mother 29 -> RE: Киселини во бременоста (3.11.2009 13:27:05)
|
Не претерувајте со сода бикарбона Да се земе сода бикарбона за повремено да се смири желудечната киселина е сосема во ред, но да се конзумира редовно, баш и не е најпаметно! Алтернативната медицина предупредува на ,,труење" на организмот, а и класичната се согласува со ова тврдење Во продавниците се продава под името сода бикарбона, а хемиското име и е амониум-хидрогенкарбонат или амониум-бикарбонат. Таа успешно ја намалува киселоста на желудникот и урината па затоа е добро средство за ублажување на симптомите на подригнувањето како и низа бубрежни проблеми. Постојат ли несакани нуспојави? Да. Иако главно добро се поднесува, нуспојавите од преголемото или пречесто конзумирање на сода бикарбона вклучуваат отоци како последица од претераното внесување на натриум, главоболка, мачнина, зголемен крвен притисок, па дури и откажување на работата на срцето. Кај лицата кои редовно внесуваат додатоци од калциум, употребата на сода бикарбона може да резултира со појава на камен во бубрегот и откажување на бубрезите. Извор:ЗДРАВЈЕ
|
|
|
|