RE: Враќање на работа пред истек на породилното (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Snowhite RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (7.3.2013 13:02:20)

А што правите со бебето, на кој му го оставате да го чува, на баба или барате дадилка? Дали се враќате на полно раб. време или на скратено? Дали тие што треба да го чуваат, баба на пример, ви откажува или ви вели дека не е проблем ќе го чува, но дека бебето е мало и му треба мајка? И исто ме интересира со хранењето, за тие што се на шише ок, ама тие што цицаат, дали не ви е страв дека ќе ви се одбие?
Јас инаку почнав еве два дена да одам по некој саат, директорот ми се јави и ми рече дека има некој работи да се завршат, па доколку сакам јас да ги сработам, ако сакам може и од дома. Меѓутоа кога отидов, видов дека работата не е за од дома, туку е книговодство кое мора да се работи во програмата таму, освен да си го земам компјутерот дома, тогаш ќе можам од дома. Денеска се договоривме со колешката која си замина да дојди после 15ч за да ми пренеси и објасни некои работи.
И сега јас ум немам во главава што да правам. Бебево е ептен мало не ми се остава, плус мајка ми може да го чува 2 месеци а после тоа нема да може, па јас ќе треба да откажам или да барам некој да ми го чува. Од друга страна ова ми е голема шанса да се надоградам, да стекнам поголемо искуство, плус и да полагам понатмау за да добијам сертификат.
И уште ме интересира да ми кажете како и каде се пријавувате дека почнувате порано на работа за да ви се исплаќа 50% породилно:




niki -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (7.3.2013 13:30:56)

mnogu mnogu ti e malo bebuvceto i navistina covek da ne znae sto da sovetuva, od zdravstven aspekt i od aspekt na psihicki razvoj na bebeto e podobro da ostanes doma i da mu ovozmozis ljubov, vnimanie, griza, majcino mleko, no....
koga veke e takva situacijata ako go dois togas prodolzi i natamu da go dois, za vremeto koga ke bides na rabota ostavaj tvoe izmolzeno mleko vo sisence, se cuva nekolku casa vo frizider, se podgreva vo topla voda, barem toa ne moras da mu go uskratis na bebeto, pomacno e bidejki sekojdnevno ke treba da se izmolzuvas, no ne e nevozmozno poznavam majki koi ova go praktikuvale i odrzale laktacija dolgo vreme iako rabotele, ednostavno ne razmisluvaj za odbivanje, doj, dur ima ke cica, ako se razviva dobro ne mu davaj adaptirano mleko...
sto se odnesuva do cuvanjeto nekoj mora da go cuva, i bidi spremna deka ke ti otkazuvaat sekogas koga ke najdat podobra rabota, poveke platena, edinstveno ako mozes da najdes nekoja vitalna penzionerka koja saka da cuva deca pa na toj nacin ubavo da se dogovorite da svati vo kakva situacija si i da ne te ostava na cedilo
menuvanjeto na razni luge koi go cuvaat bebeto ke bide mnogu stresno za bebeto a i za tebe, a i od golema vaznost e da rascistis kolku finansiski ke mozete da izdrzite ako plakas nekogo
treba da razmislis i kolku doverba ke imas vo nekoj nepoznat koj bi ti go cuval bebeto, bebeto nema da bide vo sostojba da ti kaze dali dobro se grizat za nego
inaku za komentari od strana dal da sedis doma ili ne ne treba da se zamaras voopsto bidejki kako i za se drugo taka i za ova onoj koj ke saka da te kritikuva i da ti nabiva griza na sovest toa ke go pravi sto god i da odberes




Felly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (7.3.2013 22:27:49)

А не постои ли можност програмата да си ја инсталираш на компјуетр дома, и така да работиш? Или да одиш самно втора смена - па ќе имаш повеќе можност да ја лува некој од блиските. Јас како што пишав мм не одеше на работаљ па ја чуваше тој, а и свекрва ми имаше два месецо одмор, па и таа беше тука. После мм се вработи на смени, па пак се снајдувавме. Исто и со доењето немавме проблем. Ја доев до 9 месеци. Е сега јас од почеток ја прихранував пошто слабо напредуваше, па напоредно одевме со доење и АД.Сепак зависи и од работното време како ќе ти биде - па така ќе се организирате.




