарантира на секој граѓанин избор при било каква медицинска интервенција, вакцинацијата е медицинска интервенција; а конвенцијата е над законот и тоа е факт. Значи дилема нема околу правото на избор. Мене ме иритира што кај нас медиумски ти перат мозок, супер се вакцините, нема ризик, нема несакани последици нус појави, све е супер само вие однесете го вашето мило на вакцинација, тоа е лага. Тоа што мора да се спроведе кај нас е целосна информација од педијатарот на детето за сите несакани последици кои можат да настанат: парализа, енцефалитис, смрт, алергии и триста чуда, а родителот да си потпише согласност или не, свесен за сите ризици и доколку вакцинира и доколку не вакцинира. Куп болести кои се комплетно избришани ???? Туберкулоза има, хепатитис Б има, Морбили има и тоа во општества со 100% вакцинираност, заушки има, рубеола има и да не набројувам се си постои. Маркетингот наречен имунитет на стадото не се стекнува со вакцинација, туку со прележување на болеста, доколку знаеш дека секоја примена вакцина во најдобар случај те штити 10 години - тоа е факт, тогаш испаѓа дека секој во државата кој има над 28 години не е дел од стадото. Што се однесува до аутизмот вакцините не се единствена причина но се дефинитивно тригер-предизвикувач кај некои деца и тоа го има изјавено наш одличен педијатар Др. Нада Поп-Јорданова која е и член на МАНУ. Инаку сум член на група која се залага за слобода при изборот, без заплашувања со казни, децки додатоци, уписи по градинки и училишта; и лично го имам проверено македонскиот регистар на лекови, каде до скоро не стоеше вакцината Дифтеткок од Бугарија која со години ја примаат нашите деца, која има алуминиум кој ги надминуваат дозволените количини за 35 пати или 2500%. Алуминиумот за жал го има во сите вакцини, но во ниту една не е толку високо над интернационално дозволените количини, дури ни во вакцините за возрасни. Докажано е и познато дека алуминиумот примен преку игла остава трајни последици на централниот нервен систем и коските на децата, затоа и употребата му е строго ограничена. Во составот на вакцината Дифтеткок има жива (тиомерсал) која одамна е исфрлена од употреба во вакцините, поради познатите невротоксични својства. За живата не постојат дозволени количества, затоа што ниту едно количество не е дозволено. Ризик постои во се ама барем сама си го бирам.


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Потполно се соглаувам со мамита83, не џабе се поголем е бројот на родители во Германија и Словенија и други држави кои не сакаат да ги вакцинираат децата заради тие куп работи кои се штетни во вакцините и јас сум за тоа родителот да има право на избор дали ќе го вакцинира детето или не.

Порано мислев дека мора вакцинирање, но кога прочитав и слушам за негативните состојки во вакцините тука, дефинитивно треба да се размисли дали да има вакцинација и кои вакцини се навистина неопходни денес.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Долго време се мислев дали воопшто да се вклучам во дебатава и ваквите реакции не ме изненадуваат. Нема да продолжам единствено заради мој личен стрес и нервоза, бидејќи е тема која ми е битна, и само ќе кажам - слобода е се што правиш се додека не ја ограничуваш слободата на другите, па кој како сака нека сфати. Прилично сум добро едуцирана и информирана за да разликувам наука од рекла-казала и никогаш нема да застанам на страна на неохипи движењето за против вакцините и фејк паранојата од Биг Фарма, туку секогаш ќе сум на страната на науката, технологијата и напредокот. Човекот е дел од општество, од систем и од цивилизација, и ако некој сака да се однесува како да живее во среден век, слободно.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Можеби треба да се внимава и да се бориме за квалитетот на вакцините. Секаде во светот има сега прочистени вакцини (ацелуларни), без жива и алуминиум и во Македонија треба да се бориме за децата да добиваат таккви вакцини, ама аманте со пропагирање невакцинирање.
Вакцините се даваат затоа што има потреба од тоа и студии докажуваат дека баш тој имунитет на стадо функционира. Има студии кои укажуваат дека поголем број на деца во една географска област не се вакцинирани за одредена болест инциденцијата е поголема. Баш сега брзо во Шкотска имаше и кривични пријави за пропагирање невакцинирање зашто имаше смртни случаи кај деца од компликации од болеста кај деца со намален имунитет што нормално се заразиле од своите невакцинирани другарчиња.

