Mammy -> RE: Хигиена кај машки деца (29.5.2009 15:23:09)
|
Ех, мамички мои, да знаете колку само поубаво, почисто изгледа... Тоа на запад е веќе рутинска постапка уште при самото раѓање.. Ама како и да е..кој како си сака, нели.. Јас ќе го обрежам својот син.. Под обрежување (циркумцизија), или машко обрежување се подразбира оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на пенисот. Повеќето педијатриски здруженија не препорачуваат рутинско обрежување. Нивната препорака е одлуката за циркумцизија да се препушти на родителите. Следните причини може да влијаат на одлуката за циркумцизија: * Религиозни причини: во некои религии циркумцизијата се практикува ритуално. * Културни причини: обрежувањето е прифатено во некои култури. Некои родители се одлучуваат за циркумцизија бидејќи и другите машки членови на фамилијата се циркумцизирани. * Медицински причини: во некои ситуации кои ги одредува докторот, обрежувањето е корисно во медицинска смисла (на пример, ако детето има фимоза и уринарни инфекции). Која е користа од обрежувањето? Во врска со ова прашање, се цитираат следните потенцијални користи: * Помал ризик за инфекции на мочните канали. * Помал ризик за редок облик на рак на пенисот. * Нешто помал ризик за добивање на сексуално преносливи болести (СПБ). * Полесно се одржува хигиена на пенисот. * Помал ризик за карцином на грлото на матката кај партнерките на обрежаните мажи. Кои се ризиците при обрежувањето? Заради следните причини родителите не се одлучуваат за циркумцизија кај своето бебе: * Било која хируршка интервенција, вклучувајќи ја и циркумцизијата, е поврзана со одреден ризик, иако мал. Може да се јави крварење, инфекција, лошо зараснување на раната или кожичката може да се пресече предолго или прекратко. * По хируршката интервенција, можно е врвот на пенисот да биде повеќе изложен на иритација. Ова може да предизивка проблеми во мокрењето и евентуално, потреба од нова хируршка интервенција. * Некои родители веруваат дека со циркумцизијата се менува природната состојба на телото на детето, и сметаат дека е подобро самото дете да одлучи кога ќе порасне. Кога не треба да се прави обрежување * Кај деца со хипоспадија - аномалија кај која урината не излегува од врвот на пенисот. Кожичката треба да се сочува, можеби ќе потреба подоцна за хируршката операција со која ќе се обезбеди нормален изглед на пенисот. * Циркумцизија не треба да се прави кај недоносено бебе, или ако постои фамилијарна историја за проблем со крварење (на пример хемофилија). * Циркумцизија не треба да се прави ако докторот или оној кој што ја прави нема потребно искуство.
|
|
|
|