Здрава храна - рецепти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


elenak -> Здрава храна - рецепти (1.3.2013 14:25:28)

Ја прелистав темата Вегетаријанци и видов дека има некои рецепти кои би се вброиле во здрави, но не мислам дека здрава храна = вегетаријанска храна во целост, затоа ја отворив оваа тема како посебна со цел да размениме рецепти кои содржат и риба или мед на пример, кои не е дел од ,,живата,, храна а спаѓаат во здравата (барем според мене).
Лично повеќе ме интересираат десертите отколку главните оброци, па се потрудив и најдов еден куп рецепти а се спремам и да реализирам некој од нив. Еве од мене неколку вкусни рецепти за благичко како за почеток.

Мафини
3 лажици ленено семе се кисне со 15 лажици вода. Откако ќе стане лигава смесата, во неа се додава: 100 мл кисела вода, пола пециво, 3 шаки интегрално брашно, ванила, една лажица рогач, кора и сок од пола портокал, 50гр кокос, една лажичка ѓумбир, 2 лажички мед и 6-7 сецкани урми. Се става во калап и се пече 15- 20 минути

Колач со пченица
Во смесата со пченица: 200-300гр варена пченица, 10 урми, лажичка ѓумбир и една шолја мелени ореви.

Пченицата се меле на машинка за месо, урмите во блендер. Се соединува смесата и се става во калап претходно попрскан со кокос за смесата да не се залепи.

Откако ќе се стегне (саат- два во замрзнувач), се вади од калап и се мачка со филот: 10-15 урми заедно со 100гр ореви во блендер.

Бомбици
Состојки: 150гр урми со една шака ореви во блендер да се добие убава смеса. Потоа се додава 1-2 лажици какао и кора од еден портокал.

Црно-бели коцки

Бел дел: 150 гр овесни снегулки сомелени во брашно и една дуња рендана на ситно. По желба се додава цимет или ванила.

Црн дел: 300 гр урми се мелат со 50-60 гр ореви. Во таа смеса се додава 2 лажици какао и сок од еден портокал.
Се реди црн дел-бел дел и откако ќе стегне се сече на коцки.




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 14:27:25)

Уште нешто:

Есенски колачиња со тиква, кикирики и просо

Половина тиква од оние за печење се ренда на ситно. И се додава околу 250 гр урми претходно блендирани со малку вода за да стане каша и мелени кикирики (живи или потпечени) колку да се добие смеса за фил (ни многу густа, ни многу ретка). Во половина смеса се става околу 200 гр просо сомелено во брашно и се става во калап.
Ролат со фил од авокадо
Подлога: 200гр урми мелени со 50гр лешници, малку какао, цимет и 50мл вода.

Фил: 1 авокадо, пола банана, мед, какао, цимет и една лажичка растопено кокосово масло.

Се растегнува кората, се мачка со филот и се посипува со кршени лешници. Се витка ролат и се премачкува со фил и кршени лешници.

Пудинг од бадемово млеко

500 мл бадемово млеко се вари со 150-200гр мед. Во 200мл ладно млеко се раствораат 3 лажици брашно кои му се додаваат на зовриеното млеко. По желба се додава ванила.
Пралини
5 лажици растопено кокосово масло, 2 ипол лажици какао и 3 мали лажички мед. Смесата се истура во калапче со форми (срциња или какво имате) и во фрижидер 10-15 минути да се стегне.

Сникерс бајадера

300гр печени кикирики, 400гр урми и една лажица мед. Во процесор и во тавче. Прелив од 3 лажици растопено кокосово масло, 4-5 лажици какао и 5-6 лажички мед. Одозгора печени и сецкани кикирики.





Maca25 -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 15:46:06)

Супер рецепти еленак!!! [sm=bravo.gif] Викендов ќе направам нешто од десертиве!




