RE: Доручек (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Snowhite RR -> RE: Доручек (24.9.2014 11:40:45)

И јас не давам наутро пред да ги носам, само почетокот кога ја запишав Јана и давав млеко зашто не знаев дали ќе јади таму, зашто почеток и беше, ама сега не давам, некогаш може банана или јаболко да каснат, а може и бисквита, ама тоа ептен ако е на маса да се гледа




Mila mamicka -> RE: Доручек (19.11.2014 9:16:38)

Кога е дома, за доручек му давам палента со кашкавал растопен во неа и јогурт, тарана со кисело млеко или урда, варен гриз со овошје, лепче со млечен намаз со варено јајце и краставичка или патлиџанче, понекогаш млеко со бисквити, микс од овошје со бисквити. За појадок не давам само овошје, затоа што, според мене, тоа би требало да биде ужинката. Откако тргна во градинка, пред да одиме не му давам појадок, затоа што нема да го изеде појадокот таму, меѓутоа, обавезно пие или цеден сок од цитрусни овошја и една лажичка мед или маџун, или пак свежо цеден сок од морков, јаболка и цвекло.  




AneLav RR -> RE: Доручек (19.11.2014 10:44:59)

Веќе неколку дена им правам фурнаринки и ги јадаат со јогуртче. Ме пукнаа веќе стапчиња па стапчиња. Обично за појадок јадеме печени лепчиња со маргарин и кашкавалче, бисквитеи со мелеко и банана, ретко некогаш јадат и кроасанчиња благи.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]