Snowhite RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (7.3.2013 23:48:33)

Значи не размислувам воопшто за одбивање, се измолзувам и му оставам млеко, се надевам дека нема да ми се одбие или да ми се намали млекото. Сега за сега ја чува мајка ми, денеска свекрва ми зашто одручек бев. За втора смена не размислувам да одам, зашто и М е дома и понапорно е за вардање, макар што можеби некогаш и така ќе одам
Нема можност да се инсталира таа програма на домашниот компјутер зашто е книговодствена направена од програмери (освен ако си ја платам се разбира), но се сетив на нешто друго и сега планирам да му дадам таков предлог. Можам преку програма од дома да влегувам во компјутерот на работа и да работам исто како да сум таму. Е сега пак ќе треба повремено да одам да ги земам документите и да ги враќам, а и покрај тоа се' повторно не ќе можам да работам од дома, ама сепак ќе биде олеснително зашто поголем дел ќе го работам од дома и повремено, да речиме еднаш до два пати неделно по неколку саати ќе треба да одам таму. Ќе пробам вака, мислам ќе успеам и за фирмата подобро да не бара сега за сега друг, зашто и тој не сака некои работи да му ги доверува на секој, а и за мене подобро ем ќе си бидам со бебето, ем ќе работам кога ќе можам, значи со флексибилно работно време




Just baby -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (12.3.2013 16:41:23)

Kako se snaogate so povtornoto vrakanje na rabota? jas se vrakam za 2 nedeli. togas bebeto ke napolni tocno 9 meseci. ke go cuva zena. sega e premnogu povrzano za mene zatoa sto sekoj den po cel den sme sami dvete. neznam kako ke ja prifati zenata i kako ke se cuvaat. me zagrizuva toa sto nema da bidam so nejze 9 casa vo denot. isto taka kako se snaogate so obvrskite posle rabota?




dostickage -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (12.3.2013 16:49:31)

Moj sovet e da ja vikas 2-3 casa dnevno dadilkata za da se prilagodi deteto an nea a i taa na deteto.
Podobro plati i dve nedeli da ti doagja po 2-3 saati , ti izlezi na eden cas da si zavrsis nekoi raboti za da se podnauci bebeto da ne mu bide trauma.
Za naviknuvanje kje se naviknes osobeno ako nemas izbor .




blond -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (12.3.2013 17:27:31)

Јас мислев да се вратам на работа кога малиот имаше 3 месеци, не можев да доседам дома, лудост ме фаќаше. Ама мајка ми ме искара, ми рече седи си дома, цел живот ќе работиш, ќе сакаш да си повеќе со детето, а нема да можеш. Па ја послушав [sm=smiley36.gif]. А да тргнев тогаш на работа, малиот ќе го чуваше свекрва ми.




Snowhite RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (12.3.2013 22:24:21)

Јас почнав да одам, ама не одам секој ден, се договорив да одам 2-3 пати неделно по неколку саати, кога јас ќе можам, значи флексибилно раб. време, а другата работа од дома ќе ја работам. Сега за сега во ред е, некогаш Јана е мирна, си спие цело време додека сум таму, а некогаш е понемирна, ама ако плачи ми се јавуваат и одам си одам. Е сега ме нервира што ќе појдам за едно да сработам, а излегуваат други работи, ама таква е работата тоа е




Just baby -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (14.3.2013 11:16:51)

Da da ke doaga zenata da se naviknat dve nedeli po nekoj cas toa sekako. no sepak mnogu e privrzana za nas i ke i bide tesko na pocetokot. toa e sto e , mora da odam na rabota a taa ke si rasti :)




Dilina -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (18.10.2014 0:15:01)

