blue_blue -> RE: Предвреме родени деца (8.7.2011 13:37:03)
|
Игнорирај тоа се, тоа не се луѓе, бесчувствителни исфрустрирани тетки кои своите фрустрации нашле да ги лечат на бебиња и на ранливи мајки....А само како за илустрација дека не е само во ГАК така, јас во Ремедика се породив, па кога дојде таа главната сестра после 2-3 дена јас уште немам млеко, а сите таму дојат бебиња и јас у депресија паднав...И се појавува таа главната сестра Македока и ми вика - ааа, како не бе ти ќе доиш со вавкви брадавици нема шанси, мора со силиконска, ама твоите бебиња толку се мали немаат они сила да влечат преку силиконска, ич не се труди...И така си излезе мртва ладна...Јас солзи кога реков ронам, абе хистерија од плачење ме фати....Ама се најде дена сестра нек е жива и здрава, ми вика што плачеш, и кажувам, она само се насмеа и вика - ма ајде пуштија бре...јас сега ќе ти го донесам едното девојче разбудено е и ќе те наместам да видиш како ќе цица, и млекото ќе го извлеќе силна е она.....И така би....си цицаа моите деца фино лепо до 9 месеци....Заеби ти бесчусвителен народ, полни си се со позитивна енергија и глеј си твоето дете да си дојде дома што поскоро....Инаку многу би сакала да и подарам нешто на Меланија, знам дека сигурно имаш многу работи и нема да ти недостасува нешто, но бидејќи повеќе пати имам прочитано дека има проблем со бројчиња на облека за помали деца - јас имам многу убави нови боди со кратки ракавчиња, ми ги донесоа од Америка, за newborn се и моите деца ептен малку ги носеа оти одма ги пораснаа. И имам едно неотворено комплетче панталонки и горно тренерче си патент од Софиленд исто така за newborn кое многу би сакала да и го поклонам да си биде дотерана кога ќе шета летво со мама и тато, а да не и биде големо....Пиши ако би сакала да и ги подарам овие работи па ќе се договориме каде и кога да ти ги дадам...Поздравче и чувајте се ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija * Ah tie tetki vo GAK-site se prikazna za sebe. Jas uste prviot den koga se porodiv edvaj stanav otidov kaj inkubatorite za da si go vidam deteto. Me fati nekoja strasna potreba koga gi gledav vo sobata drugite majki site so svoite decinja, jas sama. Vleguvam na intenzivna vo spavaka, si go vidov deteto i posto nisto ne zanm za predvremeno rodeni, nacekav edna vo zeleno i pomisliv deka ke mi kaze kako e moeto dete, a taa me isece. Mi vika : jas navistina ne znam sto ocekuvas ti od ova dete, pa neli gledas deka e najmala od site. Se borime da ja odrzime vo zivot i da prezivee,, Boze gospode kolku mi ja ubi vo istiot toj moment voljata za zivot i obidot da bidam pozitivna so bebeto za da i davam sila da izdrzi. Me dotolci. Jas ne znam kako im dozvolile na takvi luge da bidat na mesto kade sto zenite se hranat so pozitivna energija, kade sto MORAAT da bidat srdecni i ljubezni so kutrite majki. Jas zarem ne znam kolku se 1 kg i 200 grama i zarem ne znam deka sum se porodila vo 31 va nedela?!?!?!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Kolku bescustvitelni. Raka na srce ne site. Ima dve sto im go prepoznavam glasot i sto uzivam koga me informiraat, kako angeli da mi peat na uvo. I da ne sakam me polnat so pozitivna energija i mi davaat sila.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|