Плус ние сме ризични подрачје за туберкулоза за жал сеуште во 21 век е така. Кога стигнав на факултетот во Велика Британија прво нешто што тербаше да направам е да им однесам потврда дека сум вакцинирана против туберкулоза и да одам сестрата да ми ја провери лузната од вакцината зашто тие таму немаат во календарот на имунизација вакцина за туберкулоза болеста им е искоренета и не сакаат некој од ризични земји да им ја донесе болеста кај нив. Проверката ми ја праве на мои 25 години. Исто така пред да одам морав тука да примам вакцина против Менингит Ц и септицемија зашто кај нас не се прима задолжително таа вакцина ама кај нив ја има болеста па мораат сиет до 26 години да се вакцинираат. За тоа исто носев потврда од тука.
Така што секаде во свет се вакцинираат луѓе и тоа бво голема мерка придонесува за искоренување на некои болести (нормално заедно со антибиотици).

Штетните ефекти се јавуваат за жал кај некои случаи кај кои лекарите не обрнуваат довлно внимание. Едни мои познаници изгубија дете откако лекарот лошо проценил дека детето не е болно и го вакцинирале. Исто така знам и за дете кај кое се појавуваат симптоми на церебрална парализа по примање на вакцина ама тоа е затоа што лекарите не процениле добро дека детето треба да прима само ацелуларни вакцини а не обични зашто веќе било под ризик заради тежок пороѓај.
Значи мој заклучок е дека треба да се бориме за квалитет а не исклучиво за црно и бело.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Jas ne bi sakala da gi vakciniram moite deca najiskreno kratko i jasno


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Баш прочитав некаде и апсолутно се согласувам: ги почитувам родителите кои се информирале за предностите и ризиците и потоа со својата глава донеле одлука за вакцинирање или невакцинирање на бебето, а не затоа што ете сите вакцинираат, или ете другите не вакцинираат, па ајде и јас.
Е тоа ми е крајне глупаво и неодговорно.

Јас за мене да кажам дека не е баш лесна одлука, воопшто!
Генерално сум за вакцинирање, ама како што кажаа Квиско, можеби треба да бараме и настојуваме на квалитет.

Син ми има примено таа вакцина за ММР точно на година дена кога имаше, и после година дена фати рубеола!
Читав на нет рубеола, поради вакцини, е одамна искоренета во Америка пример. А моето дете ем вакцинирано, па пак се зарази.
Се разбира бев фрустрирана и не знаев што да мислам. Одам кај педијатар, се жалам, таа ми вика; еее ни вакцините не се што се биле порано user posted image Мислам што тоа треба да значи? Ама во оваа држава веќе тотално изгубив доверба и станав скептична и околу тоа. Навистина, кој знае какви се вакцини ние добиваме тука, кога се е криминал и мафија?

Друго, околу вакцините. Тука каде што живеам, докторот кој врши преглед пред вакцинација, НИТУ ЕДЕН пат немаше побарано крвна слика.
Се знае само гледа грло и преглед со стетоскоп, преглед трае 5 секунди и тоа е. А знам пример дека во некои други градови во Македонија, барем пред вакцини што се сметат да даваат реакција, им проверуваат и крвна слика на бебиња.

Трето, погрешно советување околу вакцините. Тука докторите ти кажуваат. оваа вакцина дава реакција, кога дојдете дома ставајте му облоги и давајте парацетамол непрекидно 2-3 дена. Дури сум сигурна дека ми имаше кажано парацетамол и на 4 саати ако има тт.
Тоа е погрешно аплицирање на вакцина, барем од една докторка што ми објасни. Примената вакцина така не може да се развие во организмот, и испаѓа како да и се убива ефектот на вакцина.

Еве, второ дете ќе ми дојде. Имам слушнато дека Владата најавила официјално пуштање на петовалентни вакцини од август годинава.
Пак некој ми кажува дека тие па се дури и поопасни, повеќе отров смуќнан заедно. user posted image

Реално ако гледаме, ризиците секогаш постојат. И ако прими вакцина и ако не прими. Например на нашето подрачје се уште е присутна дечија парализа која што е вирусно оболење (имунизација е со ДТП вакцина), е ајде сега со храбро срце не го вакцинирај со таа вакцина на овие простори user posted image

Дефинитивно решение кај мене гледам овака: ќе глумам доктор, и ќе проверувам крвна слика пред вакцинација, ќе ги распоредувам некои вакцини на поголеми временски размаци и Господ нека не чува.



ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

малку ми е тешко да завземам конкретен цврст став за или против. Некако и моето е на линија на размислување на Kvisko со тоа што знаејќи ги состојбите во државава кога би имала сега дете не би го вакцинирала (иако моите се вакцинирани за се по ред, и сега во прво одд пак примија вакцина) затоа што:
-никој не ти кажува што точно има во вакцината, доаѓа сестрата и му шиба вакцина на детето...
- никој не ти објаснува зошто треба детето да се вакцинира како бебе, а зошто не може на пример да се почне со вакцини од 3 години нагоре кога тоа дете ќе има каков-таков изграден имун систем. Па нели не било страсно ако не го вакцинирас за ММП на 13 мсецеи можело и покасно...Епа ако е така произволно, зошто се инсистира да се вакцнираат како бебиња?
- затоа што никој нема да процени дали твоето дете е во ризична група па можеби не треба да прима вакцина зошто нему лично повеќе ќе му наштети од што ќе му помогне. И јас сум на мислење дека самата вакцина не може да е причина за аутизам зошто тогаш сите деца би биле аутистчни, но верувам дека може да е тригер болеста да се изманифестира у најлоша форма која инаку не би се појавила или би се појавила во друга форма (а не е само аутизам, скоро имаше случај на девојче кое од полио вакцина добило траен инвалидитет)
- затоа што ако баш на моето дете му се деси хендикеп ради примена вакцина никој во ова општество нема да ми помогне и олесни да го одгледам тоа дете - баш напротив ќе ми го згорчат уште повеќе и мене и него животот...не би сакала во МК да се грижам за дете со посебни потреби.
-затоа што ако бас на моето инаку зраво право дете му се деси било каков траен хендикеп нема баш да ме занима статистиката дека оно е 1 во 1.000.000 зошто мене тоа едно ќе ми биде 100%





ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

За квалитет на вакцините - апсолутно, потпишувам со две раце, но невакцинирање не одобрувам. Секако, сакам да знам дека вакцината е квалитетна и проверена, и дека докторот седнал и посветил внимание на тоа дете пред да го шибне. Се се тоа дополнителни мерки кои ја подобруваат успешноста на вакцините како цивилизациски и медицински концепт. Во однос на тајмингот, може треба да се редефинираат правилата и некои вакцини (или сите) да се сатваат подоцна, но пак ќе си кажам, под услови да е направено како што треба, неизбежно е вакцинирање.


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Јас со тешко срце се одлучив да ја вакцинирам. Не сум против вакцини туку не им верувам на фармацевтиве, но сепак за мене поубаво да ја вакцинирам отколку не. Секој различно не судам и за оние кои не си ги вакцинираат децата нивно право. Но затоа пак пред секоја вакцина правиме крвна слика педијатарката ја проверува и кажува која вакцина треба да се прими. Искрено ќе си кажам ни еднаш ја немам однесено кога ми рекле каснам со вакцните од причина што читав и тоа не од еден специјалист и повеќе и имам разговарано дека од една до друга вакцина треба да има размак најмалку од 4 до 6 недели. а за трета доза на хепатит б 6 месеци од втората. Смее да се касни со вакцина најмногу до 3 месеци. Детето да е се здраво и малку да му тече носето да не се носи на вакцина. Тоа и си го применувам. А за ДТП вакцината првата ја прими на 6 месеци во никој случај не ја носев на 3. Тотално погрешно. Плус еден специјалист ми кажа најлош период за дете да прима вакцина е од 2 до 4 месеци поради мозочето. И со сето ова се тресам на секоја вакцина тоа е факт ама сметам дека е и за нејзино добро. Во никој случај нема да ја носам да ја шибаат на 2 недели како што им е наложено и покрај тоа што и самите знаат дека е краток период зашто и јас работам во здравство и знам како е кога ќе ти наложат нешто што не може така да иде ама тоа. Информирајте се и секој како мисли така. Тоа е од мене позз


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

За квалитет на вакцините - апсолутно, потпишувам со две раце, но невакцинирање не одобрувам. Секако, сакам да знам дека вакцината е квалитетна и проверена, и дека докторот седнал и посветил внимание на тоа дете пред да го шибне. Се се тоа дополнителни мерки кои ја подобруваат успешноста на вакцините како цивилизациски и медицински концепт. Во однос на тајмингот, може треба да се редефинираат правилата и некои вакцини (или сите) да се сатваат подоцна, но пак ќе си кажам, под услови да е направено како што треба, неизбежно е вакцинирање.


Ова сериозно? Потпишуваш со двете раце дека вакцините се одлични?
Додека човек не се изгори,ке треска вакви глупости!


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

За квалитет на вакцините - апсолутно, потпишувам со две раце, но невакцинирање не одобрувам. Секако, сакам да знам дека вакцината е квалитетна и проверена, и дека докторот седнал и посветил внимание на тоа дете пред да го шибне. Се се тоа дополнителни мерки кои ја подобруваат успешноста на вакцините како цивилизациски и медицински концепт. Во однос на тајмингот, може треба да се редефинираат правилата и некои вакцини (или сите) да се сатваат подоцна, но пак ќе си кажам, под услови да е направено како што треба, неизбежно е вакцинирање.