Gardenia -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 15:51:46)

Еленак браво за темата,и јас пред некое време пребарував за вакви рецепти ама неможев да најдам.Ајде сега ја чекам Достич во оваа тема со нејзините здрави рецепти [sm=smiley1.gif]




dostickage -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 16:05:27)

Ajde i jas da zamesam prsti so nesto soleno :-)

Mandza od lekja so jacmen:
Jacmenot(150grama) kisne vo voda 2 casa.
Vo tendzere na ogan so malku voda stavame da se dinsta edna golema glava kromid, 2 morkova, 5-6 cesninja lukce. Vo tekot na dinstanjeto dodavam malku sol , biber i kurkuma.
Otkako ke dobie seto ova staklest izgled go dodavam jacmenot i dodavam voda za da se vari.
Otkako kje pocne da se vari ova posle 15-20 minuti otprilika ja dodavam lekjata(200grama ili polovina pakuvanje od lekjata na Vero).
Seto toa se vari an tivok ogan dodeka ne se svarat namirnicite.
Isklucuvam sporet.
Dodavam uste malku sol i kurkuma po potreba i ladno cedeno maslo kakvo imam takvo.
Zatvaram kapak i kuliram [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




dostickage -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 16:07:02)

Zaboraviv da pisam deka od ovaa kolicina izleguva jadenje za dva dena za cetvorica.

Inace slabo stojam so zdravi recepti za blago, kradam finti od vas [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (1.3.2013 22:14:50)

Има уште рецепти, само вие да имате желба за експерименти[sm=smiley36.gif] Бев пресреќна кога ги најдов и затоа морам да ги поделам со моите рингерајки.
Ајде Достичка и Фиао пукајте, знам дека кај вас има најмногу рецепти.




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (6.3.2013 22:41:19)

Денес ги правев црно-белите коцки и да знаете дека се многу вкусни. Само бидејќи нема дуњи ставив едно големо јаболко и немав ореви за во црниот дел па ставив бадеми, си го подизменив рецептот малце ама пак ептен убаво излезе. И така сега си кркам благичко со чиста совест[sm=smiley36.gif]




Gardenia -> RE: Здрава храна - рецепти (11.3.2013 12:53:59)

Протеински енергетски плочки

Состојки:

1 ½ чаша овесни снегулки

1 чаша експандиран ориз

1/3 чаша мелено конопово семе

2 големи лажици мелено ленено семе

2 големи лажици мелено сусамово семе

2 мали лажици цимет во прав

½ лажиче ѓумбир во прав

½ чаша мед (или пире од претходно искиснати и изблендирани урми)

3 големи лажици таан

3 големи лажици путер од кикиритки

По вкус може да се додаде и 1/2 чаша суво грозје

Опис:

1. Оризот и овесните снегулки измешајте ги со мелените семки, циметот и ѓумбирот.

2. На мешавината додадете и ги медот (или пирето од урми), таанот и путерот од кикиритки.

3. Мешајте во бледнер одека не со добие смеса во вид на тесто. Ако имате послаб блендер и тешко ја меша смесата, додадете 2-3 лажици вода.

4. Смесата ставете ја во калап или во правоаголен сад и убаво распоредете ја и истапкајте ја.

5. Истапканато тесто оставате го 30-ина минути во замрзнувач, а потоа поделете го на 8 плочки. Плочките, повторно, чувајте ги во замрзнувач.

Внимавајте, од овие енергетски плочки јадете по малку, една или две на ден. Употребените смеки сепак, содржат масти, кои колку и да се корисни, содржат и доста калории. За јатките и семките важи правилото – и многу добро не е добро.

Кога ќе се решите да ја испробате дома, употребете интегрален таан, затоа што тој е поверојатно да е направен од обично мелење суров интегрален сусам, без негово претходно загревање. Семките што ќе ги употребите нека бидат сомелени за организмот да може да ја исползува нивната нутритивна вредност. И уште ова: кога мелите семки и јатки, сомелете мало количество кое потоа ќе го скалдирате во замрзнувач. Сомелените семки ако предолго време стојат на собна температура лесно оксидираат и во организмот создаваат слобони радикали. Преведено – отровни се колку и пржени компири. Плочкава е протеинска, затоа што употребените семки се богат извор на амино киселини, кои му се потребни на телото за да создаде протеини.




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (11.3.2013 23:03:19)

Женски млади домаќинки, ајде кажувајте што здраво готвите по дома.
Еве уште некој рецепт од мене, за поттик[sm=smiley36.gif] Ама само десерти се собраа, дајте нешто вкусно како за ручек.

Бомбици со бисквити и јаболка

150гр посни бисквити мелени, 3 мали јаболка рендани, 100гр урми мелени, цимет по вкус и 2 лажички мед. Се валкаат во циметизиран кокос.

Бели гриоти

3 лажици домашен кокосов путер, 1 лажица кокосово масло и мед по вкус. Се става во калапче и на средина по една вишна.

