RE: Предвреме родени деца (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Предвреме родени



Порака


Evgenija D -> RE: Предвреме родени деца (12.6.2013 9:39:31)

i jas sum predvreme rodena[sm=smiley13.gif]




Nardi -> RE: Предвреме родени деца (19.6.2013 15:26:50)

Ve molam link od "Tunel" za ovaa tema!




Gari68 -> RE: Предвреме родени деца (19.6.2013 16:09:53)

Емисиите на Тунел ги има и на You tube само што многу каснат со поставување на истите па сигурно ќе помине некој месец додека ја стават и оваа за предвремено родени бебиња




nanicka2 -> RE: Предвреме родени деца (20.9.2013 11:24:18)

Zdravo mamicki,me nemase podolgo vreme od opravdeni pricini.Bidejki bevte od golema podrska kako za mene veruvam i za drugite majki sakam da vi kazam deka posle eden mesec cekajki gi devojcinjata da gi vidam konecno gi pustija doma,eve denes pravime 7meseci super si napreduvaat srcinja se epten.BLagodaram na site vas za golemata podtska i uteha sto ja primuvav sekoj den citanki gi vasite komentari i iskustva na forumov,se nadevam deka sekoja majka ke ima prilika da go dozivee ovaa prekrasno custvo im posakuvam sreka na site[sm=bravo.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Предвреме родени деца (20.9.2013 11:30:48)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

Сега секој миг поминувајте си го заедно, галате се, гушкајте се и растете си заедно! И почесто да ни пишуваш :)
Големи гушки за убавиците!




Мамичка85 -> RE: Предвреме родени деца (20.9.2013 17:20:51)

Bravo Nanicka neka ti se zivi i zdravi losoto neka ostane zad vas i samo so pozitivna misla ke idete napred i so rast i so razvoj pozz i imaj ubava vecer [sm=jezicek.gif]




Bethany -> RE: Предвреме родени деца (20.9.2013 17:32:54)

Наничка2, баш ми е мило [sm=9nebesa.gif]
Уживајте сите заедно и само убавини да ве следат понатаму во животот.




Felly RR -> RE: Предвреме родени деца (20.9.2013 19:18:56)

[sm=bravo.gif] наничка2, уживајте, гушкајте се и растете!!! [sm=smiley27.gif]




bella1 -> RE: Предвреме родени деца (4.12.2013 11:21:18)

Zdravo mamicki.Jas sum nova na forumot,prvpat pisuvam,a ve citav i pratev od pocetokot na bremenosta.Bremena sum so dve bliznacinja,28+3 dena.Na posledniot pregled,doktorot mi kaza deka bebinjata se po 1200 grama,a ednata postelka e vo pocetna faza na zreenje,sto znaci ke se rodat bebinjata predvreme.Sega samo treba da se nadevam deka ke izdrzam do 34 nedela.Mi prepisa odma dve injekcii Deksazon,gi primiv vo rok od 24 casa(za zreenje na belite drobovi kaj malite).Pijam i magnezium direkt.Lezam,odmaram..Prvo,panicev,placev-sega se trudam da se smiram,im pustam relaksiracka muzika,jadam mnogu poveke za da gi nakrenam vo kilaza (seto toa go procitav tuka,od majkite koi veke se porodile,i se borat za sekoj gram plus na svoite najmili.)Bi sakala samo ,ako dokolku nekoja majka znae,uste nekoj sovet da mi kazi,nesto sto bi pomognalo vo periodot duri maleckite zavisat od mene,a ne od inkubatorite i lekarite.Fala mnogu :)




Dalas -> RE: Предвреме родени деца (11.12.2013 14:52:29)

Бела 1 и јас имав предвремено породување на близнаци. Само кај мене дојде ненадејно,тебе веќе ти кажале дека може да дојде до тоа ради зреење на постелката. Биди мноооогу смирена,одмарај,релаксирај се на секаков можен начин,НЕ се прејадувај,тие ќе си земат од теве онолку колку што му е потребно! Према она когаси пишала сега си веќе 30та недела така?? Не е лесно знам,но кога ќе се фати 30 ката недели бебињата имаат огромни шанси за живот и кога ќе дојде до предвремено породување во денешно време и со овај дострел на медицината нека ти се намалат грижите,биди спремна само на несовесното однесување на гнасните доктори кои во пракса се многу стручни но без осетот за жал . Бебињата ти имаат ОДЛИЧНА килажа за таа недела и тоа е мнооогу важно.Господ да е со тебе,пиши како си!




bella1 -> RE: Предвреме родени деца (17.12.2013 19:15:54)

Dalas,DA,sega sum 30 +4 dena,lezam cel den,jadam isto kako prethodno,a stomakot si raste i rastee:) Ti koga se porodi? Kolkavi gi rodi bliznacite ,i koga izlegovte od bolnica?




