Враќање на работа пред истек на породилното (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Snowhite RR -> Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 11:42:59)

Се повеќе слушам примери како мајки се враќаат на работа уште пред да им заврши породилното, односно ги оставаат децата на 4-5 месеци, а некои и порано. Ај ќе речеш приватизација е, не им е многу гајле за вработените, ама гледам примери и вработени на државно мора да се вратат предвреме зашто им е страв да не им го земат местото. На пример директорката на градинките во Прилеп мораше да го остави бебето на 4 месеци и да се врати на работа.
Што мислите вие? Дали е фер да се остави толку мало бебето со баби или со дадилка и да се почне на работа иако имате платено боледување кое можете да го искористите и да си бидете со бебето. Дали треба да се прави таква жртва за работата? Од друга страна и стравот дека нема да ве вратат на работа после породилното, а за детето се потребни пари, ќе ве натера да го жртвувате времето кое може да го поминете со вашето дете и наместо да го поминете со него вие одлучувате да се вратите на работа предвреме.




niki -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 11:54:42)

i ova nesto mozam da go gledam kako politicki oboen trend, so cel ukinuvanje na porodilno
deka e fer ne mislam ni za bebeto, ni za majkata
ulogata na zenata od edno ropstvo vo drugo
mene me interesira dali zenite ova go sakaat i onie koi sto go sakaat ako gi ima takvi da obrazlozat zosto?




AnnaMolly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 12:36:25)

Јас се вратив на работа кога имаше Филип 6 месеци не затоа што ми беше страв да не ме избркаат или слично, туку затоа што ми требаа пари!
Така одев понеделник, среда и петок од 8 до 13 часот. Така работев три месеци, додека не ми заврши породилното и тие три месеци земав пари од породилно боледување, ама земав и пари за тие денови што одев на работа.
Јас лично морав да направам така од финансиски причини.




Luci -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 12:57:19)

И јас сум една од мајките кои се вратиле на работа пред истек на породилно, поточно со наполнети 3 месеци јас морав да се вратам на работа (М. го чуваше мм) единствено поради финансиски причини. Мм непланирано остана без работа а во меѓувреме по испратени преку 100 CV немаше повратен одговор од ниту една фирма и немавме друго решение. Да биде бељата поголема првото породилно ми го исплатија после 3,5 месеци откако се породив, кога веќе и бев тргната на работа




vezilka RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 13:12:07)

Повеќето мислам дека не сакаат туку мораат. Они кои работат во приватни фирми седат колку ќе им дозволат газдите. Оние кои се вработени во државната администрација е се со договори од една година, и така секоја година ги обновуваат (тука најчесто спаѓаат учителките, наставничките и сл) мораат да се вратат кога им истекува договорот оти ќе летаат ко пердуви и ќе донесат некој друг. И ако им се погоди договорот да им истекува на шестиот месец од породилното, тогаш се враќаат на работа. Мојата кумашинка, професорка во едно средно училиште, на работа се врати кога бебето имаше само 2 месеци.




Snowhite RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 16:38:26)

По трет пат пишувам, не знам што се случува со серверов
Значи пред два дена бев на работа и дознав дека колешката од денеска почнува да работи во друга фирма, така да од три сега остана уште една која се разбира не може сама да работи, а друга немаат најдено. Директорот ми спомна нешто за да се вратам, т.е. ми рече дека ако бебето имало барем 4-5 месеци ќе викнел на работа, на што јас му реков дека и сега и тогаш е исто. Денеска пак ми се јави и ме праша да не случајно сум размислила да се вратам на скратено.
Јас искрено почнав да размислувам да се вратам на 4 саати, не зашто по 9м нема да ме врати, туку зашто ова ми е шанса да се надоградам и да бидам унапредена на некој начин. Дома тие 4 саати ги спијам, па станувам, проветрувам, палам оган, расчистувам низ дома, а сето тоа може да го прави мајка ми на пример ако еве таа доаѓа да ја варди, а јас за тоа време ќе работам и ќе земам плата која е уште една причина зашто платата од мм и мојата, односно породилното сега кое ќе биде пониско од платата, а и не знам кога ќе почнат да ми го исплаќаат, ни стигнуваат само за основните работи, а имаме еден куп работи за средување низ домот.
Од друга страна па можеби ова е последен пат да можам да седам дома, да се одморам и да им го посветам цело време на децата, а да ми биде платено
Што ме советувате? Мислам, сепак јас ќе си одлучам, ама ме интересира и ваше мислење