Гледам темава не е чепната од одамна па ајде да ја начнам..... јас треба да се вратам на работа кога малата ќе има 7 ипол месеци [sm=smiley13.gif] со тоа што работата ми е ем далеку ем со безвезе раб. време. Значи дека најчесто сум втора смена а тоа значи излезена од 12 до 10ипол... или прва а тоа е ретко и значи од 8ипол до 7ипол.....ме лазат морници од самата помисла но мора да се работи..... [sm=zmeden.gif] имам свекрва дома што ќе ја чува, мм е на работа стално после 4 по ручек и ќе ја чува без проблем, се разбира и сака да знае се како треба за бебушов, но на децата им треба и мајка сигурно се сложувате.... ајде мамички пишувајте како се снаоѓате и ако има некоја со проблем како мојов нека пише како се справила малце да се охрабрам и јас [sm=smiley1.gif]




tincule -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (24.10.2014 11:57:54)

Леле и мене истото ме мачи цело време и јас ќе треба да се вратам на работа кога малата ќе ми има 7-8 месеци, и најголем проблем ми е кој да ја чува, не дека нема туку од типот да не има лутење и караници зашто овој а не оној. Моментално живееме со свекорот и свекрвата, ама нив да им ја оставам да ја чуваат нема шанси, а кај моите да ја оставам ќе речат зашто таму да ја носиш секое сабајле кога ние сме дома по цел ден. За во градинка ми е мала не ми се дава и за тоа ќе биде истата приказна и сега сум во небрано не знам што да правам[sm=smiley13.gif]. А свекрвата луѓе поима нема за малата ни што сака ни што не сака кога сме дома си спие по цел ден и ја зима нејзе кога ќе и текне без разлика дали и дошло време за спиење или не на малата, свекорот ми е плашлив едвај во раце ја зима а не нешто повеќе, ама од инат ќе се бунат ако ја носам кај моите. Плус ќе треба да ја малтретирам секое сабајле пошто ми живеат поблиску до работното место ама подалеку од кај што живееме ние [sm=smiley13.gif]. И решение со маж ми не знаеме што да правиме ни навака ни натака. Па некој совет ако имала некоја со слична ситуација и како се справила.




nataly86 -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (24.10.2014 12:04:02)

Кога и да помислам на враќање на работа коса ми се крева...бебушите ќе имаат една година но сепак мене не ми е оди...свекрва ми работи така да незнам како ќе правиме а платата моја е неопходна...искрено се надевам дека за овој период нешто ќе излези па здравје боже...




Mihaela 2010 -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (24.10.2014 12:16:45)

tincule, nema sto da se sekiras koga e takva situacijata so svekor ti i svekrvati,ti si taa koja odlucuva za svoeto dete i ti si taa koja znae najdobro kade da bide deteto..ako starite se takvi neazurni,nema ni sto da se lutat,ako si ti po sigurna kaj tvoite normalno deka tamo ke si go nosis deteto,jas taka bi postapila i kraj..ater na ovoj ater na onoj posle nas ni e...mater so izvinjeje..




mamicki -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (24.10.2014 14:51:18)

Of belja, Tincule. velish- svekrvata ne ja biva? Pa kako porasnal mazot ti dovolno golem za dete da napravi? [sm=smiley36.gif]
Sega nastrana- cuvanje dete e naporna rabota. Neka go cuvaat i dvete babi, po dogovor koja koga, a na prolet, ili najdocna od septemvri- nosi go vo gradinka za da ne si slusas potoa so godini muabeti kako ti cuvale dete.




tincule -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (24.10.2014 16:39:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Of belja, Tincule. velish- svekrvata ne ja biva? Pa kako porasnal mazot ti dovolno golem za dete da napravi? [sm=smiley36.gif]
Sega nastrana- cuvanje dete e naporna rabota. Neka go cuvaat i dvete babi, po dogovor koja koga, a na prolet, ili najdocna od septemvri- nosi go vo gradinka za da ne si slusas potoa so godini muabeti kako ti cuvale dete.

Еее ама тогаш била здрава, права а сега паметот и е отиден а она си мисли дека е здрава,шегата ти ја разбирам и жал ми е што е таква, ама здрав човек не прави ненормални работи, во никој случај неможат двете баби да ја чуваат. Убаво вика михаелла атер на сите матер на тебе [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Ај да си се нашалам на муката малце.




Felly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (25.10.2014 21:12:04)

Последните постови се префрлени во темата Чување на децата. Да се задржиме до темата како што е наведена.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]