Dalas -> RE: Предвреме родени деца (20.12.2013 0:13:00)

Белла 1 јас се породив пред неполни 2 години.Едното од близнаците ми беше 1400,а другото 1100. Бевме неполн месец на болница! Значи кај мене НЕ се утврди зошто дојде до порано породување,ТИ мила си мнооогу во подобра ситуација зашто си следена правилно,ти поставиле дијагноза дека може предвремено да се породиш и си пратена,ќе имаш доволно време и да те боцнат со инекција за забрзано зреење на плуќите на бебињата во случај да се насети дека почнало пораѓањето.Кај мене сето тоа дојде преку ноќ.
Знаеш дека секој изминат ден,а ти со се поголемо меше,си се поблиску до твоите среќни денови.
Држи се драга и пиши кога сакаш и кога можеш!




Gari68 -> RE: Предвреме родени деца (20.12.2013 19:11:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Nardi

Ve molam link od "Tunel" za ovaa tema!



http://www.youtube.com/watch?v=BebYEPexG5M




Nardi -> RE: Предвреме родени деца (22.12.2013 0:26:22)

Премногу фала ти Гари68!
Белла1 како си мила!?И јас се породив предвремено,но не со близнаци!И кај мене дојде одненадеж како кај Далас и сосема е во право дека имаш многу полесна состојба од нас!Само чувај се,релаксирај се,витаминизирај се и ќе биде СЕ добро!
Пиши кога си можиш и кога ти е воља!
Бог со тебе!




bella1 -> RE: Предвреме родени деца (23.12.2013 22:36:22)

Zdravo majki :) Jas denes bev na kontrola (31 +2 dena),pa imam nekoi novosti.Alexa (ednata bliznacka) e teska 1800 grama,dodeka Bella (vtorata bliznacka) e teska 1530 grama.Postelkata na Bella veke dostigna vtor stepen na zrelost,pa utre ke primam vtora doza na kortikosteroidi,i SE NADEVAME deka ke izdrzam uste nekoja nedela.Se plasam za pomaloto bebe,ama doktorot me uveruvase deka ne e drasticna razlika megu niv,pa sega samo stiskam palci :) Za drugi promeni,odma ke ve izvestam. Pozdrav :)




sandriana RR -> RE: Предвреме родени деца (24.12.2013 9:23:52)

Ајде, Белла, без грижа, одлични сте со килажата [sm=smiley1.gif]
На колегата близначките се родија во 33 недела, со 1900 гр едната, и 1300 гр. другата, и сега се прекрасни 2 годишни дами [sm=smiley1.gif]




Mimi33 -> RE: Предвреме родени деца (11.1.2014 13:18:49)

Рингерајкииии здраво...јас се породив во 7-от месец и бебечето ми е во инкубатор...Се породив во Плодност во Битола...и бебушот таму е во инкубаторче,малку сум загрижена иако докторите ме убедуваат на спротивното [sm=zmeden.gif] Ајде кога ќе излезам ќе ве известам што како било [sm=duda.gif]




Bethany -> RE: Предвреме родени деца (11.1.2014 16:52:54)

Честитките за Мими33 се префрлени во Јануарски бебиња 2014, и таму може да продолжиме со честитките.




emilijamak -> RE: Предвреме родени деца (19.1.2014 3:09:54)

Zdravo na site jas sun nova na forumov i denovive mi se sluci toa sto najmnogu se plasev cela bremenost, predvremeno poroduvanje, ...poradi dijagnoza fetal distress pred 4 dena me porodija so carski rez vo 32+ 2 nedela, rodiv masko dete so 1900 kg i 42 cm, seuste se naogam na Gak i go posetuvam sekoj den, na satorce e vo stabilna sostojba, od vcera pocnaa i mlekce da mu davat, denes mi rekoa po 5 ml ke mu davat no ne registrirav na kolku casa, za ovie 4 dena ima simnato celi 100 gr grevce malecko, mi rekoa deka belite drobovi ne mu se skroz razvieni i go potpomagaat so kislorod inaku ne e intubirano so cevcinja si disi samostojno pod satorceto, denes fatilo i fizioloska zoltica pa go soncaa, ah kolku mi e zal, zemeno mu e krv pa cekame rezultati denovive, najstrasno e sto ke ne razdelat, jas ke moram doma a toa ovde, ahh edvaj cekam da zavrsi ovoj kosmar i da si gi zemam i guskam, inaku koga sum kaj nego se trudam da sum nasmeana mu zboram, denes bese budno i se smeskase miloto angelce majkino se molam na Boga deka naskoro ke pocne da dise samostojno i da kacuva na kilaza, se nadevam i molam na Boga deka nema da zakace nekoja infekcija i deka ke ostane stabilen i naskoro da mi ja ispolni i stopli dusata




Палешка РР -> RE: Предвреме родени деца (19.1.2014 9:55:46)