Hunny -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 16:50:40)

Ах, темава ме погоди во срце[sm=smiley19.gif] Јас бев принудена моето малечко да го оставам на 2,5 месеци. Само јас си знам како го издржав сето тоа. Првите денови си плачев на пат до работа. Морав да го направам тоа, бидејќи после толку маки околу вработувањето, не можев да се откажам од работата. Ако не се вратев, ќе останев без работа, немав решение. Мајка ми ми ја чува, доаѓа секој ден. Моето малечко порасна, сега има 10,5 месеци, ама јас уште имам празнина во срцето што и го ускратив моето присуство толку рано.




Felly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 18:08:41)

Ах, Хани, мила, да те утешам. Тргнав на работа кога М имаше само 6 дена, немаше ни една недела. Не само по пат, си плачев и на работа. Среќа што немам класично работно време од 8 до 4, па одев 2 саати, се враќав па пак излегував, и се така. Некогаш М дури сум на работа преспиваше, па не ни знаеше дека сум излезена.
Везилка што ја има опишано ситуацијата погоре - огласот за новиот договор излезе на 15, мене термин ми беше на 16, а на 22 се породив. Не можев да си дозволам да останам без работа, зошто мм не беше вработен во моментот. Па тој седеше со М, јас одев на работа, тој си беше на неплатено породилно.[sm=smiley36.gif]




Pepelaska * -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 23:42:04)

Сноувајт размисли убаво што ти сакаш.Што ќе те право повеќе среќна, децата секако ќе си пораснат.
Една другарка го остави на 40 дена и се врати на работа ама дома и беа нејзините и тие го пораснаа ( државна работа имаше) , е сега јадеше домати на 4 месеци пошто го гледаа по “старо “ ама да не забегувам, здраво право си е детето ама многу е повлечено.
Оваа ситуација многу ме нервира, се бориме за права а за најважното право некако како сами против себе да одиме.Мајчинското право.Секоја жена има право да биде до нејзиното чедо кога ќе прозбори, кога ќе прооди, кога ќе има температура и еден куп други работи а не се да гледа да не речам на поминување.Жално е што дојде вакво време.
Еве сега и една братучетка од мм зела само 15 дена боледување за да остане на работа ( исто државна).
А и газдиве приватни па како си замислуваат , веројатно од она што гледаат , ајде одма на работа.
Јас искрено ја напуштив работата кога требаше да се вратам.Сега фирмата веќе не постои , секако ќе останев дома само што ќе се нервирав и таму и дома.Плус се работеше до полноќ,кај со мало бебе така.
И ниедни пари нема да ми го платат времето со Мартин.Само среќа што можев да си дозволам тогаш.Некој мора да го остава за да преживее.
Мајки, да не дозволиме да си го изгубиме правото на мајчинство и да дозволиме породилното да ни трае 2 3 месеца.Греота е.




Ring -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (1.3.2013 23:58:52)

Ќе пишам само околу финансискиот дел. Мислам дека следува 50 % исплата на породилно за тие месеци што ќе се вратиш порано на работа. Јас имав слична ситуација и баш го читав законот и така пишуваше,
Значи ако се вратиш 3 месеци порано ќе си земаш плата + 50 % од породилното за тие 3 месеци ,
Јас така го сватив , ама не се распрашав убаво оти си останав дома до крај.
Баш утре ако го најдом тој дел од законот ќе го постирам.




