Octavia -> RE: Лето 2013 (21.6.2013 18:36:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snow Queen Девојки коментар за следниве места во Бугарија: Поморие Созопол Приморско Обзор Несебар (сум го посетила на прошетка градот), но не и плажите. А за златни песоци слушам се најдобро,ама цените биле изгор[sm=zmeden.gif] Од наведените места, сум била само во Обзор на одмор. Мало место, голема широка плажа, ама постојано, буквално постојано дуваше ветер, некогаш и баш онака силно. Ние бевме одамна, може сега е сменето, ама знам дека прилично шетавме додека да најдеме сместување со сопствено купатило (и тоа што го најдовме немаше кујна, имаше само фрижидер, а се храневме по ресторани). На повеќе места каде што влеговме нудеа заедничка кујна и купатило што се дели (за мене тоа е апсолутно неприфатливо). Местото е многу мало, има ресторанчиња, ама не на сама плажа, повнатре, малку продавници и едно мало плоштатче. ОК место, ама ништо посебно. Мене Бугарија за одмор не ми се допаѓа. Бев, пробав и не би одела пак. Прво заради морето, мислам дека е најлошо од сите во околинава. Второ далечината. Не се исплати (според мене) толкав пат за тоа што се нуди таму. Ако патувањето не е проблем, тогаш Турција има одлични услови за цените што се таму. Е сега со немириве, не би отишла баш (иако најверојатно во туристичките места не се ни чувствуваат).
|
|
|
|