Здраво наша нова мамичке и добро ни дојде!
Само ти мисли позитивно, верувај во докторите и во силата на твоето малечко и се ќе биде во ред! На овие страници се запишани успешни истории на многу прерано родени бебиња, помали или поголеми. Веруваме и стискаме палци и твоето бебе да биде меѓу нив. И ќе биде!!! [sm=smiley1.gif]
Ние сме тука за утеха, помош, рамо за плачење.
И заедно ќе го чекаме денот кога ќе се гушнете со синчето домче [sm=smiley31.gif]




Nardi -> RE: Предвреме родени деца (19.1.2014 13:34:33)

Емилијамак да ти е здраво,среќно напредно синчето!Одма да ти кажам дека имате одлична тежина,со неполни 2кг се раѓаат осмачиња а ти си во седмиот месец!А антибиотик прима ли!? Милитражата млекце постепено ќе му ја зголемуваат ,ќе стигнете и до 30мл. и нормално е да паѓа на тежина и деветмесечните бебиња паѓаат кога ќе се родат.
И јас се породив на истото место каде што си ти во моментот,исто со царски рез.Ќе дознаеш дека нема нешто појако од МАЈКА и издржи со индиферентниот персонал таму. Кога ќе си заминете домче прво ти и на крај сонцето твое,се ова ќе биде зад тебе.
Ако си имаш прашања,пиши ни кога сакаш,точно знам низ што минуваш во моментот.Господ да е со вас!




majka2 -> RE: Предвреме родени деца (19.1.2014 23:03:08)

Емилијамак најпрвин честитки за синчето.Ти пишувам бидејки и јас сум мајка на предвремено родено дете, моето второ синче се роди пред една година во 28 недела, 1130 гр и 35 цм.На ГАК остана 70 дена, а јас после три дена си дојдов дома.На никого не пожелувам да го проживее тоа што јас и моето семејство го проживеавме тогаш, но се поминува и се заборава.Сега тој е нормално здраво дете . Мораш да бидеш храбра, цврста и да веруваш дека се ке биде добро.Ви плус сте поголеми родени, така да верувам дека и набрзо ке си дојдете дома.Поздрав и Ви посакувам се најдобро




ZhelbaZaSrekja -> RE: Предвреме родени деца (20.1.2014 3:04:33)

Емилијамак, честитки за синот нека ти е жив и здрав, ретко пишувам на РР но сакав да ти изразам поддршка, мојата мајка го преживеала тоа низ што сега поминуваш ти, јас сум родена 1.8кг околу 32 недела во помал град во Мак, во 1983, јас сега сум возрасна и мајка на бебенце кое го надносив, здрава сум права и мн висока и без никакви последици од предвременото раѓање. Држисе храбра мамичке, затоа што можеби си родила мало бебенце но си мајка на борец без разлика колку е малечок, за него мора да се бориш. За килажата нормално е да паѓа кај сите бебиња, и кај мене паднала ама незнам до колку, мене ме отпуштиле од болница со одвај 2.2кг после 2 месеци, мајками ми кажувала дека ни толку сум немала но сакале да ме отуштат и пишале 2.2кг затоа што сум била здрава. Мајками се поридила природно иако предвреме и одма ја одпуштиле од болница, што значи точно знам како се осекјаш, ми кажувала мајками. поздрав и испраќам многу позитивни мисли и среќа за тебе и твојот син.




emilijamak -> RE: Предвреме родени деца (20.1.2014 17:53:53)

Zdavo na site, pred se vi blagodaram za ubavite cestitki, denes imam razocaruvacki informacii okolu moeto zlatce Filipce, pred dva tri dena mu bese zemeno krv i od rezultatite sto gi dobile zaklucile deka navodno ima zakaceno infekcija od majkata, sto i samata ne znam od kade koga do posledno site analizi, brisevi i issleduvanja bea uredni, ne znam nisto okolu koja infekcija se raboti, no znam deka terapijata mu e smeneta bidejki ne reagiral na nea, do vcera koga go vidov bese smesten vo satorce i si primase kislorod bez cevcinja vo noseto i intubacii, e od denes rekoa deka e pokrien celosno, pretpostavuvam deka toa znaci deka e staven vo inkubator, kolku mi e samo krivo, kazete mi vi se molam kolku se tie infekcii opasni po zivotot na bebeto, i dali nekoja od vas e imala nekoe slicno iskustvo?????Pretpostavuvam deka procesot za zakrepnuvanje ke bide mnogu baven [sm=smiley19.gif]




mommy_angels RR -> RE: Предвреме родени деца (20.1.2014 22:21:51)

Мама Емилија најпрво да ти е жив и здрав Филип,тој е борец,а мама мора да биде силна и позитивна.За инфекцијата сакам да ти кажам дека и кај ќерка ми имаа најдено и и даваа два-три дена антибиотик,а на докторката што ме породи не и беше јасно од каде фатило детето кога и брисевите ми беа чисти,а и плодовата вода.Сепак се помина во најдобар ред.Филипче е во добри раце и сигурна сум дека докторите прават се што треба за него.




Страница: <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>