mother 29 -> RE: мобилни телефони (15.10.2009 10:37:38)
|
ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЖЕНИТЕ БИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД СЕКСОТ, НО НЕ И ОД МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ Вкупно 33 проценти од жените и 20 отсто од мажите подготвени се попрво да се откажат од сексот на една година отколку од мобилните телефони и услуги, покажа истражувањето спроведено во Денвер и околината од страна на Самсунг Мобил. Овие податоци говорат доволно за улогата на мобилните телефони во животот на луѓето. Во истражувањето спроведено на примерок од 300 испитаници, меѓу другото, покажа, дека просечен жител од Денвер, во текот на денот поминува 20 проценти од времето на својот мобилен, или тоа би било отприлика три часа разговор, пишување пораки,сурфање или праќање на фотографии и видео. Истражувањето исто така покажа дека жените почесто го користат мобилниот телефон за разговор. извор.сител
|
|
|
|