Ова сериозно? Потпишуваш со двете раце дека вакцините се одлични?
Додека човек не се изгори,ке треска вакви глупости!

Bububebe не е во ред да се напаѓа некого без убаво да се прочита неговиот пост.Hopeful RR никаде не пишува дека потпишува дека вакцините се одлични туку дека потпишува за вакцините да бидат квалитетни а тоа е огромна разлика.Нема потреба од вакви коментари кои се неосновани,секако доколку имаш некое мислење или негативно искуство добро би било да го споделиш со останатите бидејки за волку осетлива тема секое искуство е добредојдено.Поздрав


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Bububebe, прочитај внимателно па коментирај и напаѓај user posted image Потполно се залагам за што поквалитетни вакцини, а не можам да тврдам за квалитетот на нашите вакцини овде. Сепак, планирам да ги вакцинирам децата со внимавање на нивното здравје претходно.

Инаку, што подразбираш под горење? Ако имаш непријатно искуство, жал ми е, би те замолила да го споделиш со нас.

Во секој случај, горење и ризици постојат од секакви процедури и постапки - и медицински, и немедицински, но со оглед на тоа дека човекот е дел од едно општество кое функционира со одредени правила, сите ние сме свесни за тие можности и живееме со нив. Тоа е како да кажам - не се возам никогаш во кола затоа што може да имам несреќа. А во однос на вакцините, мислам дека далеку се поголеми ризиците за децата од нивно невакцинирање отколку од вакцинирањето, и се уште сметам дека тоа е акт на себичност и неодговорност, и кон детето, и кон другите деца (кои не се во можност да примат вакцина), и во однос на цивилизацијата од која сме дел.


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonc90

Bububebe a ti od kaj znaes?vsusnost site - od kade znaete dali vakcinite nasi se odlicni ili ne?koj uopste gi ispital?toa se samo spekulacii,toa e samo diganje galama i dzeva...znaci kazuvaat kako imalo smrtni slucaevi ili slucaevi vo koi zavrsile so poteski posledici megjutoa sto ako ne se vakcinite problemot tuku organizamot na tie deca na koi im se slucilo toa?koj dokazal deka tokmu vakcinata e problemot za sega da napagjas na toj nacin?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Трето, погрешно советување околу вакцините. Тука докторите ти кажуваат. оваа вакцина дава реакција, кога дојдете дома ставајте му облоги и давајте парацетамол непрекидно 2-3 дена. Дури сум сигурна дека ми имаше кажано парацетамол и на 4 саати ако има тт.
Тоа е погрешно аплицирање на вакцина, барем од една докторка што ми објасни. Примената вакцина така не може да се развие во организмот, и испаѓа како да и се убива ефектот на вакцина.

Е ќе ги распоредувам некои вакцини на поголеми временски размаци и Господ нека не чува.



Проблемот е и во тие педијатри кои даваат совети,според пракса и искуства од пред 20-30 год. Точно така и јас знам превентивно не се дава парацетамол ,па не ни на 4 сааати.
==========
Реакцијата со Т е реакција дека самата вакцина делува и се бори со текнување на отпорност.Тоа и се бара повеќе разделеност временска на вакцините.Глупост е ДТП,Полио и Инфлуенса да се даваат 3 дози за 3-4 м. На моето кога рекоа дека поради моменталено иритирачка јака форма на дерматит нема да го вакцинираат,ни рекоа дека не е проблем да се прими покасно.На 8 м ја прими првата доза.
Па зошто тогаш се тормозат бебиња на 2 м да ја примаат???user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

-никој не ти кажува што точно има во вакцината, доаѓа сестрата и му шиба вакцина на детето...

- никој не ти објаснува зошто треба детето да се вакцинира како бебе, а зошто не може на пример да се почне со вакцини од 3 години нагоре кога тоа дете ќе има каков-таков изграден имун систем. Па нели не било страсно ако не го вакцинирас за ММП на 13 мсецеи можело и покасно...Епа ако е така произволно, зошто се инсистира да се вакцнираат како бебиња?
- затоа што никој нема да процени дали твоето дете е во ризична група па можеби не треба да прима вакцина зошто нему лично повеќе ќе му наштети од што ќе му помогне. И јас сум на мислење дека самата вакцина не може да е причина за аутизам зошто тогаш сите деца би биле аутистчни, но верувам дека може да е тригер болеста да се изманифестира у најлоша форма која инаку не би се појавила или би се појавила во друга форма (а не е само аутизам, скоро имаше случај на девојче кое од полио вакцина добило траен инвалидитет)
- затоа што ако баш на моето дете му се деси хендикеп ради примена вакцина никој во ова општество нема да ми помогне и олесни да го одгледам тоа дете - баш напротив ќе ми го згорчат уште повеќе и мене и него животот...не би сакала во МК да се грижам за дете со посебни потреби.
-затоа што ако бас на моето инаку зраво право дете му се деси било каков траен хендикеп нема баш да ме занима статистиката дека оно е 1 во 1.000.000 зошто мене тоа едно ќе ми биде 100%