Домашен кокосов путер

Кокосови снегулки или свеж кокос се ставаат во процесор. Матењето трае подолго но на крај се претвараат во бела течност. Тогаш путерот е готов и се става во тегла. Пред употреба треба да се растопи бидејќи кога ќе отстои стврднува. Најважно е што трае многу и не се расипува.


Чоколадна торта со лешници и портокал

Кора: 5 лажици мелено ленено семе се става да отстои во 25 лажици вода. Потоа се мати со миксер и му се додава ванила, 3-4 лажици мед, 5-6 урми киснети околу 1 час во вода. Откако ќе се измеша убаво се додава кора од 1 портокал, сок од 2 големи портокали, 300гр мелени ореви, пециво или сода бикарбона, 2-3 лажици какао, малку цимет, 1 лажица презла и интегрално брашно за да се добие потребната густина. Се меша со лажица и се пече во плех од шпорет обложен со хартија за печење, на 200 степени.

Бел фил: 1 литар вода (може водата во која се киснеле урмите) на која откако ќе зоврие и се додаваат 13 лажици гриз и мед по вкус, 4-5 лажици. Откако ќе се олади се додава и 3-4- лажици растопен кокосов путер и кора од портокал.

Црн фил: 1 кг урми се киснат околу 1 час во вода. Се мелат во процесор и им се додаваат 6-7 шаки кршени лешници (малку потпечени), 4 лажици какао, 1-2 лажици мед, кора и сок од 1 голем портокал.

Тортата се реди: Кора попрскана со сок од портокал-бел фил-кршени лешници-црн фил-кора попрскана со сок од портокал-бел фил-црн фил-кршени лешници и кора од портокал.




niki -> RE: Здрава храна - рецепти (11.3.2013 23:16:24)

pa ne znam dali e za rucek, ama jas vo posledno vreme cesto si go pravam i go jadam nautro
Humus
se stava nepecena leblebija vo voda da nababri edna nok
potoa se vari duri omekni
svarena ja blendiras so malku maslinovo maslo, lukce, sol i malku isceden limun,
na kraj se dodavaat nekolku lazici tahini (nepecen susam i maslinovo maslo vo blender duri ne se napravi pasta)

dobar apetit




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (11.3.2013 23:20:32)

Ники епа штом е за наутро доручек ќе да е[sm=smiley36.gif] Интересна комбинација, ама лукче наутро може само за викенд[sm=smiley36.gif]




niki -> RE: Здрава храна - рецепти (11.3.2013 23:27:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Ники епа штом е за наутро доручек ќе да е[sm=smiley36.gif] Интересна комбинација, ама лукче наутро може само за викенд[sm=smiley36.gif]


sakav da kazam ne sum sigurna dali vo orginal se jadese za rucek, jas go jadam nautro bidejki togas sum sama doma moive ne jadat takvo pa da ne spremam dva ruceci, znaci mene mi e dorucek od sosem prakticni pricini
inaku kolku imam citano kombinacijata leblebija+tahini gi sodrzi site aminokiselini potrebni za coveckiot organizam




arh_diz -> RE: Здрава храна - рецепти (18.3.2013 11:32:56)

Puding so kinoa
3 casi kinao
med po zelba (moze i ne mora da se stavi)
2 jajca
kardamon melen 1 malo lazice
suvo grozje 1 casa
suva kajsija 1 casa (prethodno se sece na sitno)
4 casi voda ili mleko

ja varime kinoata okolu 10-15 minuti vo 3 casi mleko
na strana matime jajcata so med kardamon i edna casa mleko ili voda , koga ke izmatime dodavame suvoto grozje i kajsiite
Namaluvame sporetot i poleka go dodavame ova vo kinoata i varime dodeka smesata ne se zgusne uste 3-5 min




Felly RR -> RE: Здрава храна - рецепти (21.6.2013 10:57:05)

Домашни гранола барови

Состојки:
- 1 чаша суви сливи
- 1/3 темен јаворов сируп
- 1 лажица меласа
- 1 лажица мелен цимет
- 1 лажица екстракт од ванила
- малку морска сол
- 2 ½ чаши овесни снегулки
- ½ ситно сечкани суви кајсии
- 2/3 сечкани, ореви, лешници, бадеми (или комбинација)
- 1/3 непечени семки од сончоглед

Подготовка:
Во еден сад ставете ги сливите во топла вода да отстојат 10 минути. Исцедете ги и смелете ги во машинка за мелење. Додадете јаворов сируп, меласа, цимет, ванила и сол. Мешајте додека да добиете густа смеса.

