|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ронење на запчињата
24.2.2013 16:32:01   
Pepelaska *
Пред некој ден забележав дека на Мартин единицата горе му се има малку потсронето.
Од памет се извадив, не одоздола туку на средина некако.
Пиеше премногу сок од шише со цуцла, одма му ги фрлив сите цуцли.Знам дека требаше многу порано, но се надевам дека ќе спречам полошо.А инаку миеме заби секој ден.
Знам дека имаме стоматолози на форумов мислам дека Калипсо беше па ако може малку стручно мислење.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 14.11.2013 9:12:52 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 14:49:24   
Pepelaska *
Ај одговор?user posted image user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:06:34   
Calypso
Еве ме, сега дури ја видов темава, извини user posted image
Ронењето на забите е природен процес, значи неизбежна е абразијата во текот на животот, поради секојдневното џвакање. Кај некои луѓе забите се поотпорни, поиздржливи и помалку се ронат, а кај други е тоа позабележливо. Тоа е пред се одредено генетски, а поретко од други фактори кои влијаеле во текот на формирањето на забите. Забите кои се изразено жолти природно се поцврсти од оние кои се природно бели, дури и проѕирни.
Млечните заби се поподложни на ронење бидејќи се потенки и попорозни од трајните заби. Можно е да е од шишето, конкретно од цуцлата, ама исто, кај дете може да е од нешто што постојано го гризе, на секојдневна база. Во принцип не е страшно, меѓутоа ако се забележи пребрзо ронење и смалување на млечните заби пред времето за нивната смена, тогаш може да се реагира со локално премачкување со флуориди или пак со tooth mousse кремот за заби. Во секој случај ронењето е нормална појава, само треба да се контролираат забите редовно, и по потреба да се реагира на првата појава на кариозни промени.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:11:05   
Bububebe
И јас имам едно прашање за Калипсо user posted image
Се работи за горната двојка,на крајчето од забот има како бела мала флека.Побело од забчето.Не знам дали правилно се изразив.
Оф топик сум

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:16:25   
Pepelaska *
Фала ти, не гризе ништо сега веќе не пие сок со цуцла.Не се рони брзо туку само така си стои.
Ми олесна што не е толку страшно, прв пат кога видов мн се исплашив

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:49:45   
Calypso
Bububebe, ако флеката има бела боја како креда, тоа може да биде знак за почетен кариес (макар што на тоа место многу ретко започнува кариозниот процес). Поверојатно е дека се работи за некое нарушување во минерализацијата на глеѓта, а тоа може да се сретне и кај трајните заби. За да видите за што конкретно се работи, треба да се посети стоматолог, па тој точно да ви каже.

Пепелашка, само ако има изразено, видливо ронење на забите е загрижувачко. А ронењето како природен процес е неизбежно.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:52:46   
Beatris
A што се советува за деминерализација на глеѓта? На А предните двојки и се такви (тоа ни го кажаа кога бевме на забар), иако забите се здрави и во ред? Освен мусот што друго би било корисно?

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 15:57:43   
temjanuska75
Каде можам да ја набавам таа пена за заби. На М. не му се ронат забчињата ама има флеки бели и кафени
на единиците кон коренот на забот. Секојдневно ги миеме запчињата ама цуцлата никако да ја откачиме.
Ај ако може инфо за пената или по пп.
Благодарам

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ронење на забчињата
11.3.2013 16:12:44   
Calypso
Освен мусот, можеби и премачкување со флуор. Ама бидејќи настанало во време на формирањето на забот уште во зачетокот, малку може да се направи, ама важно е да се следи состојбата за да не се развие кариес. Тие места се поподложни на кариес поради деминерализацијата.
Темјанушка, кај твоето дете веќе има кариес и мора да одите на стоматолог, да видите во која фаза е. Ако успеете да ја најдете пената, може да ви помогне, јас од срце ја препорачувам. Ама мора преглед, задолжително. И никаква цуцла, навечер задолжително миење на забите, и да не се пие ништо во текот на ноќта освен вода.
А каде да ја набавиш пената, може да ти кажат мајките кои веќе ја имаат, еве Беатрис на пример.

< Поракaта ја уредил Calypso -- 11.3.2013 16:13:29 >


_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ронење на забчињата
2.4.2013 15:12:12   
ane23
кремот тут мус ја зедовме од стом.орд.Пикасо позади Веро во Аеродором.1200 денари,Навистина е ефикасен

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ронење на запчињата
14.11.2013 9:11:25   
Felly RR
И на М и се ронат запчињата, едната единица, и е како закосена, од страната кај што е изроната. Ама инаку нема други промени на забите. Заболекарот ни рече дека е нормално, еве сега читам и Калипсо дека истото го пишала. Тогаш да не се секирам user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот ane23)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?