Многу многу вистини во твојот пост.Знам дека сите практикуват ММР да ја примат пред 2 год. Па зошто едноставно да не го сменат календарот кога сите така прават.
-Треба ние да знаеме дали е во ризичка група. Секое дете треба да си картон со сите болести или склоности од родителите,и близок род.Педијатарот матичен мора да ја знае историјата на детето. Отпосле кога недајбоже ќе дојде до заболување од некоја вакцина одговорот им е ,па имало генетска предизпозиција или вообичаеното тоа не е од вакцината.
-дете со посебни потреби во МКД - господ да им е на помош

gina не мислев кон тебе туку дека снам која страна е .Таму навистина може да се прочитат некои работи.Дали се вистините или не ,никако неможе да знаеме.
Впрочем и се што ќе прочитаме неможе да знаеме,за тоа е потребно и медицинско знаење.Затао се чудам како само од читање некои одбиваат вакцинација.Читање,искуства,разговори со разни доктори може само да ме убедат ЗА или ПРОТИВ.

Дека вакцините не се наивно нешто е факт,тогаш нема познати да примаат на клиника ниту тие со подлабог џеб ќе одат во странство.

Gardenia не се брзај така повеќе ти е стресно. Одбери сама најповолен момент во кој детето ТИ сметаш дека е здраво и спремно за вакцина.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Можеби треба да се внимава и да се бориме за квалитетот на вакцините. Секаде во светот има сега прочистени вакцини (ацелуларни), без жива и алуминиум и во Македонија треба да се бориме за децата да добиваат таккви вакцини, ама аманте со пропагирање невакцинирање.


Потпис user posted image



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот annabela)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вакцини, за или против?
27.4.2015 22:35:25   
Melanija RR
Без примени вакцини нема упис во градинка и во училиште
МАКЕДОНИЈА | 17.04.2015 15:08


Децата што немаат примени вакцини од задолжителниот календар за имунизација нема да бидат примени во градинка и во училиште. Иако ова и досега беше законска обврска, има образовни институции што не ја почитуваат. Од Министерството за здравство ќе побараат поригорозна примена на оваа законска одредба.

– И во многу западни земји вакцината не е задолжителна, но без вакцинален картон децата не ги примаат во училиште. Ние знаеме дека има отстапки и ќе бараме да биде поригорозно – вели Јованка Костовска

Ова следува по податоците за минатата година кои покажуваат дека има благо намалување на процентот со имунизација. Ако продолжи овој тренд, лекарите со песимистички прогнози дека ќе се вратат веќе искоренети болести.

– Ќе се создаде една група на деца кои не се вакцинирани, а знаеме дека има земји како Америка каде што се борат со морбили и не можат да се справат – вели Костовска

Со едукација на матичните лекари, родителите и вработените во центрите за имунизација, надлежните сакаат да докажат кој е бенефитот од вакцинацијата. Исто така, ќе се има увид и кај самите вакцини – кој е производител и каков е составот.

Извор:република.мк

====================
И сега?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вакцини, за или против?
28.4.2015 10:02:02   
mamita83
И сега повторно лаги. Изјавата на Јованка Костовска е тотално против законска, правото за невакцинирање родителите во РМ го имаат, право да се одбие медицинска интервенција дури и да се работи за превенција е загарантирано, мое тело - мој избор - мое дете. Само треба да се даде изјава, како што направив, и не те замараат со непотребни муабети. Тоа што некој поозбилно ги разбира вестите од законот тоа е друга прикаска. Колку што сум јас информирана родителите кои невакцинираат имаат само проблем да го остварат правото на надомест за трето дете кое државата одбива да го исплати доколку детето не е вакцинирано, но за сите други доколку си ги знаете правата ќе си ги остварите, училиштето е задолжително за сите деца на РМ и така си стои во законот, моето дете е во државна градинка и немаше никаква реакција од управата на градинката ниту при уписот ниту сега.

