Snowhite RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 16:38:26)
|
По трет пат пишувам, не знам што се случува со серверов Значи пред два дена бев на работа и дознав дека колешката од денеска почнува да работи во друга фирма, така да од три сега остана уште една која се разбира не може сама да работи, а друга немаат најдено. Директорот ми спомна нешто за да се вратам, т.е. ми рече дека ако бебето имало барем 4-5 месеци ќе викнел на работа, на што јас му реков дека и сега и тогаш е исто. Денеска пак ми се јави и ме праша да не случајно сум размислила да се вратам на скратено. Јас искрено почнав да размислувам да се вратам на 4 саати, не зашто по 9м нема да ме врати, туку зашто ова ми е шанса да се надоградам и да бидам унапредена на некој начин. Дома тие 4 саати ги спијам, па станувам, проветрувам, палам оган, расчистувам низ дома, а сето тоа може да го прави мајка ми на пример ако еве таа доаѓа да ја варди, а јас за тоа време ќе работам и ќе земам плата која е уште една причина зашто платата од мм и мојата, односно породилното сега кое ќе биде пониско од платата, а и не знам кога ќе почнат да ми го исплаќаат, ни стигнуваат само за основните работи, а имаме еден куп работи за средување низ домот. Од друга страна па можеби ова е последен пат да можам да седам дома, да се одморам и да им го посветам цело време на децата, а да ми биде платено Што ме советувате? Мислам, сепак јас ќе си одлучам, ама ме интересира и ваше мислење
|
|
|
|