MamaOhrid -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 7:10:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring

Ќе пишам само околу финансискиот дел. Мислам дека следува 50 % исплата на породилно за тие месеци што ќе се вратиш порано на работа. Јас имав слична ситуација и баш го читав законот и така пишуваше,
Значи ако се вратиш 3 месеци порано ќе си земаш плата + 50 % од породилното за тие 3 месеци ,
Јас така го сватив , ама не се распрашав убаво оти си останав дома до крај.
Баш утре ако го најдом тој дел од законот ќе го постирам.

Да токму така е како што си напишала. Добиваш 100% плата од работа и 50% породилно од фондот.




Felly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 7:58:08)

Пепелашка, да имав избор, немаше ни да помислам да се вратам, ама верувај не пропуштив ништо од оние работи што се случуваат само еднаш - ниту првата кашичка, ниту првото запче, првите чекори. Ниту пак М јадеше домати на 4 месеци. Сега кога размислувам - можеби и добро испадна. Да одлучев да седам дома, ќе бевме двајцата со мм без работа. Или пак ако одлучевме подоцна да имаме дете, откако тој се вработи, ќе беше уште потешко.
Затоа, секој си ја знае ситуацијата дома, и може да си одлучи. И во случајов со Сноувајт, на 5 месеци ако се врати со скратено раб време, мислам не е толку страшно.




Pepelaska * -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 8:08:12)

Секако дека секој си ја знае дома ситуацијата затоа и напишав да си размисли што таа сака.
Она што мене ме нервира е што на толку кампањи, на толку мотивација да се раѓаат деца, мајчинството се дискриминира.
Како да е грев да седиш дома некое време и да бидеш мајка.
Ај некако со скратено време и слично, ама еве конкретно братучедкава на мм го одби бебето од доење и му дава ад млеко од 15 дена оти 8 саати е на работа на прилично далеку работно место од дома.Значи не дека тоа нема да порасне или дека ќе му фали ама не е тоа тоа.
Јас и да се вратев немав баби и дедовци на располагање, сите ми беа на работа, а во градинка не ми се пушташе толку мало.
Некој погоре спомна дали жените навистина го сакаат ова и да кажат зошто.И мене ме интересира истово.




Hunny -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 9:19:42)

Тоа што сме биле приморани да се вратиме на работа, не значи дека децата биле запоставени или па јаделе домати на 4 месеци. Моето на 10. 5 месеци уште нема пробано домати[sm=smiley36.gif] Ова е шала, знам Пепелашка дека не мислеше буквално. Инаку за темата тешко е, ми беше и ќе ми биде, но ова мислам имаше и позитивна страна, што јас ја избегнав монотонијата кој ја доживуваат мајките кои се постојано дома со [sm=duda.gif] и мислам дека од премногу обврски ја избегнав постпородилната депресија. Работното време ми е такво што ќерка ми пола мое отсуство го преспива, па остануваат некои 3 часа кога е будна, а мене ме нема. Долго време барав работа, па се вратботив на пола работно време пред да забременам. Кога се породив се појави шанса конечно да го работам тоа за што сум завршила, па мислам дека по толку години чекање, би било погрешно да ја испуштам шансата, бидејќи нова можност на повидок немаше. Моја пријателка, исто како Фели го остави своето бебе старо 5-6 дена, зашто беше приморана.




anaana -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 9:40:02)

samo toj sto se vratil porano od porodilno znae kako e. tesko e navistina, megjutoa ako nemas izbora fala bogu deka ke se resis na takov cekor.
eden den ke mora da go ostavis bebeto doma i da trgnes na rabota, spored mene i 9 meseci se malku ama toa e. mene mi bese tesko i na neceli 9 koga go ostaviv.
taka da tocno finansiskiot del najcesto e pricina za vrakanje na rabota.
posto privatnite firmi koi i pokraj site zakoni si pravat sto sakaat
i kako treto moznosta za povisok status i unaprpeduvanje koe vo idnina ke znaci poveke pari.
taka da sekoj si znae koja mu e situacijata, ama vo daden moment majkata ima sansi za nesto podobro, na smetka na 2 meseci vrakanje porano na rabota moze e dobro da ja iskoristi.
moze ova ke zvuci sebicno ete go rodi deteto i go ostavi. ama tie 9 meseci porodilno ke pominat, i posle sto? roditelot mora da misli i posle toa.
taka da i dvete strani se opravdani vo eden moment.
a ne mislam deka detetko bi bilo zapostaveno ako majkata trgne na rabota. ako ima koj da i go cuva zosto da ne. tocno e deka deteto treba da raste so roditelite ama ne deka majkata ke si zamina preku svet pa go ostava deteto nekade na uluca.
ama pak ke recam samo toj sto se nafatil na takov cekor, bilo zosto moral i taka nalagala situacijata si znae. jas samo kazuvam moe mislenje bidejki jas si go isterav celoto boleduvanje