< Поракaта ја уредил mamita83 -- 28.4.2015 10:03:50 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Вакцини, за или против?
28.4.2015 14:24:14   
Melanija RR
mamita83 тоа и е проблемот, на сите страни информации што се мораме во оваа држава и претење ,а никаде инфо на што се имаме право.Па и за ова информираноста е слаба, и затоа палат вакви заканиuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Вакцини, за или против?
28.4.2015 15:01:57   
mamita83
Дефинитивно се крши законот, најчесто заради тоа што секоја медицинска интервенција мора да подлежи на информирана согласност. Сега барем мислам дека оние кои сакаат да соберат информации се во многу подобра ситуација споредено пред 5-10 години, на ФБ имате група „Вакцинирањето - право на избор, слобода над се„ каде можете да ги прочитате закони, потпишаните конвенции кои се над домашната легислатива а се поврзани со човековите права и слободи, потребна изјава за одбивање на вакцинација, како да постапувате при т.н. порамнување и сл.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Вакцини, за или против?
17.6.2015 10:06:36   
lolla RR
Ајде и јас да си се изјаснам на оваа тема, неколку години додека с боревме со стерилитет па и откако сум породена размислував на оваа тема, доста читав разговарав и истражував во доменот на моите можности. Така, јас сум ЗА избор и ПРОТИВ вакцинирање на бебиња. Имам скоро петмесечно синче кое не е вакцинирано, дали после 1-2 години ке се одлучам за вакцини не тврдам, засега помирно спијам со одлуката засега да седи невакцинирам. Ве молам не ме осудувајте одма за несовесна мајка ова се моите размислувања и се надевам ке бидам концизна и брза додека спие бебето:

1. Вакцина - никој никогаш освен компаниите кои ги произведуваат не ја покажал нивната ефикасност, милијарди се вакцинирани и потоа си ги прележуваат болестите. Дали постои такво нешто како 30-95% имунитет кон болест??? Привремен имунитет? Единствен имунитет кон вирус е траен и тоа со прележување на болеста - вирус.
2. Вакцини против бактерии????? Сите знаеме дека не можеш да си имун на бактерии, таа толку брзо мутира и седи во организмот и напаѓа кога имунитетот ти е намален, како после вакцина. Тука се ХепБ, ТБЦ, ДТП, ХИБ, стрептокока итн.... Затоа и кампањата за разумно користење на антибиотиците кои бај д веј се начинот на убивање на бактериите во организмот.
3. Дали сте го прочитале составот на вакцините, јас го прочитав... И не можам да спијам оттогаш со мислам дали како што. Ги има на секој производител на веб страните.
4. Вакцините го намалуваат имунитетот, некои кои се со живи вируси ги шират вирусите на оние околу нив кои се со намален имунитет.
5. Како може за се друго вомедицината да се има пристап случај до случај нели не сме сите исти освен за вакцините. Како знам дека моето дете не е екстремно алергично на нивниот состав. на една од 100 состојки кои се користат за презервација на вирусот, бактеријата како ткива од абортирани фетуси, ткива од мајмуни, пилешки ембриони, жива алуминиум, овчја крв и други животински протеини, антибиотици итн....
6. Реакции од вакцини, од ништо до неДАЈ БОЖЕ СИДС, епилепсија, дисфункција на мозок, ретки да, но од каде знам дека нема да е моето бебе??? Имам пријателка која едното од близначињата на 2 месеци од ДТП доби епилептични напади и сега е дете со посебни потреби. Другото близначе ништо не му е, но ете. И сите овие последици се уредно запишани во упатството за употреба со што компаниите се заштитени.
7. Имунитет, мислам дека се се врти околу него. Нели со вакцините него го добиваме, ама се си мислам дека е до стилот на живот, услови на живот, хигиена, храната итн.
8. Да се разбереме, не сум против лекови, медицина, и моето бебе е направено со ИВФ, се околу нас е хемија.

Тоа е во моментот, за натаму ке видам, во Швајцарија не е задолжително вакцинирањето па ете немаат зарази, во Јапонија минимум детето треба да е 2 години за да се почне со вакцина, а ММР не се користи. Највакцинирана нација е Американската. Секоја одлука е меч со две острици, но знам дека јас сум одговорна за моето бебе, како и да одлучам, а сите го сакаме најдоброото. Кога ке имам време ке се изјаснам и за секоја вакцина одделно.

Ако смее линкови еве од негативните ефекти:
http://www.cdc.gov/vaccines/vac-gen/side-effects.htm#dtap

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Вакцини, за или против?
20.7.2015 13:51:36   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

"Од август почнува примената на шествалентните вакцини

Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, најави денеска премиерот Никола Груевски.

- Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.

Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата.

- Исто така ќе бидат потребни две до три недели да се дистрибуираат и нивното користење ќе започне од 1 септември. Со ова исполнуваме уште едно наше ветување дадено во програмата и пред македонските граѓани, истакна Груевски."