Додадете 2 чаши овесни снегулки и промешајте додека не се издробат. Преместете ја смесата во поголем сад за мешање. Додадете ги и преостанатите состојки (овесни снегулки, кајсиите, оревите и сончогледот).

Со влажни раце, цврсто притиснете ја смесата и рамномерно распределете ја во садот за печење(премачкан со масло и обложен со хартија за печење). Печете од 25 до 30 минути во претходно загреана рерна.

Оставете смесата и садот малку да се оладат на собна температура, а потоа префрлете ја смесата во замрзнувачот и оставете ја да стои се додека сосема не се излади.



А и овие од Гардениа ми изгледаат интересно, може да се проба.




Палешка РР -> RE: Здрава храна - рецепти (21.6.2013 12:10:45)

Еве и јас на пример денес јадев пченица направена за задушница за татко ми. Јас не сум правела досега, ама ја прашав мајка ми како ја направи бидејќи многу ми се допадна, па ќе го ставам рецептот и се надевам ќе биде од корист.

Пченицата се вари од вечер и се завиткува во ќебе да престои цела ноќ.
Следниот ден се мие, се цеди и се меси да се соедини. Се додава:

- двопек
- мелени ореви
- шеќер по желба
- рендано индиско оревче
- цимет

И на Миа и се допадна за чудо [sm=bravo.gif]




Goddess* -> RE: Здрава храна - рецепти (22.6.2013 15:46:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

pa ne znam dali e za rucek, ama jas vo posledno vreme cesto si go pravam i go jadam nautro
Humus
se stava nepecena leblebija vo voda da nababri edna nok
potoa se vari duri omekni
svarena ja blendiras so malku maslinovo maslo, lukce, sol i malku isceden limun,
na kraj se dodavaat nekolku lazici tahini (nepecen susam i maslinovo maslo vo blender duri ne se napravi pasta)

dobar apetit




Homusot kako homus e mnogu vkusen[sm=smiley1.gif],jas go kupuvam gotov,so taze tursko ili italijansko lepche meraci[sm=smiley1.gif],nekogash kupuvam i od onie tenki turski lepinji,mackam homus,tenki isecheni pecheni parchinja teleshko/pileshko(po zelba) mevce umotano vo lepcheto i se dobiva super doruchek,ruchek ili vechera[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Здрава храна - рецепти (22.6.2013 18:16:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Еве и јас на пример денес јадев пченица направена за задушница за татко ми. Јас не сум правела досега, ама ја прашав мајка ми како ја направи бидејќи многу ми се допадна, па ќе го ставам рецептот и се надевам ќе биде од корист.

Пченицата се вари од вечер и се завиткува во ќебе да престои цела ноќ.
Следниот ден се мие, се цеди и се меси да се соедини. Се додава:

- двопек
- мелени ореви
- шеќер по желба
- рендано индиско оревче
- цимет

И на Миа и се допадна за чудо [sm=bravo.gif]


А и ние вчера јадевме ваква пченица, свекрва ми ја прави и рецептот би требало да е тој, само мислам дека цимет и индиско оревче не става таа. Мислам дека мелени ореви обични става. Михаил цело тањирче изеде




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (22.6.2013 22:56:22)

Јас се трудам што поздраво да готвам во последно време, т.е она што го јадеме барем да биде готвено така. Пред некој ден јадевме филети ослич, и наместо да ги пржам, ги издинстав.
Ги ставив филетите во маринада од еден лимон, магдонос, малку сол и едно чешне лук. Стоеја некои 15-20 мин. и после ги ставив во тавче со ептен малку маслиново масло и ја истурив и маринадата во тавчето. На тивко се крчкаа се додека не испари цела течност. Прилог направив варен компир како салата, со маслиново масло и лимон. Многу беше вкусно.





miana -> RE: Здрава храна - рецепти (23.6.2013 12:42:04)

Мамички дајте некои рецепти со аронија..Имам еден килограм и освен што ја јадеме свежа сакам и нешто да направам со неа..Имате некој рецепт?




