majka2 -> RE: Предвреме родени деца (27.1.2014 23:33:08)
|
Емилијамак јас се породив во 28+3 недела и мене претходно не ме известуваа за прегледите, него кога ми даваа информации за тој ден ми кажуваа дека е направен таков и таков преглед, можеби бидејки подолго време бевме во болница ( 70 дена) ги направија прегледите таму, истите ги запишуваат и во картончето што ќе ви го дадат на излегување од болница. Инаку немој да се секираш и однапред да мислиш како ќе биде кога ќе си дојдете дома, се ќе се среди.Нас не пуштија со 2200 гр, а ги пуштаат и многу помали, гледај доколку имаш млеко да си го одржуваш, бидејки е многу важно за бебето.Инаку обично по препорака на педијатар предвремено родените и бебињата родени со мала тежина, обично примаат и дохрана со адд.млеко.Јас моето го доев и пиеше и адд,млеко.Кога го донесовме од болница , тоа беше лани пред нова година, бидејки беше период на вируси , бевме во изолација колку што можевме, поголемото дете не го пуштав во градинка, и не примавме гости на посета, за да го заштитиме бидејки се многу нежни и мали.По препорака на педијатар од ГАК, јас син ми го носев на контрола во Ре-медика кај Др.Марина Поп Лазарева, бидејки она е многу добар педијатар и има работено на ГАК во одделот за итен.нега, така да знае како со предвремено родените бебиња. До колку имаш други нејаснотии и прашања слободно пиши.Поздрав
|
|
|
|