|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 10:16:14   
Kvisko
Мене ми се вакцините нужно џло. Штитат од болести и тоа е тоа.
Lolla вакцините за туберлулоза се даваат затоа што болеста сеуште постои кај нас и слични помалку развиени подрачја. За да се укине вакцина во одредена земја треба одредено време да нема инциденца на таа болест. Проверете убаво па ќе видете кога се укинати одредени вакцинк во одредени земји. Јас сто пати до сега го напишав мојог пример за вакцината за туберкулоза и менингит ц кога отидов во Велика Британија на студии. Само што тоа што не одговара некому не се ни чита. Еве пак ќе повторам. Штом стигнав веднаш ми бараа доказ дека сум вакцинирана ос туберкулоза зашто Македонија е во ризични земји за таа болест. Им покажав картон за имунизација и мк рекоа добро само да ја видимд и лузната. Ако го немав тоа ќе ме ставеа во карантин и ќе ми бапне вакцина на 24 години. Ете така на Запад се штитат од искорента болест ако ја нема кај ниц странците кадд што ја има екстра добро ги проверуваат. Е сега кај ниц е задолжителна имунизација за менингит ц што кај нас не беше случај кога јас одев таму. Сите до 25 годинк морале да ја имаат примено и пред да одам бев цо Центар за јавно здравје да ја примам ако не ја примев пак таму ќе ми ја ставеа. Нема сакам нејќам кога ние одиме таму.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 10:24:06   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

.......................Штом стигнав веднаш ми бараа доказ дека сум вакцинирана ос туберкулоза зашто Македонија е во ризични земји за таа болест. Им покажав картон за имунизација и мк рекоа добро само да ја видимд и лузната. Ако го немав тоа ќе ме ставеа во карантин и ќе ми бапне вакцина на 24 години. Ете така на Запад се штитат од искорента болест ако ја нема кај ниц странците кадд што ја има екстра добро ги проверуваат..........Нема сакам нејќам кога ние одиме таму.


Да, така е, но не е муабетот за тука или таму, туку да се направи реформа во цел свет и да се види што треба, а што не треба да се дава и да се усоврши составот на вакцините, па да се примаат само тие што навистина мора. А, да и секако да се направи поопсежно испитување колку вакциниве што се ставаат низ генерации уназад, навистина се корисни и дали навистина си ја завршиле својата функција или не, па ако нема потреба, да се укинат.......


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 13:58:05   
Hopeful RR
Бш пред некое време имаше податок дека во Америка немало појава на одредена болест (заборавив која, извинете) повеќе од 30 години токму благодарение на вакцините и зголемената свест на луѓето во 70те и 80те години. И што се случува - се забележува еден случај на појава на болеста, кај религиозни групи кои избегнуваат вакцинација, од еден - два, од два - четири... Почнало пак да се појавува. А нултиот случај се испостави дека е странец од земја кај што не била строга вакцинацијата, и ете, толку е доволно...

Си ја вршат функцијата само ако целосно се спроведат во поголемо времетраење, притоа постојано се работи на нивно усовршување. Е сега, мене најголема грижа ми е какви вакцини се носат кај нас, со оглед на тоа како се одвиваат јавните набавки во Македонија and so on and so forth, да не отворам трети теми. Но, сепак повеќе сум за отколку против.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 14:38:19   
Bea
Hopeful, ако можеш да се сетиш или да побараш за која болест се работело супер би било.
Во еден пост на kvisko на претходната страна прочитав за семејства што загубиле дете и за дете што покажува знаци на церебрална парализа, како последица на недобро развршена работа од лекар???
Ова многу ме загрижува како факт. Секој организам е различен и различно реагира, може да е лекарска грешка, но по цена на живот или доживотни последици? А како кај нас се упатуваат деца на вакцинација? Или можеби тогаш имаме недостаток од утврден протокол пред вакцинирање кој ќе важи за сите, а не од лекар до лекар.

Од друга страна треба да се стави на кантар и прележувањето на самите болести. Па еве и да се разболи од морбили на пример. Пред некоја година имаше епидемија на морбили во детските градинки меѓу вакцинирани деца! Заболеа вакцинирани деца, така да прашање е колку си ја вршат функцијата. Во секоја болест може да се јават компликации, ама па кој родител ќе си го остави детето без лекарска грижа и надзор?
Исто и со N1H1, заболеа и прележаа еден куп деца и возрасни. Ни вакцина ни ништо.

Немојте да ме сватите погрешно,размилсувам гласно и ме интересираат и туѓите размислувања на темава.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 15:16:34   
vanessa30
Бш пред некое време имаше податок дека во Америка немало појава на одредена болест (заборавив која, извинете) повеќе од 30 години токму благодарение на вакцините и зголемената свест на луѓето во 70те и 80те години. И што се случува - се забележува еден случај на појава на болеста, кај религиозни групи кои избегнуваат вакцинација, од еден - два, од два - четири... Почнало пак да се појавува. А нултиот случај се испостави дека е странец од земја кај што не била строга вакцинацијата, и ете, толку е доволно...


