blue_blue -> RE: Предвреме родени деца (5.7.2011 11:01:51)
|
Здраво Меланија. Од кога ја најдов темава со душа и без престан ичитав се, па морав да ти пишам. Јас немам искуство со предвреме родени деца, моите близначки се родени во 38 недела, ама пошто се од ИВФ и пошто е близначка бременост што се не се изнаслушав дур бев бремена - те ова било ризично те она, па ќе биле сигурно во инкубатор, па ќе сум се породела порано....Ништо од тоа не слушав, само позитината мисла дека јас знам дека се е во ред со моите бебиња и дека се ќе биде добро ме водеше цело време и мојот доктор кој беше напозитивен на свет и на сите тие овие коментари од други луѓе ми велеше - глупости - пушти неписмен народ...Знам само дека нема ништо поголемо од моќта на нашата потсвест и дека ако навистина цврсто веруваш дека се ќе биде во ред, така и ќе биде. Би сакала да можев нешто повеќе да направам за тебе и твоето гоолемо бебе борец....Ти испраќам куп цел бакнежи, гушки и мооогу позтивни мисли од мене и моите две девојчиња кои со нетрпение ќе чекаат да ја учат новата другарка да вози точак. Биди и понатаму силна за своето дете и верувај дека моментот кога ќе ја држиш во раце ќе дојде многу побрзо отколку што мислиш, а после - после ќе бараш некој друг да ја почува за да одмориш ти [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и да земеш воздух....Поздрави и пишувај како сте, сите на РР те мислат и стискаат палци за вас...
|
|
|
|