elenak -> RE: Доручек (23.9.2014 9:51:39)
|
Јована јадеше овошје за појадок кога беше ептен мала, т.е на почеток кога почнавме до дохрана, а после веќе го префрливме во прва ужинка. Некако овошје не ми е како за појадок, не ми е логично како може да ја држи сита овошје. Инаку појадокот ни е главен оброк, станува од спиење и прво што вика е ,,мамо ми се ручка,,. Сега кога оди на градинка малку забушаваме дека таму не јаде се, па после дури во 11 од ручекот јаде по малце, а дома кога иде во 12 обавезно овошје. За појадок вртиме неколку комбинации, палента,јогурт со корнфлекс,тарана, пжрено лепче за викенд, јајце варено или пржено или печено лепче со кашкавал. И се тоа е во комбинација со јогурт или к.млеко. Е од ова ништо нема во градинка, затоа и не јаде појадок таму.[sm=smiley13.gif]
|
|
|
|