|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Киселини во бременоста
5.5.2009 17:21:12   
mis.
Кога влегов во 6 месец имав мака од киселини во желудникот кои беа најинтензивни ноќе.Не можев да пспијам неможев да јадам од страв дека ќе имам покасно мака.Дали вие имате вакви мака со киселини и како се справувавте или справувате со нив?Викаат ако имаш киселини бебето ќе има коса и навистина и двете деца се родија со коса.Првото имаше доста повеќе од второто.
Да споменам дека мене ми кажаа да голтнам неколку зрна жив орис и навистина помагало.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Киселини во бременоста
5.5.2009 19:26:11   
Anushka
mis.,  jas treta bremenost teram i se skiseliv kako turshija. Mislam deka tie kiselinista doagjaat od plodot ako se nosi povisoko. Bas ke probam so oriz, inaku na lekar velat da se zeme Rupurut ili Kompensan, ama mene mi e najslatko da se najadam soda-bikarbona. Kako zavisnik sum od bela praf. Tokmu denes mi kaza gin. deka ne e strasno za bebeto, ama jas mozam da si go rasipam zeludnikot...
Pomagalo i ladno mleko ili jabolko...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Киселини во бременоста
5.5.2009 20:02:12   
mis.
Леле ануска немој со хемија пробај неколку зрна ориз помага.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Киселини во бременоста
31.5.2009 13:20:17   
Natasha5
e da vi kazam sega jas koga stanuva zbor za kiselinite.jas izgorev od 5  ti pa navamu sega uste malku vleguvam vo 9 ti i da vi azam kiselinite ubivaat.Jabolko mi pomagase a i oriz da ,ama nekogas da vi kazam ne.I veke ne mozev da izdrzam i zedov kompensan koj sto pomaga ama za kratko(ginekologot mi rece deka ne e steten ako se zema vo normalna mera) .Imam uste 4 nedeli ke izdrzam.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Киселини во бременоста
31.5.2009 13:59:57   
Еца
Ајде да се вклучам и јас тука, пред недела дена почнаа и кај мене киселини, од се што ке каснам... мислам и од водата што ја пијам,јас сум сега 32 недела, па имам уште ...инаку поврзано со ова Мартина вчера утрото не насмеа максимално. Маж ми претходната вечер јадеше кромид и баш ми мирисаше, и вечерта кога си легнавме му викам леле ми идат киселини, ти уште тука ми мирисаш, уф, мора со отворен прозорец цела вечер. Утредента кога се разбудивме и Мартина му вика, тати ти што пиеш киселина на работа на мајка ти и се лоши
user posted image    user posted image    user posted image    user posted image    user posted image   не знаете колку сме се смееле


< Поракaта ја уредил Elena -- 31.5.2009 14:00:32 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Киселини во бременоста
23.6.2009 15:56:32   
evcipa
Еве ме и мене во киселина-клубот  ... Од многу мака , ми донесоа апченца од Германија, како ментол бомбончиња Gaviscon, таму ги препорачуваат на трудници (секако без претерување).


Еве го линкот за повеќе инфо: http://www.gaviscon.co.uk/gaviscon_product_range/gaviscon_cool.php

Кој има прилика да си ги набави... супер се

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Киселини во бременоста
23.6.2009 17:02:51   
Еца
user posted image user posted image user posted image Фала Евципа на информацијата user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот evcipa)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Киселини во бременоста
5.7.2009 20:11:36   
mami
Јас првите три месеци повраќав ужасно многу а потоа ме мачеа киселини, она што ми советуваа беше- наутро, пред да станеш од кревет да си изедеш 2-3 парчиња двопек, онака лежеечки и после тоа да полежиш уште неколку минути се тоа да се стабилизира...мене ми помагаше па пробајте

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Киселини во бременоста
20.9.2009 7:53:27   
Палешка РР
Аууу луѓе, цела ноќ око не склопив од киселини. Се налевав со Пелистерка, ама ништо. По неколку саати измачување се сетив на советов од Анушка и голтнав и јас малку сода-бикарбона.
А мм ме зафркава, вика "Имаш киселини - па добро, сега ти треба уште масло и сол за салата" user posted image  user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Киселини во бременоста
20.9.2009 8:09:07   
srekna mama
јас и онака си имам проблеми со желудникот,а во бременоста пукнав.мислам дека излижав една аптека rupurut,не јадев-неможев,спиев седенката-ужас...сега е подобро(мада одвреме навреме имам киселини)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Киселини во бременоста
20.9.2009 16:23:02   
kiki_riki
vo bremenosta imav kiselina i mi preporacaa da goltnam semki od maslinka (navistina pomaga) podobri se od rupurut ili drugi raboti sto sum gi probala. P.S. koga go prativ soprugot da mi kupi maslinki toj zel od najolemite-povece ce pomognele???? kupuvajte od malite a pomaga-provereno