Sosema se soglasuvam, i jas sum poveke za otkolku protiv.
Inaku mislam deka e mnogu pobitno, deteto da bide sosema zdravo pred primanje na vakcina (znaci ne da mu tece nose, da ne potkasluva...), bidejki od start ako mu e padnat imunitetot, potesko ke ja pomine vakcinata i mozni se komplikacii.
Voedno nie vo Jugoslavija site sme vakcinirani redovno i toa so tehnologija godini godini postara , pa nisto ne ni fali.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 15:18:50   
lolla RR
ИЗБРИШАН ЛИНК

Еве овде ги има упатствата за сите вакцини. Како што пишав претходно тешка е темава, не сум спиела со ноќи и ноќи додека да се /одлучам за овој чекор. Засега нема да вакцинирам бебе, кога ке наполни 1-2 години, можеби ке почнам да размислувам за одредени, но не сум сигурна. Идејата е ако се нужно зло, треба да се извага дека постои некој ризик и да се прими, а не за секого исто. Се надевам нема некогаш да зажалам и со свој стап по глава, ама за се постои ризик. Секој треба за себе да си одлучи, а за дете до 18 години одлучува родител.

За поквалитетна вакцина, не знам дали постои, не се работи за вирусот кој е внатре, туку за целата постапка како каде се култивира и што се има внатре во тој шприц, од ткива од фетуси, ткива од мајмуни, алуминиум, жива-тимерасол, итнитн итн. Реакциите се јавуваат на овие супстанци а не на ослабениот умртвениот вирус.

Некој спомна аутизмот е исто зстапен и кај невакцинирани, ако е така, тогаш сите невакцинирани би биле аутистични, бидејки 90% од популација е вакцинирана.

И само уште ова, дали сме свесни дек никоја од нас во моментот не е заштитена од болестите, бидејки треба ревакцина на секои 10 години за доживотен имунитет.

Да беа вакцините само ослабен вирус не би имало проблем. На ФБ има страna My child vaccine injury каде милиони родители пишуваат отворено за тоа.

Страшни се и последиците од вакцина и последиците од недај боже дел од болестите за кои се тие. Страшни се и многу други болести, повреди за кои нема вакцина но тие никој не ги дискутира а можеби веројатноста таа да се случи е поголема од заразните болести. Нека не чува господ сите. Како што пишав тешка тема е оваа од многу аспекти.

И само уште ова, компаниитеза производство на вакцини се заштитени со акт дека не можеш да ги тужиш за отштета, бидејки вакцините се нужно зло.

Извинете пишувам ни лево ни десно, ама многу има на оваа тема.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 21.7.2015 16:44:20 >

(Одговор на членот Bea)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 16:16:52   
Hopeful RR
Да, добра тема за дискусија е протоколот за преглед на бебето/детето пред вакцинација, бидејќи од тоа многу зависи успехот на вакцината. Не знам кај нас колку и како се строги за тоа, досега ги нсоев бебињата само на една вакцина и прилично детално беа прегледани. Секако, мислам дека како родители, ние треба на тоа да внимаваме најмногу - детето да е совршено здраво пред да се боцне.

Во однос на составот на вакцините, поголема количина жива се внесува преку една обична конзервирана туна или сардина, ткива од животни внесуваме секојдневно (храна, козметика, инсулински инекции и што се не), и имам читано еден куп научни објаснувања за составот на вакцините и неопходноста од разноразни состојки, секоја со своја функција.

За аутизмот - муабетот ми беше дека без оглед на тоа колкав процент од популацијата е вакцинирана, процентуалната застапеност на аутизам и аспергер е подеднаква и кај вакцинирани, и кај невакцинирани деца. Аутизам е генетска, вродена болест/состојба, на која повеќе влијаат надворешни фактори во бременост отколку вакцина. Еве кај нас на пример, се забележа масовна појава на аутизам во подрачјата афектирани од конфликтот од 2001, односно кај деца родени за време на конфликтот и веднаш потоа, заради изложеноста на бомбардирања, пукања и што се не...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Вакцини, за или против?
21.7.2015 16:46:25   
Hopeful RR
Инаку да потсетам, надворешни линкови не се дозволени.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Вакцини, за или против?
16.9.2015 15:16:39   
LoveableMe RR
"Движењето против вакцините не е тренд само во нашата држава

- Движењето против вакцните не е тренд само кај нас, туку и во другите земји кога одиме на конгреси се сретнуваме со таа проблематика- околу тоа дали има аутизам, дали вакцините предизвикуваат одредени болести. За сето тоа е најдобро да се разговара со стручната фела – изјави Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Таа го најави Конгресот на Педијатриското здружение кој ќе се одржи во Македонија од 8 до 11 октомври.