Maca25 -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 11:41:08)

Менаџерката кај мене на работа доаѓаше на работа до последен ден пред да се породи, а се врати после 2 месеци. Прво на пола работно време, а после неколку месеци на цело раб. време. Не и се ризикуваше ваљда да го остави местото подолго време, може и така била договорена, затоа што кога дојде да работи веќе беше бремена.

Јас не би се вратила порано, освен ако навистина ми е ризик да го изгубам работното место.




Bilence2 -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (2.3.2013 11:54:32)

Za prvoto dete i 8 ipoo meseci mi bea malku. Za vtorovo odev na rabota do den pred poroduvanje za da imam poveke vreme so bebcevo. I pak ke recam, i 9 meseci se malku ako gledame taka. Ama toa e, majka mi za brat mi po zakon i sleduvale 3 meseci, togas tolku traelo porodilnoto. Sto se mora se mora. Jas rabotam vo privatna firma, i da bidam iskrena se mn fer. Se dogovarav so niv za se, bez da mi nametnuvaat uslovi i da me ucenuvaat. No, edinstveno, za vreme na prvoto porodilno propustiv unaprerduvanje, bidejki bas togas trebase stranci da ja kupat firmata i morase da se popolnat menagerski pozicii kako sto baraa tie, kade jas bev najkompetentnata za toa no istoto go propustiv. Sega imam sef koi me prasuva sto da odluci, sto da kaze na kolegium i slicno, ama ne zalam, koga togas ke mi se pruzi sansa povtorno. Imam ubava plata, ne mi e tolku vazno sega toa, ama ke imav dvojno pogolema, ama odluciv da si ostanam do kraj, sepak ne bese sigurno seto toa pa izbrav da si sedam so maleckoto. Ne deka e toa resenieto, ami sekoj treba da si proceni spored sopstvenata situaciia dali e vredno da trgne porano na rabota ili ne.




vezilka RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (4.3.2013 15:03:32)

Барајќи некои податоци на сајтот на ФЗО го најдов следниот податок, дека во 2011 се забележал тренд на зголемување на бројката на осигуренички кои го прекинале породилното отсуство и се вратиле на работа и изнесува 389, што е повеќе од дупло од 2010 година кога таа бројка била 116. И што е „најинтересно“ анализата на фондот тоа го коментира како позитивен тренд, демек го користеле ем правото на плата, ем правото на надоместок до истекот на породилното. И нормално, никаде не стои од која причина се вратиле осигуреничките на работа порано.




baby 27 -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 14:54:39)

Jas sum vrabotena vo drzavna firma na opredeleno rabotno vreme.Ako ne go prekinev porodilnoto nemase da mozam da si go zacuvam mestoto, ne deka direktorot nema da saka, ednostavno ne e vozmozno da bides na porodilno i da sklucis dogovor za vrabotuvanje.pa taka, koga bebceto mi napolni 40 dena, mene mi istekuvase dogovorot i jas go prekinav porodilnoto i si potpisav nov dogovor za vrabotuvanje.Inaku ovaa rabota mi bese edinstvena otkako diplomirav i bev 3 godini bez rabota.A direktorot ispadna mnogu korekten i me pustase da se vrakam doma za doenje 2 pati vo denot (sreka sto ziveev blisku).A i finansiski super mi se pogodi si zemav cela plata i 50% porodilno boleduvanje.Nema pari sto mozat da go zamenat vremeto pominato so svoeto dete, no mora da mislime i da mu obezbedime sto e mozno poveke za udoben zivot, bez da se mislam dali ke imam pari denes da kupam peleni i vlazni maramici.zalno, no vistinito :(