Извор: дејли мк

Ајде мамички, баш ме интересира што мислите за ова, викаа помалку боцкање за децата ќе има со овие вакцини, дали се квалитетни дали се подобри од претходните....?



ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Lele aman veke so vakcinive.Koga nemashe polivalentni,imase komentari od tipot- blazesi im na onie sto moze da si priushtat da kupat od Solun ili da go nosat tamu deteto na vakcinacija.Sega koga ke gi ima i kaj nas odma komentari od tipot- So 1 bockanje 5/6 virusi pa toa bilo shok za organizmot.Pobogu shto da pomislime veke....


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

kokicekokice, затоа и ме интересираше мислење, вакцините и така и така се штетни, демек од една страна штитат, ама сепак ме интересираше од две зла кое е помалово, овие поливалентниве или тие од претходно?

Кои носат помалку ризик и помалку беља за бeбињата/дечињата?Дали овие новиве во странство повеќе ги користат и дали се таму позадоволни родителите..видов негде статистика по социјалниве мрежи, не знам дали е точна, дека овие новиве модерниве вакцини носеле поголем број несакани ефекти по број на вакцинирани, него ли стариве вакцини...и сега баш се чудев што е точноuser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance

Jas nikogas na dete od 3 ili 6 6meseci ne bi stavila peto pa uste i shesto valentna vakcina...toa e se samo ne e normalno...i ne se sporeduvajte vo svetot..vo 90% od zemjite prvo imas pravo na izbor koi vakcini da gi stavis a koi ne...a da ne zboram za kvalitetot...samo ovaa godina vo MK se pustija vo upotreba 2 vakcini koi ne se registrirani sto e znak = na neprovereni...e ne fala...

I procepkajte ubavo ne site vakcini sodrzat umrtveni virusi...Taka da ja ne bi od tie 6-to valentnite


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Jas sum i onaka protiv vakcini a ovie polvalentnitese uste postrashni. Samo razmislete kako ke reahira organizam izlozen na tri bakterii plus dva tri virysa sekoj obraboten na svoj nacin ... kakov imunoloski odgovor ke se dobie???? Organizmot na sto popfvo da stvori imunitet? A toa deka se polrocisteni i nema nus pojavi e samo finta otkako se znae kolmu se stetni ednovalentnite pa ajde ovie se razlicni. Sekoj so svoj pamet no sepak treba da se procitaat upatstvata gi ima pogore vo link. Voevropa i.a 104 deca pocinato od pentaksimot koi se priznati deka se od ovaa vakcina. Samo neka ni gi cuva gospod bebinjata.

I neli bebinjata do shest meseci ne sozdavaat antitela... zosto togas groto vakcini se do taa vozrast?


ИЗВОРНА ПОРАКА: milimilenamelani

Dragi majki!Eve ke Vi kazam deka sum PROTIV vakcinite.Vakcinite se napraveni za unistuvanje i truenje na lugeto.Majki,nikogas nemojte da im davate OTROV(VAKCINA) na Vasite najmili.
Dokaz za toa ima Prim.Dr Todor Jovanovic koj e imunolog i virolog,i ima raboteno po Evropa i SAD.Se znae so lugeto koi gi pravat vakcinite vo SAD.Slobodno pogledajte go videotona youtube koe glasi :Dr. Todor Jovanovic - razgovori o viruse,vakcine,epidemije,kancer,sida i hepatit C i vednas se ke vi bide jasno kako den.Nemojte da veruvate na Doktorite koi dobivaat dobri procenti od seto toa i na farmakoloskite mafii,a nepotrebno da si gi truete decata,koi se nase najgolemo bogatstvo.Mozete da pogledate i video na Dr.Slagan Velkov koja e protiv vakcinacija.



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Вакцини, за или против?
20.7.2015 15:03:44   
Hopeful RR
Апсолутно ЗА! И наместо да се залагаме против вакцини, да се бориме за поквалитетни вакцини, тоа е мојот став!
Вакцините се цивилизациска придобивка и ако некој во денешно време ги негира технолошките и научните достигнувања, нека се врати слободно во камено доба и нека живее без сите современи удопства. Извинете за мојата бурна реакција, ама навистина не можам да прифатам дека антиваксерите стануваат се побројни - ако до толку сте сигурни во своите интернет истражувања и теории на заговор, тогаш исклучете се од цивилизација, живејте без струја, вода, машина за перење и слично.