– Очекуваме околу 50 гости, и сигурно околу 400 лекари, педијатри и неонатолози, со кои ќе разговараме токму на оваа тема. Особено во делот околу имунизацијата ќе се има директен увид, бидејќи ги носиме луѓето од Париз, „Луј Пастер“ доаѓа тука, буквално пет врвни професори ќе држат предавање на тема имунизација, а и родителите ќе можат директно да учествуваат на овие семинари и работилници.

Тоа ќе биде олеснително и за нив, бидејќи тоа антивакцинално движење не е тренд само во нашата држава, и во другите земји кога одиме на конгреси се сретнуваме со таа проблематика- околу тоа дали има аутизам, дали вакцините предизвикуваат одредени болести. Сето тоа е најдобро да се разговара со стручната фела. Па родителите и тие што не размислуваат така ќе можат да добијат одговори од стручните лица кои се занимаваат со оваа тема – рече Софијанова во интервју за МТВ."


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Вакцини, за или против?
16.9.2015 15:40:49   
vezilka RR
А како ќе можат родителите да учествиваат на овој настан? Има некое инфо? Кога и каде да се аплицира?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Вакцини, за или против?
16.9.2015 15:56:02   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

А како ќе можат родителите да учествиваат на овој настан? Има некое инфо? Кога и каде да се аплицира?


Гледав има информации на страната на Здружението на педијатрите на Македонија, има инфо за конгресот и мобилни за контакт, па веројатно ако се јавиш, ќе ти дадат информација...

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Вакцини, за или против?
16.9.2015 16:11:08   
kapina
Ziveam blisku do bolnica i ednas slucajno naslusnav pominuvajki od tamu naslusnav kako edna lekarka sto stava vakcini kaza na druga oti ona nikogas nebi stavila vakcina na nejzinite deca soogled na toa sto go znaela sostavot na vakcinite nikogas ne bi stavila bas me interesira koga ke bide toj kongres sakam da odam

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Вакцини, за или против?
22.9.2015 19:28:55   
tincule
Ајде посебно за тетанус вакцината можам да кажам дека рокот од кога ќе ја примиш те штити 5 до 10 години и после ако се повредиш или слично пак треба да примаш. За хепатит Б ги ставаат за децата да створат антитела во случај ако некогаш закачиш или слично телото да се бори што и тие со текот на годините се губат па треба да се провериш пак дали имаш и колку имаш и дали треба да се вакцинираш повторно. За вакцината за морбили не е гаранција дека детето нема да прележи значи пак може да добие сипаници, затоа што нема да ги закачиме народски кажано кравјите туку може да ги закачиш овчите сипаници за нив нема вакцина. Она што ме изволтира околу вакцините е што им ги налупаа да ги примаат сите можни инфективни вакцини на децата само затоа што некој ги набавил или некој има профит од тоа. Вакцината што им ја ставаат на девојчињата на 12 години за рак на матка ја ставија задолжителна не од грижа туку поради пропадната кампања кога ги набавија во 2003 или 2004 година и кога делеа флаери кај мене на факултет и не форсираа нас девојчиња од 20 години да ја примаме, е ама пошто немаше голем одѕив а за да не остане еве неуспех лупни задолжително. Друго сега им ја ставиле задолжителна стрептокока,а зошто ќе ве прашам па и во мое време имаше деца со отечени крајници па не ни ставаа вакцини. Ама денес немаат сите каде да си го остават болното дете па мора во градинка, не дава државата пари доволно за средства па хифгиеничарките имаат по 2 туби за цел месец за цела градинка и трето ама најважно стрептокока најбрзо се лечи со пеницилин а се повеќе и повеќе има луѓе алергични на пеницилин и сите лекови кои се на база на пеницилин не се употребуваат се дава друга алтернативна терапија, е тука е проблемот - профитот на фармацевтите, е тоа е она што ме фрустрира окoлу вакцините а тоа од каде и кое место се посигурни ни во тоа не верувам само знам дека не е убаво нити да не ги прима нити па сите да ги прима. Памет немам не дека сум против вакцини како самата вакцина туку немам верба во денешните „експерти“ и „фармацевти“ и „загрижени доктори“ , денеска најмногу фали дoкторска искреност и совет ама реален и исправен а не даден половично со два ума само затоа што некој така му налага. Е тоа е она што ме одбива од вакцините. Може не сум у право ама баш би сакала и да не сум, може и помирна ќе ми биде душата. Извинете за долгиот пост.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 38
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?