Andriance -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 23:01:27)

Јас сеуште неможам да си поверувам дека постојат вакви случаи...Другарка моја е бремена 7-ми месец, и уште сега и кажале дека мора да се врати на работа во септември ако сака да си го зачува работно место, кога бебе ќе има 3 м [sm=smiley13.gif]
Работи државно што е уште пострашно.

Инаку породилното може да се прекине најрано 45 дена по раѓањето, и тогашве следува цела плата и 50% породилно.
Јас ич не би сакала да сум во ситуација да бирам...Јас бев жива неприбрана со бебе додека бев на породилно..ладно, топло, дење ноќе..така да со тргнувањрто на работа мене само ми се скрати времето за шетање [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 23:19:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: baby 27

Jas sum vrabotena vo drzavna firma na opredeleno rabotno vreme.Ako ne go prekinev porodilnoto nemase da mozam da si go zacuvam mestoto, ne deka direktorot nema da saka, ednostavno ne e vozmozno da bides na porodilno i da sklucis dogovor za vrabotuvanje.pa taka, koga bebceto mi napolni 40 dena, mene mi istekuvase dogovorot i jas go prekinav porodilnoto i si potpisav nov dogovor za vrabotuvanje.Inaku ovaa rabota mi bese edinstvena otkako diplomirav i bev 3 godini bez rabota.A direktorot ispadna mnogu korekten i me pustase da se vrakam doma za doenje 2 pati vo denot (sreka sto ziveev blisku).A i finansiski super mi se pogodi si zemav cela plata i 50% porodilno boleduvanje.Nema pari sto mozat da go zamenat vremeto pominato so svoeto dete, no mora da mislime i da mu obezbedime sto e mozno poveke za udoben zivot, bez da se mislam dali ke imam pari denes da kupam peleni i vlazni maramici.zalno, no vistinito :(



Jas dodeka bev na porodilno potpisav nov dogovor bidejki stariot mi istece, no na rabota ne se vrativ togas tuku koga mi istece porodilnoto. Znaci vozmozno e.




elenak -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 23:21:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: baby 27
ednostavno ne e vozmozno da bides na porodilno i da sklucis dogovor za vrabotuvanje.

А зошто не е возможно? Еве јас на пример се породив во декември, договорот ми истече во март и автоматски ми го продолжија додека бев на породилно на истото определено време како и претходниот договор. Напротив, јас мислам дека не смеат да те отпуштат додека си на породилно.




elenak -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 23:22:26)

Везилка ме претркала[sm=smiley36.gif] Еве ти два возможни примери.




vezilka RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (6.3.2013 23:34:04)

Znaci ako dogovorot istece toa ne e brkanje ednostavno dogovorot istekol. I ako ne se prodolzi znaci ako ne se odnese vo fondot nov dogocor tie avtomatski ti go prekinuvaat porodilnoto oti stanuvas nevraboten. Znaci ti dogovorot moras da go prodolzis bilo da si ostanes do kraj na porodilno biilo da odlucis (he,he podobro da kazam da odlucat) da se vratis na rabota.




Felly RR -> RE: Враќање на работа пред истек на породилното (7.3.2013 8:55:39)

Вака, јас се согласувам и со Везилка и еленак, ама и со baby 27. Законски (јас кога се породив, барем како што беше) ми рекоа дека доколку го отворам боледувањето пред да ми истече договорот, мора на новиот оглас, пак да ме примат мене, значи не смеат да примат друг. Ама во реалноста не е баш така, познавам и такви случаи што си го искористија боледувањето, а кога им заврши договорот, примија друг на нивното место. Значи пак, се враќаме на истото, ако сакаш да си го чуваш местото, неможеш да го искористиш она што законски ти следува.[sm=smiley13.gif] Жално, ама така е.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>