Goddess* -> RE: Здрава храна - рецепти (23.6.2013 13:44:17)

Mozesh nekakvi kolachi da napravish[sm=smiley1.gif]vanilici ,mafini so aronija(mnogu se vkusni)[sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Здрава храна - рецепти (23.6.2013 18:23:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

pa ne znam dali e za rucek, ama jas vo posledno vreme cesto si go pravam i go jadam nautro
Humus
se stava nepecena leblebija vo voda da nababri edna nok
potoa se vari duri omekni
svarena ja blendiras so malku maslinovo maslo, lukce, sol i malku isceden limun,
na kraj se dodavaat nekolku lazici tahini (nepecen susam i maslinovo maslo vo blender duri ne se napravi pasta)

dobar apetit




Homusot kako homus e mnogu vkusen[sm=smiley1.gif],jas go kupuvam gotov,so taze tursko ili italijansko lepche meraci[sm=smiley1.gif],nekogash kupuvam i od onie tenki turski lepinji,mackam homus,tenki isecheni pecheni parchinja teleshko/pileshko(po zelba) mevce umotano vo lepcheto i se dobiva super doruchek,ruchek ili vechera[sm=smiley1.gif]


so meso ne sum probala, no so sirenje probav i dobro e

tuku edna salata da vi zapisam sto grcite ja jadat za vreme na veligdenskiot post, ja probav pred dve godini za prv pat i si ja pravam ponekogas
imaat edna sorta grav sto se vika mavromatika bukvalen prevod bi bil crnooki bidejki gravceto e prljavo belo i na sredinata kaj vdlabnuvanjeto ima crna tocka lici na okce
ovoj grav ne se potopuva vo voda tuku se vari vednas
vo svareniot proceden i izladen grav se secka mlado kromidce sose perca, svez domat, magdonos, se posoluva, se stava maslinovo maslo i jabolkov ocet (jas so limon pravam super e)
sostojki se stavaat od oko no da ima od se da ne preovladuva gravot
site sostojki se promesuvaat i se jade ladno
ako go pravite so jabolkov ocet moze da se cuva vo frizider nekolku dena a sekojpat koga ke izvadite da jadete dodavate malku iseckan domat da ja osvezite salatata




elenak -> RE: Здрава храна - рецепти (23.6.2013 22:27:10)

Еве еден рецепт за дечињата што сакаат да лапкаат лепче со кремче. ,,Лошите,, мајки може малку да се потрудат и да бидат добри [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Домашен еурокрем: 20тина урми (киснати во вода па блендирани), две лажички таан, една банана, две лажички какао.
Сето ова измешано (или во блендер) и се добива прекрасно еурокремче.




bucko mal -> RE: Здрава храна - рецепти (24.6.2013 8:16:46)

Za mene e ova neshto novo,zdrava hrana [sm=smiley36.gif] ama barem se trudam toa e najvazno od nekade da se pocne.Mnogu sostojki mi se nepoznati,ama zapisuvam pa odavna planiram da odam vo edna prodavnica za zdrava hrana pa da vidam shto ke najdam.Poveke sum zaineresirana za slatkite recepti I sigurno ke isprobam.
Isto taka me interesira kako spremate brokula I karfiol,mm mnogu gi saka a jas ne mnogu ama gi jadam.
Eve dve recepti kako jas gi spremam:


Supa so zelencuk
brokula
karfiol
morkov
pashkanat
celer
Gi varam nekolku minuti da omeknat I gi blendiram,pa pak da provrie sekako I voda stavam,vegeta,biber I sol.
I jas ja sakam ovaa supa[sm=smiley1.gif]


kinesko jadenje so makedonski zacini[sm=smiley36.gif]

morkov
karfiol
brokula
maslinovo maslo,sol,vegeta,biber inaku ova jadenje se pravi so kari (koj go jade)
oriz

Morkovot se sece na trkalca I se potprzuva so zejtinot,potoa se dodava brokulata i karfiolot,se dodava pola findjal voda I se pokriva nekolku minutki da ispari vodata.Se dodava prethodno svareniot oriz I zacini po zelba.
Seto zedno se promeshuva I se vadi,vazno e da ne se prevarat karfiolot I brokulata.


Dobar apetit




sandriana RR -> RE: Здрава храна - рецепти (4.10.2013 10:48:49)

Еве еден протеински сендвич - здрава брза храна [sm=smiley1.gif]
Состојки:
1 лајбица, погачица, земичка или слично
2 јајца
1 кромидче, босилек или нане
рендан кашкавал (каков и колку сакате)
Подготовка:
1. Земичката се сече по горниот дел и се длаби.

2. Во неа се става ренданиот кашкавал и зеленчукот по желба.

3. Одозгора пополека се кршат двете јајца.

4. Лајбичката се премачкува до малку жолчка.

5. Се пече во рерна на 170 степени, 15-20 минути (се гледа по јајцето).




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>