Bethany -> RE: Лето 2013 (24.5.2013 10:39:23)
|
Лани ние бевме во Албанија, во местото пред Драч, демек потивко да биде. Имавме апартман, се супер, имаше вода бидејќи секоја зграда сега таму (посебно тие наменети за туристите) имаат својата лична цистерна, така да немавме проблем со вода или струја. Апартманот беше убав на самата плажа. Проблем со фекалиите е решен (не како пред неколку години кога канализација одеше со цевка на самата плажа), сега нема такво нешто. Морето беше колку толку чисто, плажите песочни. Бидејќи ние бевме на место каде немаше многу гужва и не баш многу ноќен живот (тука подразбирај галама на сите страни од народни албански музики), што е ужас, кај нас беше мирно. Значи истеравме онака баш еден мирен одмор. Имавме само плажа, лежалки и песок [sm=smiley36.gif] Најчесто навечер со кола одевме во Драч, таму шетавме и пазарувавме. Е сега ние се одлучивме за таму бидејќи мислевме дека ќе ни биде поефтино и поблиску со малото бебе (син ни имаше 10 месеци). Арно ама, патот е изграден, ама пак е напорен премногу за патување. И не не излезе ништо поефтино од да речеме во Грција да одевме или во Црна Гора. Само ете оти мислевме ќе ни биде поблиску, се плашевме ако одиме за Грција па на граница да не задржат неколку саати што ќе правиме со бебе итн. Пријателите се одлучија да одат за меден месец во Саранда лани. Демек мирно и романтично. Ама викаат не да не е романтично, туку премногу досадно. Се уште беше во изградба и ништо освен море нема. А пат да ти преседне додека стигнеш. Многу далеку. Така, јас лично мислам дека Албанија треба уште многу години за да достигне некое ниво, да се изгради итн. Она се гради, ама се уште не е тоа тоа. Од мене толку веќе беше одење таму.
|
|
|
|