Дополнително, телото на детето е негово, не мое, и немам никакво право да му го загрозувам здравјето со тоа што нема да го вакцинирам. Ако се уште се наведува аутизмот како главна причина, тогаш објаснете ми ја појавата на аутизам кај невакцинирани деца, која е подеднакво застапена. Ве молам, немојте да се базирате на интернет содржини, сите знаеме дека денес и шуто и рогато има пристап на нет, и врз основа на тоа да донесувате вакви витални одлуки... Знам дека сега ќе рипнат сите против вакцини, и немам намера да се расправам и да се натегам, туку само сакам да го искажам мојот став. Се надевам само дека некој таму ќе ги чува сите наши вакцинирани и невакцинирани деца...

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 20.7.2015 16:32:58 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Вакцини, за или против?
20.7.2015 15:22:34   
LoveableMe RR
Јас сум против вакцини или ако веќе мора да има вакцини, да се направи селекција на тие што навистина неопходно требаат и да се усоврши нивниот состав. Па луѓево на месечина се качија, а вакциниве уште со рептили што не се внатре.

Точно дека не треба да се верува на се што ќе се прочита, но ете има луѓе фармаколози лекари кои знаат што има во составот и искрено можат да кажат, ако смеат, дали навистина треба да се ставаат сите и дали нивниот состав е оправдан.... во САД бидејќи имаат најмногу вакцини, има и многу случаи на ментални проблеми кај децата баш поради тие вакцини....

Но фармаколошката мафија не е заинтересирана да ги усоврши/намали бројот на вакцини, така што ќе остане ова вака изгледа уште долго....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Вакцини, за или против?
20.7.2015 16:22:00   
lolla RR
Jas само си размислувам, како во 80тите имало 50% помалку вакцини од сега, нели ако допринеле толку за „искоренување„ на болестите би требало и бројот на вакцини да се намалува а не зголемува?

ОД секогаш се знаело дека вакцните се НУЖНО ЗЛО, тогаш сошто ни се поттура вакцина против ХепБ, стрептокока, хпв уште на раѓање, толку се заразни тие па да зафатат цели популации??? Па ние не сме вакцинирани од полио до некоја си 95-96 година. Има многу многу прашања кои никој не ги одговара, а со поливалнетните вакцини само уште повеќе дилеми се отвораат.

Туберкулоза има сеуште само во земјите каде постојат вакцини за неа. Во речиси сите западни земји од европа вакцинирањето не е задолжително. Моето бебе ги прими досега само тие две вакцини во породилште, и нема белег од таа за туберкулоза. Значи таа е неуспешна, кој мене ми гарантира дека останатите ке бидат успешни???

Многу тешка тема е оваа, нека не чува господ сите.

И на крај, која и да е одлуката треба да се прочита упатството од вакцината, видете во сите дека пишува дека заштитата е максимум 5-10 години и тоа успешна во 90-92% од испитаниците кои се на возраст од над 6 месеци.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 9:44:49   
Bea
Имам некое општо ниво на информираност за вакцините, но сеуште не можам да кажам да кажам дефинитивно за или против.
Сметам дека и оние што се целосно ЗА, треба да бидат апсолутно информирани за онаа другата страна.

Најмногу ме загрижува составот на вакцините и несаканите последици.
Дали секој матичен лекар информира за составот на вакцините, за несаканите последици, при тоа не мислам на покачена темепратура и црвенило? Дали го знаеме производителот на вакцините и рокот на траење?
Дали секој родител ја знае разликата помеѓу целуларни и ацелуларни вакцини и зошто секое дете нема право на ацелуларна вакцина, туку до таква вакцина се доаѓа или само ако не дај боже детето има слаб имунитет, алергии и сл - или ако има врски на клиника?

За сега знам дека сум ПРОТИВ ММР вакцината, прво поради тоа што е страшно контроверзна поради својот состав (морбили вирусот е одгледуван на пилешки ембриони, заушките - на абортирани човечки фетуси, содржи живи вируси, содржи жива која цел животен век се задржува во организмот, содржи антибиотик), второ поради поврзаноста со сериозни заболувања, трето - затоа што во МК е воведена во крајот на 70-те години, пред тоа нашите браќа, сестри и родители си прележувале и заушки и морбили, па ништо не им фали, четврто - затоа што ни една вакцина не обебзедува траен имунитет и не е гаранција дека детето никогаш нема повторно да се разболи од болеста.

Да, информациите ми се од интернет, но не од рекла казала муабети. Составот на вакцините е достапен од самите производители, достапни се студии и истражувања на реномирани педијатриски асоцијации, документарци и студии на лекари и фармацевти кои не можеме туку така да ги дискредитираме.
Како иден родител сакам да бидам информирана што тоа ќе дозволам да прими моето туку што родено дете.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?