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Киселини во бременоста
20.9.2009 16:50:01   
srekna mama
е незнам дали семка од маслинка е подобра од rupurut!?кај мене некогаш морав и ranital ili famosan да пијам

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 13:27:05   
mother 29
 

Не претерувајте со сода бикарбона
Да се земе сода бикарбона за повремено да се смири желудечната киселина е сосема во ред, но да се конзумира редовно, баш и не е најпаметно! Алтернативната медицина предупредува на ,,труење" на организмот, а и класичната се согласува со ова тврдење Во продавниците се продава под името сода бикарбона, а хемиското име и е амониум-хидрогенкарбонат или амониум-бикарбонат. Таа успешно ја намалува киселоста на желудникот и урината па затоа е добро средство за ублажување на симптомите на подригнувањето како и низа бубрежни проблеми.
Постојат ли несакани нуспојави?
Да. Иако главно добро се поднесува, нуспојавите од преголемото или пречесто конзумирање на сода бикарбона вклучуваат отоци како последица од претераното внесување на натриум, главоболка, мачнина, зголемен крвен притисок, па дури и откажување на работата на срцето. Кај лицата кои редовно внесуваат додатоци од калциум, употребата на сода бикарбона може да резултира со појава на камен во бубрегот и откажување на бубрезите.

Извор:ЗДРАВЈЕ

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 13:43:41   
Maca25
АУУУУ киселини!!! Не сакам да мислам на нив. Цела бременост имав и кога се породив мислев дека ќе исчезнат ама еве се уште имам и тоа буквално од се: леб, овошје, зеленчук.... да не набројувам. Пијам Рупурут, ама и вкусот ми е гаден многу. Додека бев трудна што се не пробав., семка од маслинка, ориз, сода бикардона, се. Нина се роди со многууу голема коса.
Од бременоста освен стомакот ми останаа и киселините.  user posted image user posted image user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 13:45:10   
profesorica
имав многу во бременост киселини ауууу ме изгореа-ама сега немам фала богу се изгубија со пороѓајот.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 13:48:43   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

пробај неколку зрна ориз помага.



(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 13:58:40   
mother 29
јас немав  киселина во бременоста,ниту пак сега..јас незнам тоа како изгладаuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 14:41:36   
Весна
Хм, јас на почетокот од бременоста имав киселини, но еве сега пу пу пу ништо веќе долго време, а ја терам 32 недела.
Туку, мислам дека некаде на форумов прочитав дека против киселини добри се и бадемите, неколку семки.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 21:14:09   
Cacko
Lazgi so opaski toa deka ako imas kiselini vo bremenosta bebeto ke se rodelo so kosa.Ic nemav kiselini(malo pojasnuvanje:skoro sekoj den za pojadok jadev skembe corba,mnogu mi bese slatka vo bremenosta),a Elena moja ima kosa ko 3 godisno deteuser posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 22:52:28   
Весна
Аааа, Цацко, па мм се’ уште раскажува за вашата Елена колкаво косуле има. user posted image Не може да се изнарадува и изначуди, вика колку малечко човече со толку коса, вааау. user posted image
Се надевам не го земаш за лошо, зашто навистина со радост го кажува.
Гушкање од мм до Елена user posted image

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Киселини во бременоста
3.11.2009 22:56:58   
Cacko
user posted image i do vas o site nasuser posted image , i taman rabota da se svakame loso

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Киселини во бременоста
4.11.2009 8:29:47   
mami
и јас немав киселини, можеби многу малку при крајот...И мене ми се тоа глупости дека детето ке било со коса...ако е така Цацко не би требала да може да јаде ништоuser posted image user posted image user posted image user posted image дае жива и здрава Еленча, машала ко за поголемка изгледа а не 2 месечно бебулеuser posted image user posted image

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Киселини во бременоста
12.12.2009 21:23:33   
bordan
kiselini imav mnogu malku i toa pri krajot no primetiv deka sekogas koga ke me pritisnese Oleg vo delot kaj zeludnikot osekav kiselina a toj se rodi so crna golema kosa.

_____________________________

Oleg e zlato na mama i tato!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Киселини во бременоста
12.12.2009 21:30:19   
Mamicka3
Со првото имав киселини уште од првиот месец а user posted image се роди без ниедно влакно на главата,со втората и третата немав киселини и двете имаа коса

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот bordan)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Киселини во бременоста
12.12.2009 21:32:09   
Iva
И јас имав киселини но не многу. Мене ми помагаше Компенсан, гинекологот ми ги препорача. Едно ке излижев и ми поминуваа одма.

(Одговор на членот bordan)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?